Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан: БОГОРОДИЧНОТО ‒ ВЕЛИЧИЕ И НА ЖЕНАТА
На нас, луѓето, вродено ни е да славиме, да му оддаваме почит на сè што е значајно, на сè што е убаво и на сè што е добро за човекот. Ги славиме познатите личности во историјата: државници, воини, револуционери, им оддаваме почит на книжевниците, научниците, уметниците и на сите што се истакнале и направиле добро за својот и за другите народи и за сечовечкиот род.