логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

     

 

               Постот е скапоцен дар Божји. Прастара установа, која се зачувала како отечко наследство и достигнала до нашите дни.
                            Примете го постот со радост. Примете го сиромашни својот другар. Примете го слуги вашиот одмор. Примете го богати него кој Ве спасува од опасностите на прејадувањето и кој го чини вкусно она кое од постојана употреба постанало безвкусно.
Болни, примете ја мајката на здравјето. Здрави – осигурувањето на вашето здравје. Прашајте ги лекарите и ќе Ви кажат дека ништо не е толку сомнително и несигурно како здравјето. Затоа совесните со помош на  постот настојуваат да го сочувааат своето здравје и да се избават од разрушавачката тежина на гојазното тело.

                     Не тврди дека не можеш да постиш, наведувајќи ја како изговор болеста или телесната немоќ, бидејќи од друга страна, целиот свој живот го мачиш телото со прејадување од лакомост. Знам мошне добро, дека лекарите многу почесто им наложуваат на болните скудна диета и пост одколку разновидна и обилна храна.

Впрочем, што е полесно за телото, да ја помине ноќта со една лесна вечера или да легне в кревет оптоварено од прејаденост? Може ли така да се одмори или цела ноќ ќе се превртува претоварено и намачено? Со каков брод еден капетан може полесно да управува и да го спаси во морска бура, оној кој е претоварен или со оној кој носи нормален товар? Оној што е претоварен нема ли да биде потопен и од сосема мала бура? Така и телата, кога се мачат од многу храна, лесно им подлегнуваат на болестите. Додека кога се хранат лесно, го одржуваат своето добро здравје.
Да го погледнеме и историското сваќање на постот, да видиме како е почитуван од страна на Светителите и за колкави добра придонел.
Боговидецот Мојсиј, после четириесетдневен пост се осмелил да се искачи на врвот од Синајската гора и да ги прими од Бога плочите со десетте заповеди. Не би ја имал таквата смелост да се приближи до врвот, што се димел од божественото присуство, да не бил вооружен со постот. Постел и затоа можел да разговара со Бога.

              Пророкот Самуил бил плод на постот. Неговата мајка Ана, одкако постела, го помолила Бога: "Господе на силите, помилуј ме и подари ми дете, па ќе ти го посветам Тебе".

            Кај големиот јунак Сампсон, што било она што го чинело непобедлив? Постот! Преку постот е зачнат во утробата на својата мајка. Пост го родил. Постот го одгоил. Постот го одхранил. Оној пост, што ангелот го одредил: "Детето кое ќе го родиш, не треба да вкуси ништо од лозовите плодови. Нема да пие вино, ниту од било кое друго опојно питие". Додека Сампсон живеел со пост, победувал илјадници Филистејци, рушел врати на утврдени градови, задавил со рацете лав. Меѓутоа, кога го напуштил постот и кога Далилда го навела на пијанство и блуд, бил заробен, ослепен и исмеан од своите непријатели.

            Постот раѓа Пророци. Ги зајакнува моќните. Ги умудрува законодавците. Ги вооружува јунаците. Ги вежба борците. Ги одбива искушенијата. Станува заедно со трезвеноста и чистотата. Во војните чини подвизи а во време мир учи на тихување. Ги осветува посветените и ги усовршува свештениците. Никој не може да се приближи до Жртвеникот и да изврши божествена Литургија, а да не постел претходно.

            По четириесетдневен пост, пророкот Илија се удостоил да се сретне со Господа лице в лице. После постот, го воскреснал умреното дете и се покажал појак од смртта. После постот, го затворил небото од него да не паѓа дожд три и пол години. Тоа го сторил да ја омекне тврдокорноста на срцата на Израелците кои се беа предале на разврат и безаконие. Така предизвикал принуден пост во целиот народ, додека не се покајат и ги исправат своите гревови, кои произлегле од удобниот и разнежнет живот.
Пророкот Даниил, кој дваесет дена не вкусил леб ниту пиел вода, ги поучил дури и лавовите да постат. Гладните лавови не го растргнале, како да имал тело од камен или бакар или некој друг тврд материјал. Постот го зајакнал телото на Пророкот и го направил неповредливо за забите на ѕверовите, како што бојата го прави железото неповредливо за ржѓата.
Постот ја зајакнува молитвата. Станува најзино крило на патот кон небото. Постот е мајка на здравјето, воспитувач на младината, украс на старците, Тој е сопатник на патниците и сигурност на оние кои живеат заедно.
Мажот нималку не се сомнева во сопружничката верност на својата жена, кога ја гледа дека другарува со постот. Жената не копнее од љубомора, кога го гледа својот маж дека пости.

