логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 prvsredvep2016

„Пазени со чесниот крст на Твојот Син, Владичице чиста Богородице, секој напад на непријателот сите лесно го одбиваме. Затоа, како што прилега, те именуваме блажена, како Мајка на Светлината, единствената надеж на душите наши“ (крстобогородичен на седални на Утрена во средата од прва седмица).

 prvsredvep2016 1

На 16.03.2016 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, оние кои три дена се воздржуваа од секакво јадење и пиење, најпрво се причестија со Телото и Крвта Христови, а потоа и примија од светата вода - агиазма. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме.

 

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на покајание и исповед за свештенството од нашата Епархија, а потоа се одржа и редовното епархиско свештеничко собрание, на кое беа разгледани повеќе прашања и проблеми од редовниот живот на Епархијата.

 prvsredvep2016 3

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Се наоѓаме во првата недела од светата Четириесетница. Во овој временски период, нашата света Црква, како наша вистинска духовна мајка, се труди да нè поучи и да нè врати на вистинскиот пат. На патот за кој беа создадени и нашите прародители. Тој пат ќе нè одведе до нашата цел, односно, да престојуваме заедно со Бога во рајот. Но, поради престапот, непослушноста и гордоста, таа првобитно дадена благосостојба, ја изгубивме. Бог ги истера нашите прародители од Едемот и постави ангели пазители на дверите на истиот. Чувари, за да не можат истераните да се вратат. Истовремено, им заповеда со пот и мака да го заработуваат својот леб. Но, Бог, како Семилостив и Промислител за сè што создал, не престанал да се грижи за паднатиот човечки род постојано давајќи му можност да си ја поврати првобитната убавина.


Уште во Стариот завет, Бог, на избраниот народ, ќе му испраќа пророци и учители кои ќе се трудат, пред сè, да го помират со Бога, да го доближат до Неговите заповеди и барања. Преку Мојсеј ќе му ги даде десетте Божји заповеди. Преку други пророци ќе го наговестува Избавителот и Спасителот на светот. Најсликовито ни Го наговестува старозаветниот евангелист Исаија. Во неговата 53 глава, многу јасно и гласно го наговестува искупителното страдање Христово.


Бог е Создател на човечкиот род, а човекот, е круна на Божјото создание. Тој, пак, се одликува со слободна волја. Ние, како луѓе, имаме слободна волја да избереме каков живот сакаме да живееме. Можеме да избере како да постапуваме, како да се однесуваме, односно, како ќе го живееме животот што ни е даден од Бога. Од нас зависи дали ќе живееме според волјата Божја, или, пак, спротивно на неа. Токму таа слобода нè издигнува над сите останати Божји созданија. Од созданијата кои постапуваат по инерција или според други природни законитости, но, кои живеат без слободна волја.


Овој, пак, временски период е специфичен и постојано нè навраќа да размислуваме за причината на нашето оддалечување од Бога. За откуп на севкупниот човечки род, Предвечниот совет на Светата Троица, ќе одлучи Господ Христос да се роди од света Дева Марија и да постане човек. Човек во сè сличен на нас освен во гревот. И на крај, да биде распнат на Голгота, и со Неговата пречиста крв да го избави родот човечки од грев. А, пак, со Неговото славно и победоносно Воскресение, повторно да ги отвори рајските порти. Портите на рајот ќе се отворат за секоја христијанска душа којашто ќе се покае, ќе бара прошка и ќе биде соединета со Господа Христа. Затоа, во една од песните од денешната утрена ги слушнавме следните зборови: „Да го распнеме телото со воздржание, да бидеме будни во молитвите, како што е напишано, и да живееме по примерот на Оној што пострада и страстите ги умртви" (3-та песна од 3-от ирмос на канонот на Утрена). Како со оваа песна, така и со многу други, нашата света Црква нè повикува на воздржување, на пост и на молитва. Нè повикува да го победиме злото во нас и да го засакаме доброто, светото, праведното и возвишеното. Да се угледаме на Господа Христа како Он ги претрпе сите маки, искушенија, навреди, понижувања и распнување, а сè со цел, да ни покаже пат и начин по кој и ние треба да одиме, ако сакаме да бидеме Негови следбеници и Негови ученици. Само одејќи по тој пат, можеме да го наследиме царството Божјо кое е приготвено за секоја христијанска душа, која со вера и набожност Го следи Господа.


Наоѓајќи се во период на пост, треба да знаеме дека, како што има телесен пост, кој е важен, пост кој го скротува телото и ги обессилува страстите, така има и духовен пост кој е уште позначаен. Нема да имаме многу полза ако само телесно постиме а духовно оговара, осудуваме, завидуваме и правиме планови како да им наштетиме на нашите блиски.


Да се обратиме со искрена молитва кон Господа Исуса Христа. Он да ни даде духовна сила, па да можеме да ги победиме гревот и злобата во нас. Па така очистени, духовно и телесно, да можеме достоинствено да ги поминеме овие Великопосни дни, и подостојно да се соединиме со нашиот Спасител и да го дочекаме и славното и победоносно Негово Воскресение. Амин!


prvsredvep2016 4


 prvsredvep2016 5

prvsredvep2016 6

Прва среда од Великиот пост
16. 03. 2016 година
Храм „Успение на Пресвета Богородица" – Каменско, Охрид

 

prvsredvep2016 7

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.Кога...

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина,...

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај...

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА КОН ГРЕВОТ

БЕСЧУВСТВИТЕЛНОСТА КОН ГРЕВОТ

Мораме да го слушаме Господ и да го правиме она што Господ ни заповеда и тогаш нема да ни требаат чуда за да веруваме! Верата доаѓа од срцето! Кога човек...

« »