логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

         Mислам дека не е благоразумно да фрламе анатема кон сите наши усилби да го сочуваме православниот пристап кон Рождеството Христово, кон тој празник, спасителен за светот. Сѐ е добро и благословено, сѐ додека не се претвора во догма и не Го става Христос понастрана. Украсите, божикното дрво елка, каландите, честитките, подароците, слатките, вкусните трпези со пријателите и блиските итн. – се нешто добро и благословено, кога доаѓаат од радоста што ја чувствуваме поради тоа дека Бог стана Човек.

Да ја имаме расудливоста, да се радуваме и да восприемаме сѐ, меѓутоа без да Го губиме Христос. Ако во овие денови останеме на јадењето, украсите, честитките и пригодното дарување, без воопшто да се задлабочиме во великиот настан на Воплотувањето на Бога Словото, тогаш навистина стануваме неблагоразумни и безрасудни.

Суштински е важно сите овие работи да бидат поврзани, односно да Го имаат Христос за извор, основа и цел.

Правилно го славиме Рождеството Христово кога Го имаме Христа во нашиот живот. И тоа не апстрактно, туку на конкретен начин. На начинот на Црквата. Со исповед, со присуство на богослужби и доколку можеме, со учество во богослужбените настани во епархијата, со учество во Телото и Крвта Господови во денот на Рождеството Христово; ако имаме благослов од духовниот отец, а не само затоа што сме постеле неколку денови, со читање на новозаветни текстови кои говорат за Рождеството Христово, со молитва.

Дури откако ќе го направиме сето тоа, доаѓаат и останатите нешта и го обликуваат тоа наше евхаристиско доживување, чиј извор е снисходењето на Бог, Кој станува Човек. Тогаш веќе го празнуваме Рождеството Христово, имајќи правилни приоритети и пред сѐ, духовна радост, која се изразува и на световен начин.

Тоа не е лошо. Лошо е да имаме световна радост која ја поистоветуваме со Рождеството Христово, сведувајќи го Раѓањето на Богочовекот на банкет, на кој, во најдобар случај, нѐ трогнува начинот на кој се родил малиот Исус и ништо повеќе.

Не е трогнувачки само начинот на раѓањето на Исус, иако и тоа нѐ поучува (на смирение, едноставност, љубов). Трогателен е самиот настан на Рождеството Христово. Трогателно е тоа што Бог го прими нашето тело, ја облече нашата плот, нашата крв и ни дава можност да бидеме богови по благодат. Тоа би требало да ни го трогне срцето, да ни ги насолзи очите, да ни го прикова умот, да нѐ разобличи, да предизвика покајание во нас, да ни го скруши егото.

Бог стана Човек. Затоа се радуваме, затоа празнуваме, затоа се веселиме.

Но тие кои не веруваат дека Исус Христос е Богочовек и нивни Спасител, зошто ли се радуваат? Зошто си разменуваат честитки? Зошто прават празнични трпези?

Не, овој период не е тукутака неопределено празничен.

Знаеме зошто празнуваме. Затоа што малечкиот Младенец во Витлеем е Самиот Бог, затоа што Рождеството Христово означува Богочовек, затоа што Рождеството Христово означува Надеж, Мир, Љубов, вечно Спасение… т.е. Христос.

Проштавајте на сите, проштавајте на оние кои погрешиле малку, проштевајте на тие кои погрешиле многу. Тешко е кога забораваме дека овој живот е минлив. Доколку го насочиме умот кон вечноста, тогаш сè изгледа мало и бесмислено. Затоа не бараме правда во овој живот. Прошката е својство на смирените луѓе, кои бараат можности да го отворат срцето, а не да ги казнат луѓето кои навистина погрешиле.

Проштавајте на сите. Тоа не значи да бидеме во друштво со сите. Можеби нешто се случило и сме се оддалечиле едни од други. Но тоа е едно, а сосем друго е во срцето да таиме злоба и злопамтење. Ако стоиме далеку од другиот, тоа да се случува не бидејќи таиме злоба, туку затоа што нашето страдање се претвора во лекција и веќе држиме дистанца, за повторно да не се создаде проблем. Барем да можеме да простиме онолку длабоко, колку да немаме проблем повторно да сме заедно со човекот којшто згрешил кон нас. Но најмалото, да не таиме злоба – и тоа е нешто. Ако ни така не можеме да простиме, единственото во што успеваме е да го држиме срцето во смут и збрканост. Барем Рождеството Христово да нѐ најде со мир, согласие и љубов во срцата.

Доаѓа едно Рождество различно од другите. Рождество во молчанието на ноќта – без болка, без агонија. Доаѓа раѓањето на Смирението, Едноставноста, Кроткоста. Доаѓа Незлобието, Љубовта. Доаѓа бесшумно, без реторика, без банкети. Доаѓа, предизвикувајќи го светот да се разбуди од кошмарот на тлението.

Доаѓа, за да даде надеж на слабите, на измачените, на грешните.

Доаѓа Рождеството на Исус од Назарет во Витлеемската пештера.

Доаѓа Исус, Кој е Христос, Кој прави сѐ ново и засекогаш.

Доаѓа Рождеството Христово. Доаѓа Оној, Кој се роди од човек, но како Богочовек.

Доаѓа, за да остане. Доаѓа во еден свет кој ќе Го предаде, и ќе Го предава до крај. Но Христос не си оди, не нѐ остава. Јаслите Му се доволни, Крстот Му е доволен. Тоа не Му пречи, Он не се гневи, не прашува „Зошто?“.

Љубов. Ете го одговорот среде метежот на овој свет, среде гревот на созданието.

Љубов. Затоа дојде, затоа останува, затоа нѐ спасува.

Величието на Бога не е тоа дека се роди во една студена ноќ, во еден незначаен град, во некакви јасли. Величието на Бога е во тоа што реши да дојде на земјата, да стане Човек, колку и да Го чини тоа, за да го спаси човекот, за да го обожи Своето создание.

Честито Рождество Христово!

Извор: Блог на отец Павел Пападопулос

Превод: Петко Костовски

 

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/doagja-edno-rozhdestvo-razlichno-od-drugite/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7714
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная