Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025
Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,
за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те ослободи од робувањето на овој свет,
за да Ангел ти испрати.
Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,
за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те ослободи од робувањето на овој свет,
за да Ангел ти испрати.
Јас станав навистина верник, којшто се освести барем во 13-от час, дека во животот сѐ се плаќа согласно лошите или добрите дела кои ги вршиме. Гледате како дејствува Бог преку Неговите светители! Преподобниот Димитриј Басарабов не ми направи едно „вообичаено“ чудо, не ми го спаси животот на еден посебен начин, на пример, од една сообраќајка, но ми го отвори умот и ми помогна
Ме следиш
Како роса утринска
При небесна ведрина,
Никогаш не се двоумиш
Близок,
За Таков те знам
И така Име Ти изговарам
Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има и Евангелие, кое сите ќе го читаат редовно и според него „ќе се дотеруваат“. Во денешното Евангелие чувме за едно исцеление на еден демонизиран човек во Гадара,
Кога дојдоа кај Чеснејшују, монахот послушник ја испее до крај „Чеснејшују херувим“, старата химна од свети Козма Химнограф. А монахот странец ѝ даде друг почеток на химната и ја испеа вака: „Достојно ест јако во истину, блажити Тја Богородицу, присноблаженују и пренепорочнују, и Матер Бога нашего“, и потоа го додаде „Чеснејшују херувим…“ сѐ до крајот.
Песните ги преведував по чувство, без напор, онака како што мислев дека треба, на јазик разбирлив за секого; и за ѕидар, и за шофер, и за студент и за академик. Еден од главните чинители при изборот на песните за „Два света“ ми беше тие да звучат добро, лесно и неусилено на нашиот јазик, сакав зборовите ...
Оној што сака да појде да живее во пустина, тој треба да се потруди да биде совршен, да се исчисти од секоја страст или да се ослободи од нив во манастирското братство, и не да бега таму од малодушност, туку со желба да ги придобие вистината на божествените созерцанија, кои и не можат да се придобијат на друго место, освен во пустината.
“Алeксандар, Цeзар, Ханибал, Луј XIV, сo сeта свoја гeнијалнoст сe ништoжни. Тиe гo oсвoилe свeтoт, нo нe мoжeлe да сe здoбијат сo ниeдeн пријатeл. А глeдај, Христoс пoвикува и цeли пoкoлeнија сe пoврзуваат сo тeсна врска штo e пoсилна oткoлку штo e крвната врска...
Добродетели со љубов си стекнала, маченичке, чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот кој се бори против родот човечки, добро си пострадала, и си го посекла Копронима со мечот на верата, Теодосија, и пред Небесната брачна одаја си се претставила, радувајќи се.
Знам дека самотијата ја дозирам исто како слободата, а кога е грдо сѐ, некако пак ми е убаво. Сѐ поретко имам амбиции; она што го исполнив си продолжува со својот живот, не со мојот.
Само молитвата не е доволна. Некој може да изговара молитвата со килограм темјан, но ако неговиот ум е полн со лукави мисли за другите, тогаш тоа не му донесува никаква полза. Од умот, демонот во срцето испраќа лукава „телеграма“, и од човекот прави ѕвер.
Да Му се помолиме на Господ Тој да стане срце на секој човек и да биде Живот за оние кои умреле за желбите на овој свет, а да биде смрт за оние во кои сѐ уште живее стариот, грешен човек. И да се молиме за тие, огревовени луѓе, да не го шират околу себе лажниот живот, ако веќе не сакаат да живеат во Вистината.“
Блажен е подвигот твој оче преподобен, допирајќи го светот не дозволи тој да те оскверни, пригледуваше сираци и вдовици, згрижуваше сиромашни –
сe што беше дозволено и за твојата душа полезно.
Гледајќи го тоа Пастирот за исповедник те повика,
„На почетокот Он рече: нека пушти земјата од себе трева…“ толкува Св. Дамаскин, „и сè до сега таа, откако ќе ја накваси дождот, ги произведува своите растенија поттикната и оснажнета од заповедта Божја. Така и овде Бог рече: „Ова е Телото Мое и ова е Крвта Моја, и правете го ова во Мој спомен;“
Со душата обрати се кон Господа и кажи: „Господи, прости ми“, и не помислувај дека Господ нема да ти прости. Неговата милост не може да не прости, и Он истиот час простува и осветува. Така учи Светиот Дух во нашата Црква.
[youtube height="180" width="280" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=jWpvODSZJf8[/youtube]
Архимандрит Георгиј Капсанис (1935 – 2014)
Тој никогаш не сакаше да импровизира и да измислува некои нови работи за да импресионира или да создава свои следбеници и почитувачи. Секогаш се базираше врз светоотечкото предание, и ги имаше усвоено ...
Раззеленувањето на дрвјата ја покажува силата на пролетта, но ти Терапонте со благодатта Христова, надминувајќи ја природата створена, со вера во Оној Кој човекот не го напушта, ја исповеда верата во Пресвета Троица, и покажа Бог преку тебе дека во живот вечен, од мртвило изведува.
Како што вели големиот подвижник, преподобниот Исак Сирин: „Овие натприродни знаменија им се даваат само на простодушните по разум, но истовремено и најсилните во надежта“. И навистина, чинијата со пилавот чудесно исчезнала од пред очите на Св. Јован. Блажениот коњушар се вратил кај господарката и ѝ соопштил дека јадењето е испратено во Мека.
Oднoснo, акo трeба да трпиш oд сатаната, за трпeниeтo ти e дoвoлна Мoјата благoдат! Акo трeба да сe бoриш сo сатаната, пак ти e дoвoлна Мoјата благoдат! Сакаш ли да гo пoбeдиш сатаната, пoвтoрнo ти e дoвoлна Мoјата благoдат! Благoдатта e сeoружјe.