              Кој било кога претрпел штета од постот? Пресметај ја економски состојбата на својата куќа за едан ден на пост. А пресметај и за еден обичен ден. Така најлесно ќе се увериш, колку голема добробит имаш од постот.
Замисли само, кога даночниците би ги оставиле даночните обврзници за кратко да поживеат  мирно и непречено. Нека и допушти затоа и телото, еден мал одмор на устата. Нека се примири малку тоа, кое кога ќе се најаде, мудрува нешто за воздржувањето, а кога гладува, го заборава она што порано го примило.

             Оној кој пости нема потреба од заем. Ниту е принуден да плаќа камата. Постот станува причина за човек да се весели. Зошто, како што жедта го засладува питието и гладот ја прави пријатна трпезата, така и постот ги чини вкусни јадењата.
Затоа, ако сакаш трпезата да ти биде пријатна, прифати ја промената што ја донесува постот. Ако пак ссекогаш си опкружен со богати јадења, си правиш голема неправда, затоа што ја уништуваш пријатноста со неумерено уживање.
Не постои ништо што нема да ти досади со постојана употреба. Додека напротив, често ги посакуваме оние јадења, кои ретко ги вкусуваме. Затоа и Творецот наш ја измислил разновидноста во нашиот живот, да би сме ја сетиле пријатноста од сите Негови блага. Погледни што се случува во природата: Зарем сонцето не е посветло по ноќта? Зарем сонот не е посладок после бдение? Зарем здравјето не е попожелно после страдања од болести? Така и трпезата бидува попријатна после постот. Ова секако важи за сите. И за богатите, кои имаат изобилие од јадења. И за сиромасите, кои поскудно располагаат со храна.

              Сеќавај се и плаши се од примерот на оној богат од евангелската приказна. Постојаните уживања го одвеле во вечниот оган. Овој богат човек не бил осуден за било каква неправда. Меѓутоа, заради комфорот и разнежнетоста во која уживал, како и заради неговата индиферентност кон Лазаревата сиромаштија, бил така тешко казнет. Спротивно на тоа, зарем не биле постот и трпението во страдањето, она што му дарувало спокој на Лазара? Приказната не истакнува некои други негови доблести, но само овие наведениве. Тие (постот и трпението) го воздигнале и упокоиле во Авраамовата прегратка.

              Затоа, внимавај сега кога пиеш различни питија и се одвраќаш од вода, подоцна можеби ќе жеднееш во желба за само една капка од неа, како оној богат. Никому ништо не му станало од пиење вода. Никој не се опил. Никој не сетил главоболка и вртоглавица. Додека напротив, лошото варење, кое нужно следи по неумерените и луксузни вечери, создава страшни болести.
Животот на Чесниот Претеча бил еден непрекинат пост. Немал ни кревет, ни трпеза, ни имот, ни стока, ни магацини со храна, ниту било што друго од она што се смета неопходно за живот. Но, токму затоа Господ посведочил за него дека е "најголемиот роден од жена".
Постот го подигнал до третото небо и апостолот Павле. Тој го вбројува во невољите и страдањата што ги поднел во својата мисионерска работа, за славата Божја и спасението на луѓето.

            Меѓутоа, за сите доблести, како врвен пример и образец го имаме самиот Господ. Имено, Господ Исус Христос, после четириесетдневен пост го отпочна своето дело на земјата. Најпрвин, со пост го утврди и вооружа телото кое го прими заради нас, па потоа ги допушти искушенијата од страна на ѓаволот. Слично треба и ние, со пост да се припремиме и увежбаме, во нашата борба против духовните непријатели.
Во еден сомнителен воен конфликт, присуството на некој сојузник на една од страните, доведува до пораз на другите. Значи, духот и телото се наоѓаат во состојба на (постојана) војна. Кому ќе му бидеш сојузник? Ако си сојузник на телото, ќе го ослабиш духот. Ако пак си сојузник на духот,  ќе го подчиниш телото. Доколку сакаш да го зајакнеш својот дух, скротувај го телото со пост. Апостолот Павле пишува: "Колку повеќе нашиот надворешен човек (телото) се распаѓа, дотолку внатрешниот (духот) се обновува".

                Мојсеј морал повторно да пости, за по втор пат да ги прими плочите со законот.
И ниневјаните, да не постеле тие самите и нивната стока, не би ја избегнале катастрофата.
Но и Исава, што го понижило и го направило слуга на својот брат? Зарем не било тоа едно јадење? Ете, за него го продал своето првенство.
Кои пак биле, што ги оставиле своите лешеви во пустината? Не биле ли тоа оние кои барале да јадат месо и удобниот живот во Египет? Додека Израилците се задоволувале само со маната, ги победувале своите непријатели и никој од нив не се разболувал. Меѓутоа кога се присетиле на лонците со месо и повторно го посакале египетското ропство, биле казнети. Изумреле во пустината и не се удостоиле да ја видат ветената земја.
Зарем ти не се плашиш од овој пример? Зарем не мислиш дека поради преобилното јадење, можеби ќе остатанеш пред заклучените порти на небесната ветена земја?

                Пророкот Даниил не би ги видел божествените виденија, да не ја бил очистил својата душа со пост. Уживањето во обилна и мрсна храна создава испарувања во душата, кои како некој густ облак од дим, го попречуваат умот да гледа во светлоста на Пресветиот Дух.
Постот е моќно оружје против демоните. "Овој род (демонскиот) само со пост и со молитва се изгонува", рекол Господ за обземеното момче.
Со насладата, пијанството и разните јадења се потпалува и секој вид невоздржливост. Трката по уживања ги претвара луѓето во "пастуви". Пијанството предизвикува и страотни изопачености, причинува развратиниците да бараат жена во мажот и маж во жената (односно да запаѓаат во мажеложништво и лезбејство).
Постот го регулира и брачниот живот. Спречува распуштеност и наметнува усогласено воздржување, како би можеле сопружниците да се посветат на молитва.

             Меѓутоа, не ја ограничувај доблесноста на постот само на исхраната. Вистинскиот пост не е само одрекување од различна храна, туку одрекување од страстите и гревовите: Никому да не му сториш неправда. Да му простиш на ближниот за навредата што ти је нанел, за злото што ти го сторил, за долгот што ти е должен. Инаку, не јадеш месо, но го јадеш самиот свој брат. Не пиеш пијалок, но понижуваш друг човек.
Светото Писмо наводедува: "Тешко на оние кои без вино се опиваат". Таквото пијанство е на пример гневот, кој ја наведува душата да презира. И стравот исто така, кој го парализира разумот. Воопшто, секоја страст што го помрачува умот е пијанство. Гневливиот човек се опива од својата страст. Не мисли кого има пред себе. Како да се бори ноќе, граби што стигне, се сопнува од секого. Не знае што говори, пцуе, удира, прети, проколнува, вика...

             Значи, ако навистина сакаш да постиш, треба да избегнуваш секаква страст.
Внимавај и на уште нешто: Утрешниот пост да не ти биде повод за денешната распуштеност. Не уништувај го утрешното воздржување, со денешната невоздржливост. Никој, кога сака да се ожени со законита и невина жена, нека не приема во својата куќа лица со сомнителна моралност. Зошто невината и чесна жена не се согласува да живее заедно со изопачени и неморални личности.

         И ти така постапувај. Очекувајќи го постот, не примај го развратното пијанство, кое е мајка на бесрамноста, пријателка на срамните шеги, спремно на секаква неморалност. Постот и молитвата нема да сакаат да живеат во душа која е извалкана во разврат. Господ го приема во божествената обител оној кој пости. А се гнаси од пијаница како од богохулник и грешник. Значи ако утре дојдеш овде и заудираш на вино, како да го сметам за пост твоето пијанство? Каде да те поставам? Меѓу пијаниците или меѓу воздржливците? Пијанството кое претходело, те покажува како пијаница, а воздржувањето што си го отпочнал, како постник. Со остатоците од пијанството, од твојот пост нема корист.
Постот не влијае само на поединци. Влијае и на целата заедница. Брзо ги усагласува и умирува сите луѓе. Ја наметнува тишината врз неартикулираните гласови и извици, ги изгонува расправиите и препирките, го оддалечува (од луѓето) осудувањето и оговарањето.
Присуството на каков учител, така брзо го запира нередот и викањето на децата? Штом се појави постот, секој немир во градот автоматски престанува.

           Кој може да продолжи со лумперајот и забавата во време на постот? Кој може да го спои постот и развратните игри? Недоличната смеа, разблудните песни и непресметливите игри, се оддалечуваат од градот, штом пристигне постот како некој строг судија.
Кога сите би ги послушале советите на постот, би завладеал совршен мир во целото човештво . Не би станувала една држава во војна против друга. Не би имале воени конфликти ниту произведувачи на оружје. Не би постоеле судови ниту затвори. Пустите места не би содржеле злочинци, ниту градовите клеветници, ниту морињата пирати.

              Кога би владеел постот, нашиот живот не би бил исполнет со воздишки. Зошто тој би ги научил сите, не само на ограничување на расипничкиот живот, туку на избегнување од многу други зла. Потполно би ги научил на избегнување од среброљубие и лакомост, славољубие и сластољубие. Ако се ослободиме од сето ова, ќе живееме во мир и светост.

         Значи, ако такви добра ни дарува оваа царица на доблестите, да ја примиме без најмала  намрштеност, без било какво негодување. Сите топлосрдечно да ја испочитуваме духовната трпеза што ни ја поставува постот, чистејќи не и припремајќи не за вечна божествена радост во рајот. Амин.

Посети: {moshits}

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7714
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная