Псалм 142
:Покажи ми го, Господи, патот по κој да одам, зашто κон Тебе ја вознесувам душата своја. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
:Покажи ми го, Господи, патот по κој да одам, зашто κон Тебе ја вознесувам душата своја. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
„Денес е почетокот на нашето спасение и објавувањето на тајната од вековите...“„Празникот Благовештение е воедно и Господов и Богородичен. Господов бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Бога Словото“.
Сожалувајќи се на солзите на Марта и Марија, си заповедал да го тргнат каменот од гробот, Христе Боже; со Твојот повик го воскресна мртовецот, Ти Кој на светот му даваш живот, утврдувајќи ја со Себе верата во воскресението. Слава на Твојата сила, Спасителе; слава на власта Твоја, слава Ти Тебе, Кој со Својот збор си создал сѐ.
Некогаш во сетилниот Рај човекот се оддели од Бога, а овде во Црквата, преку Богородица, тој се соединува со Него. Некогаш змијата ѝ шепотеше на Ева, на грев наведувајќи ја, а еве, сега, Архангелот Гавриил, со блага вест Дева ја поздравува, соопштувајќи ѝ за Овоплотувањето кое во неа треба да се изврши.
На ден 07.04.2017 година, на празникот Благовештение, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „ свети Кирил и Методиј“ во Тетово, отслужи вечерна со Златоустова литургија во сослужение со свештеници од Тетовското намесништво. Пред литургијата Митрополитот благоизволи да го ракопроизведе, благочестивиот христијанин Бобан Трпковски од с. Теарце, за чтец.
На епархиското собрание на Австралиско – сиднејската епархија, одржано на 11. 01. 2017 во Мелбурн се донесе одлика да се формира „Епархиски Просветен Одбор“ (ЕЦПО), кој ќе се грижи за просветата и издавачката дејност во Епархијата. Идејата потекна од насушната потреба на нашиот народ за духовно пресветлување и познавање со нашата вера.
ирмос:Каменот, Кого Го отфрлија ѕидарите, глава од аголот постана. Тој е камен, врз Кого Христос Црквата ја утврди, од нежнабожците искупувајќи ја.
Чудо надумно и преславно: Создателот на сѐ, не од незнаење, а како да незнае прашуваше: каде лежи оној, кого го оплакувате? Каде е погребен Лазар, кого наскоро од мртвите вам ќе ви го воскреснам?
Нека се веслат небесата и нека се радува земјата, зашто Совечниот, собеспочетен, и Сопрестолен Син на Отецот, поради Својата милост и човекољубие, се понижи, по благоволение и совет на Отецот, се всели во девствената утроба, од Духот предочистена.
Во секој период од историјата, кој е различен од претходниот, Бог повикува соодветни учители, проповедници, светители, кои живеат во тој конкретен период, го знаат духот на времето, го знаат товарот на народот, и токму таквите, како запалени светилници, како ѕвезди водилки, му даваат насока на народот, како во тоа време да Го најде и следи Христа, како да верува, и покрај сите модерни противречности.
Апсолутната вредност, - познанието на Бога, не зависи од нас самите. Тоа се среќава низ огледалото во загатка, во немирниот вртлог на поетските и философските символи. Нам ни требаат – не – срамежливи насмевки на мудроста, туку – СЀ ИЛИ НИШТО! Да Го допреме Бога со рака, - ако е тоа можно, мислам дека е остварливо само преку душата на другиот,
Веруваме дека заради молитвите на таквите подвижници издржала Русија и бил спасен Петербург. На студ и во жега, на ветар и на дожд – старецот упорно барал да му помогнат да отиде до каменот; без оглед на своите многу болести тој го продоложувал недостижниот 1000-дневен подвиг. Така, од ден на ден,..
Кога го прочита овој напис, старецот најпрво се запраша, кој го напишал ова. Зашто таа, како што самата му имаше кажано, не знаеше да пишува. Но, многу се зарадува што го дозна името на преподобната. А, дозна и тоа дека таа минатата година, во истата ноќ кога се причести, стигнала до потокот, до кој, тој самиот мораше да патува дваесет дена, и веднаш си заминала кај Бога.
Се принудував себеси да влезам, но попусто, бидејќи штом својата грешна нога ќе ја ставев на прагот, некоја неочекувана, невидлива сила веднаш ме спречуваше и јас се враќав назад во тремот. И така се обидував три - четири пати, но се беше попусто; не можев да влезам. Преморена од срам и изненадена, се повлеков настрана и застанав во еден агол од тремот на храмот. И кога едвај, малку се прибрав, јас се запрашав себеси:
Во еден палестински манастир, се подвизуваше еден старец, украсен со праведност и благоразумност, кој уште од младоста беше добро упатен во монашките подвизи. Се викаше Зосим. Тој ги помина сите подвизи на подвижничкиот живот и го исполни секое правило, предадено во наследство од совршените монаси. А сето тоа правејќи го, тој никогаш не заборави да се поучува од Божјите зборови:
Икос: Очити ме, Спасе, од многуте мои беззаконија и, се молам, од бездната на злото изведи ме. Кон Тебе повикав, и услиши ме, Боже на моето спасение.Со сладострасниот живот богатиот самиот себе се осуди на огнениот пламен, а бедниот Лазар, кој во овој живот ја избра сиромашијата, за бескрајната радост се удостои.
Познанието и делото коишто ни се суштински потребни, заради кои единствено и ни е даруван нашиот земен живот – познанието на Бога и помирувањето со Него, при посредство на Искупителот – ние потполно ги презираме. ,,Покајте се!”
На 30 март 2017 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува споменот на свети Алексеј човек Божји, отец Димче Азески отслужи сеноќно бдение во храмот Успение на Пресвета Богородица –Каменско, во Охрид.
Кога говориме за болеста, во предвид ги имаме болестите на луѓе што се исти како нас. И што да правиме со овие болести? Луѓе, „благочестиви“, често ми велат: „Зошто да одам на лекар? Можам да отидам и да го замолам свештеникот да се помоли за мене или да испросам од него помазување со свето масло“
Колку всушност ретко се случува да постапуваме со луѓето, онака како што сакаме тие да постапуваат со нас. Ние очекуваме уважување од луѓето, а самите ние ги унижуваме; сакаме да ни помагаат во нужда, а самите ние никогаш не посмислуваме за помагање на ближните, кога сме задоволени.
И по третпат, за времето на Лав Исавријанин, потомците на Агара, на број повеќе илјади, најнапред го разурнаа Персиското царство, потоа Египет и Либија, ги освоија и Индија, Етиопија и Шпанија. Најпосле го нападнаа и царскиот град со илјада и осумстотини бродови. Тие го опколија и чекаа да го ограбат. Но градските посветени луѓе, но