логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  sv.andrej.kritski.jpg

ЧЕТВРТОК ВО ПРВАТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ


Слава Ти, Боже наш, Слава Ти.

Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на блага и на живот Подателу, дојди, всели се во нас, очисти не од секаква скверност и спаси ги, Благи, душите наши.

Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нѐ. (трипати)

Слава на Отецот, и Синот и Светиот Дух; и сега, и секогаш и во сите векови. Амин.

Пресвета Троице, помилуј нѐ: Господи, очисти ги гревовите наши; Владико, прости ни ги беззаконијата наши; Свети, посети нѐ и исцели ги слабостите наши, заради името Твое.

Господи помилуј, (трипати). Слава на Отецот, и Синот и Светиот Дух; и сега, и секогаш и во сите векови. Амин.

Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај нѐ во искушение, туку избави не од лукавиот.

Господи, помилуј! (12 пати).

Слава на Отецот, и Синот и Светиот Дух; и сега, и секогаш и во сите векови. Амин.

Дојдете, да Му се поклониме на Царот, нашиот Бог.
Дојдете, да Му се поклониме и да припаднеме кон Христа, Царот, нашиот Бог.
Дојдете, да Му се поклониме и да припаднеме кон Самиот Христос, Царот и Бог наш.

И потоа ПСАЛМ 69-ти:
Боже, во помош моја поитај, Господи, да ми помогнеш побрзај. Нека отстапат и нека се посрамат тие што душата моја ја бараат. Да отстапат и да се засрамат тие што зло ми посакуваат. Посрамени да се вратат оние што со потсмев велат: "Ако му, ако му е!" Нека се зарадуваат и возвеселат со Тебе оние што Тебе Те сакаат, Боже, и оние кои спасението Твое го љубат нека зборуваат непрестано: "Да се возвелича Господ!" Јас, пак, ништ и беден сум, Боже, помогни ми. Помошник мој и Избавител мој Ти си, Господи, немој да задоцниш!

 

 

Песна   1-ва, глас 6-ти:

ирмос: Помошник и Покровител на спасение ми стана, Он е Бог мој и ќе Го прославам, Бог на отецот мој, и ќе Го пофалам, зашто славно се прослави. (двапати)

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Агнецу Божји, Ти, Кој гревовите сечии на Себе ги земаш, зами го од мене тешкото бреме гревовно и како Милосрден дај ми солзи на умиление.
Кон Тебе припаѓам, Исусе, Ти согрешив, очисти ме. Земи го од мене тешкото бреме гревовно и како Милосрден дај ми солзи на умиление.
Не чини суд со мене, објавувајќи ги делата мои, испитувајќи ги зборовите мои и тежината на стремежите мои, но во милосрдието Твое, Сесилен, презирајќи ги страшните мои согрешенија, спаси ме.
Во времето на покајание, кон Тебе притекнувам, Создателу мој, земи го од мене тешкото бреме гревовно и како Милосрден дај ми солзи на умиление.
Богатството на душата во гревови трошејќи го, Спасе, испустен сум од секоја благочестива добродетел, затоа повикувам прегладнет: "Дарителу на милоста, Господи, спаси ме!"

Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас.

Приклонувајќи се кон Христовите Божествени заповеди, кон Него си пристапила, оставајќи ги желбите на невоздржаноста страсна и секоја добродетел, благоговејно, како една си ја извршила.

Слава, троичен: Надсуштествена Троице, на Која како на Единица и се поклонуваме, земи го од мене тешкото бреме гревовно и како Милосрдна дај ми солзи на умиление.

И сега, Богородичен: Богородице, надеж и претстателство на оние кои Те воспеваат, земи го од мене тешкото бреме гревовно и како Чиста Владичица, прими ме мене кој се каам.

П е с н а  2-ра:

ирмос: Видете, видете дека Јас сум Бог, Кој пушташе манна како дожд, и некогаш во пустината од камен вода му изведов на народот мој, со десницата единствена и со крепоста Моја. (двапати)

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

"Убив човек за раната своја, и младич поради една модрица!"- ридајќи јачеше Ламех. А ти не трепериш, о, душо моја, валкајќи го телото и умот сквернејќи го.
Посака, о, душо, кула да соѕидаш и крепост да изградиш на страстите свои; да не ги спречеше Ѕидателот намерите твои и да не ги обрна наземја лукавствата твои.
О, како се угледав на Ламеха, кој отпрвин убиец беше, душата како човекот, умот како младичот, а телото како братот свој убивајќи го, како Каин убиецот, со желби сластољубиви.
Пушти Господ некогаш од Господа оган како дожд и ги спали Содомјаните кои со беззаконија Го гневеа. А ти, о, душо, пеколниот оган го запали, во кого луто ќе гориш.
Се ранив, се накажав, еве ги стрелите душмански што ги ранија душата и телото мое. Еве ги крастите гнојни и огнот што ги обвива раните од моите самоволни страсти.

кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас!

Ги подаде рацете свои кон милосрдниот Бог, во бездната на злото пропаѓајќи, Марие, а Он и тебе, како некогаш на Петра човекољубиво раката Божествена ти ја подаде, благоволејќи го секако обраќањето твое.

Слава, троичен: Беспочетна, несоздадена Троице, неразделна Единице, прими ме мене кој се каам и спаси ме мене кој Ти согрешив. Твое создание сум, не презирај ме, туку смилувај се на мене и избави ме од огнената осуда.
И сега, богородичен: Пречиста Владичице, Богородице, надеж на сите кои ти притекнуваат, и пристаниште на оние што бура ги носи; умилостиви Го кон мене, со молитвите твои, милостивиот твој Син и Создател.

П е с н а  3-та:

ирмос: На каменот на заповедите Твои, утврди го расколебаното срце мое, зашто си единствен Свет и Господ. (двапати)

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Се угледа, душо, на древната Египјанка Агара, доброволно робинка станувајќи и раѓајќи го новиот Исмаил, - дрскоста.
Ја запозна, душо моја, и Јакововата лествица, која се покажа од земјата до небесата. Зошто не го одбра сигурниот темел - благочестивоста?
Угледај се на Свештеникот Божји и Царот единствен (Мелхиседек), кој праслика е на Христа и на животот Негов во светот, меѓу луѓето.
Обрати се и плачи, бедна душо, пред да се заврши торжеството на животот и пред да ја заклучи Господ портата од дворецот.
Не станувај, душо, столб од сол скаменета, свртувајќи се наназад. Нека те исплаши примерот Содомски, горе во Сигор спасувај се.
Владико, не отфрлај ги молитвите на оние кои Ти пеат, туку смилувај се, Човекољубче, и дај им проштевање на оние кои со вера го просат.

Слава, троичен: Троице проста, нестворена, Природо беспочетна, во Три ипостаси славена, спаси нѐ нас кои со вера се поклонуваме на крепоста Твоја.

И сега, Богородичен: Безвремениот Син на Отецот, во времето безмажно Го роди, Богородице. Чудо необично! Остануваш Дева, доејќи!

П е с н а  4-та:

ирмос: Слушна пророкот за доаѓањето Твое, Господи, и се уплаши, зашто од Дева повела да се родиш и на луѓето да им се јавиш, па глаголаше: "Го слушнав гласот Твој и се уплашив. Слава на крепоста Твоја, Господи!" (двапати)
припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Времето на животот мој е кратко и со болести и лукавства е исполнето. Но прими ме во покајание и вразуми ме, да не станам сопственост и храна демонска. Спасе, Сам Ти помилуј ме!
Човекот со царско достоинство, со венец и во порфира облечен, многу богат и праведен, со имот изобилувајќи и со стада; одненадеж осиромашувајќи, од богатството лишен беше, и од славата и од царството.
Иако од сите поправеден и почеститтој беше, сепак не ги избегна замките и лагите на лестивиот. Ти, пак, бедна душо, бидејќи гревољубива, што ќе сториш ако нешто слично со тебе се случи?
Човек сум со возвишени зборови, а по срце суров, немарен и суетен. Но не осудувај ме со фарисејот, туку смирението на цариникот дај ми го, единствен Милосрден и Правосуден, и кон него придружи ме.
Знам, Милосрден, дека согрешив сквернејќи го садот на телото мое. Но прими ме во покајание и разуми ме, да не станам сопственост и храна демонска. Спасе, Сам Ти помилуј ме!
Самиот на себе идол си станав, со страсти наштетувајќи и на душата моја, Милосрден. Но прими ме во покајание и вразуми ме, да не станам сопственост и храна демонска. Спасе, Сам Ти помилуј ме!
Не го послушав гласот Твој и Писмото Твое го престапив, Законодавецу. Но прими ме во покајание и вразуми ме, да не станам сопственост и храна демонска. Спасе, Сам Ти помилуј ме!

Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас!

Пропаѓајќи во бездната на големите беззаконија, не се задржа за долго таму, туку со помисла беспрекорна кон врвната добродетел поита и со подвиг преславен, Марие, го воодушеви естеството ангелско.

Слава, троичен: Неразделно по суштина, неслеано во Лица, Те богословам, Едно Троично Божество, и како на едноцарствено и сопрестолно, Ти воспевам песна велика, на висините трикратно пеена.

И сега, богородичен: И раѓаш и девствуваш, и остануваш низ обете по природа Дева. Од Тебе родениот, природните закони ги обновува и утробата плодоноси без породни маки. Каде Бог благоволи, таму се надминува поредркот на природата, зашто Он чини се што ќе повела.

П е с н а  5-та:

ирмос: Просвети го, Човекољубче, Те молам, оној кој Ти утренува, и упати ме и мене на заповедите Твои, и научи ме, Спасе, да ја творам волјата Твоја. (двапати)

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Угледај се, душо, на згрчената жена, пристапи и падни пред нозете Исусови, за да те подигне и да одиш право по патиштата Господови.
Како длабок кладенец, Владико, вода источи ми од пречистите жили Твои, та како Самарјанката, пиејќи од неа да не ожеднам повеќе, зашто Ти ги излеваш потоците на животот.
Солзите мои Силоам да ми бидат, Владико Господи, зениците на срцето да ги измијам, и со духот да Те видам, Тебе, Светлост предвечна.

Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас!

Со желба неспоредлива, Себлажена, на Живототворното Дрво посака да му се поклониш, и удостоена беше со исполнување на желбата. Затоа удостој ме и мене вишната слава да ја добијам.

Слава, троичен: Тебе, Троице, Те славам, Единствениот Бог: "Свет, Свет, Свет си Оче, Сине и Духу, проста суштино, Единице секогаш со поклони чествувана!"

И сега, богородичен: Нетлена, Мајко безмажна, Дево, низ Тебе во природата моја се облече Бог, Кој вековите ги создаде и го соедини со Себе естеството човечко.

П е с н а  6-та:

ирмос: Повикав со сето срце свое кон милосрдниот Бог и ме слушна од адот најдолен, па го изведе од пропадливост животот мој. (двапати)

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Јас сум, Спасе, царската драхма која некогаш ја загуби. Затоа Ти, Слове Божји, запали го светилникот, - Претечата Твој, побарај ме и најди ме мене, - образот Твој.
Стани и телесните страсти победи ги, како Исус Амалика, и како Гаваонците, победувајќи ги секогаш лажливите помисли.

Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас!
За да го изгаснеш пламенот на страстите, секогаш солзи лееше, Марие, со душа распламтена. Благодатта нивна дај ми ја и мене, слугата твој.
Небесна бестрасност стекна, мајко, со живот возвишен на земјата. Затоа моли се за оние кои те слават, избавени да бидат од секоја страст, по молитвите твои.

Слава, троичен: "Троица сум проста и неразделна, во Лица разделена, и Единица сум по природа соединета!",- говори Отецот, и Синот и Духот Божествен.

И сега, богородичен: Утробата Твоја Бога ни Го роди, со образ нам подобен. Него, како Создател на се, моли Го, Богородице, да се оправдаме по молитвите Твои.

 

КОНДАК, глас б-ти:
Душо моја, душо моја, разбуди се, зошто спиеш? Крајот се приближува, ќе се исплашиш. Сепни се, за да те поштеди Христос Бог, Кој секаде е и се исполнува.

П е с н а  7-ма:

ирмос: Согрешивме, беззаконувавме, неправедно пред Тебе постапивме. Ниту го сочувавме, ниту го извршивме она што ни го заповеда, но не напуштај не сосема, Боже на отците. (двапати)

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Исчезнаа деновите мои како сон на оној кој се буди. Затоа како Језекиил плачам на постелата моја, годините на животот продолжени да ми бидат. Но, кој Исаија пред тебе ќе застане, душо, ако не Бог на сите?
Припаѓам и Ти ги принесувам зборовите мои како солзи: "Согрешив, повеќе од блудницата, и беззаконував како никој друг на земјава! Но смилувај се, Господи, на созданието Твое и повикај ме!"
Ликот Твој го загубив и заповедите Твои ги погазив. Сета красота се помрачи и од страстите, Спасе, и свеќата се изгасна. Но смилувај се, како што пее Давид, и радост дај ми.
Обрати се, покај се, откриј ги тајните дела и кажи Му на Бога Кој сѐ знае: "Ги знаеш тајните мои единствен Спасе. Сам Ти смилувај се на мене, како што пее Давид, по милоста Твоја!"

Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас!

Повикувајќи кон Пречистата Богомајка, го отфрли минатото беснило на страсти, кое жестоко те мачеше и лукавиот ненавидник го посрами. Затоа дај ми сега и мене слугата твој, спасение од секоја беда.
Оној Кого си Го засакала, Кого си Го возљубила, заради Кого телото свое силно си го измачила, Преподобна, моли Го сега Христа за слугите твои; милостив кон нас да биде и мир да ни подари нам кои Го почитуваме.

Слава, троичен: Троице проста, неразделна, единосушна, естество Единствено, Светила и Светлост, и Тројца Свети и Едно Свето, се слави Бог Троица. Затоа, душо, запеј, прослави Го Животот и Животите, Бога на сè.

И сега, богородичен: Те воспеваме, Те благословуваме и Ти се поклонуваме, Богородителке, зашто од неразделната Троица, Едниот Христос Бог Го роди, и нам кои на земјата сме, самата, сето небеско ни го откри.

П е с н а   8-ма:

ирмос: Оној Кого Го слават војските небесни, и пред Кого треперат Херувимите и Серафимите, се што дише и сета твар, воспевајте Го, благословете и превознесете Го во сите векови. (двапати)

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Стакленицата со солзи, Спасе, како миро излевајќи ја на глава, Ти повикувам како блудницата која милост просеше. Молитва принесувам и молам проштевање да добијам.
Иако никој не Ти согреши како јас, сепак и мене прими ме, милосрден Спасе, кој со страв се каам и со љубов повикувам: "Единствено Тебе Ти згрешив, смилувај се на мене Милосрден!"
Поштеди го, Спасе, созданието Твое и како Пастир барај ја загубената овца, од волкот грабни ме мене заскитаниот и овца стори ме на пасиштето на овците Твои.
Кога ќе седнеш, Судијо, како Милосрден, и ќе ја покажеш страшната Твоја слава, Христе, о, каков страв ќе настане тогаш од печката зажарена, за сите кои се плашат од силата на Судот Твој.

Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас!

Просветувајќи те. Мајката на Светлоста Незалезна, од помраченоста страсна те разреши. Затоа, влегувајќи во благодатта на Духот, просвети ги, Марие, оние кои верно те величаат.
Познавајќи во тебе ново чудо, навистина се восхити мајко, божествениот Зосима; зашто ангел во тело гледаше и со страв се исполнуваше, непрестајно славејќи го Христа.

Слава, троичен: Беспочетен Оче, собеспочетен Сину, Утешителу благ, Духу праведен; Родителу на Словото Божјо, Слово на Отецот беспочетен, Духу живототворен и творечки, Троице Единице, помилуј ме!

Исега, богородичен: Како од тенко црвено платно, Пречиста, во утробата Твоја исткаено беше телото, духовна порфиро Емануилова. Затоа Те величаме Тебе, вистинската Богородица.

П е с н а  9-та:

ирмос: Од бессемено зачнување - раѓање неиска-жливо. Од Мајка безмажна - нетлен Пород, зашто рождеството Божјо природите ги обновува. Затоа сите поколенија, како Мајка Богоневестна, православно Те величаме. (двапати)

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Смилувај се, Сине Давидов, спаси и помилуј ме, Ти, Кој со збор бесомачните ги исцели. Со умилен глас речи ми како на разбојникот: "Амин! Вистина ти велам, со Мене во рајот ќе бидеш, кога ќе дојдам во славата Моја!"
Едниот разбојник Те хулеше, а другиот како Бог Те славеше, обата на крстови висејќи. Но, о, Милосрден, како Твојот верен разбојник, кој во Тебе Бога Го позна, и мене вратата на славното Царството Твое отвори ми ја.
Сета твар трепереше распнат гледајќи Те, гори и камења од страв се распаѓаа, земјата се колебаше, пеколот се разголуваше и светлоста дневна се помрачуваше, гледајќи Те Тебе, Исусе, со тело прикован.
Не барај од мене плодови достојни на покајание, зашто силата моја во мене исчезна. Дарувај ми секогаш срце скрушено и смирение на духот, за Тебе да Ти ги принесам како жртва пријатна, единствен Спасителу.
Судијо мој и Познавачу мој, кога повторно со ангелите ќе дојдеш на светот да му судиш, поштеди ме тогаш, гледајќи ме со Твоето милосрдно око, и уштедри ме мене, Исусе, кој секоја човечка природа во гревот ја надминав.

Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас!

Сите ги восхити со твојот чудесен живот, ангелските чинови и сите луѓе, живеејќи како бесплотно и натприродно битие. Така одејќи, Марие, со нозе невештаствени, Јордан го мина.
Смилостиви Го, Преподобна мајко, Создателот, та сите кои те славиме, избавени да бидеме од маките и несреќите кои не напаѓаат од сите страни; та избавувајќи се од искушенијата, непрестано да Го величаме Господа Кој те прослави.

Кон свети Андреј: Преподобен оче Андрее, моли Го Бога за нас!

Андрее чесни, и оче преблажени, пастиру Критски, не престанувај да се молиш за оние кои те воспеваат; за да се избавиме од секој гнев и неволја, и пропаст, и од безбројните прегрешенија, ние кои верно го почитуваме споменот твој.

Слава, троичен: Отецот да Го прославиме, Синот да Го возвеличаме, на Духот Божествен верно да Му се поклониме, на неразделната Троица, Единица по суштина, како на Светлина и со Светлина, како на Живот и со Живот, Кој оживува и просветува секого и сѐ.

И сега, богородичен: Чувај го народот свој, Пречиста Богородителке, зашто со тебе тој верно царствува, и во тебе се утврдува, и со тебе победувајќи, секое искушение го победува, и противниците ги совладува и напредува во послушание.

И повторно ирмосот: Од бессемено зачнување - раѓање неискажливо. Од Мајка безмажна - нетлен Пород, зашто рождеството Божјо природите ги обновува. Затоа сите поколенија, како Мајка Богоневестна, православно Те величаме. (двапати)

 

molitvenik.metodi1.jpg

 molitvenik.metodi.jpg

приредил и превел од црковнословенски: Игумен Методиј Златанов

 (сега, Митрополит Американско- канадски г. Методиј )

Издавач: Икона


( Православен календар за 17/07/2008)

Свети Андреј, архиепископ Критски

Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и се потстрижи во лаврата на Св. Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител. А кога почна да свирепствува монотелитската (едноволничка) ерес - којашто учеше дека Господ Исус ја немаше човечката волја, туку само Божетсвената - во Цариград се собра Шестиот Вселенски Собор, во 681 година, во времето на царувањето на Константин Брадестиот. Ерусалимскиот патријарх Теодор не можеше да оди на Соборот, туку го испрати како свој ополномоштеник овој Андреј, тогаш архиѓакон. На Соборот Андреј ја покажа својата надареност, беседништво, ревност кон верата и необичната расудливост. Откако помогна да се утврди Православната Вера, Андреј се врати на својата должност во Ерусалим. Подоцна беше избран и поставен за епископ на островот Крит. Како архиереј беше многу омилен кај народот. Ревнуваш многу за Православието и ги сотираше крепко сите ереси. Со своите молитви чудотвореше. Ги протера Сарацените од островот Крит. Напиша многу поучни книги, песни и канони, од кои најпознат е Великиот Канон на Пресвета Богородица, којшто се чита во четвртокот на петтата недела од Чесниот Пост. По надворешниот изглед беше таков, што секој којшто ќе го видеше неговото лице и ќе ги чуеше неговите медоточни зборови, се насладуваше и се поправаше.“ Смртта си ја претскажа еднаш кога се враќаше од Цариград кон Крит, велејќи дека нема да стаса дома. Така и се случи. Додека коработ минуваше крај островот Митилена, овој светилник на Црквата го заврши својот земен живот и се пресели со душата во Царството на Христос, во 712 година.(Од Верскиот календар на МПЦ)

 

Преминпортал (K.T.)

14ти март 2019 лето Господово

Илустрација: 13ти март 2019 лето Господово -  Манастир на св.Никола, с.Љубанци (скопско)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная