Скопје, 14ти јануари 2024 год.-храм на Свети Три Јерарси (во о.Центар)
На 14ти јануари 2024 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Обрезание на Господ Исус Христос; Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски;
- Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Јован 15:1-7
На 14ти јануари 2024 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прoслави споменот на Обрезание на Господ Исус Христос; Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски, а воедно и ден кога започнува новото лето Господово, отец Николај Киранџиќ во сослужение на ѓаконот Ванчо Умленски отслужи Божествена Литургија во храмот на Светите Три Јерарси. На Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе празнична беседа.
Preminportal.com
k.t
Друго:
- На 14.03.2021 година, на празникот Прочка – Велики поклади, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, го освети храмот „Свети Три Јерарси„ во Центар.
По Осветот беше отслужена Златоустова литургија.
Верниот народ се причести со светите Христови тајни.
- пп
- Март 2021 лето Господово
Божествена Литургија во храмот Свети Три Јерарси, Скопје (28.03.2021)