логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Брак

Љубовта е подражавање на Христа, зашто „Он прв нѐ возљуби“. Оттука, кога љубам, значи дека ми е даден дар, сум добил благодат Божја и Го подражавам Христа.

+ + +

Во бракот, се чини, стапуваат двајца. Но, не се двајца, туку тројца. Се венчава мажот со жената и жената со мажот, но и двајцата заедно се венчаваат со Христа. Оттука, тројца учествуваат во тајната и тројцата се заедно во новиот живот.

+ + +

Над сѐ: над љубовта, над твојот маж, над твојата жена, над секојдневните настани, да помните дека сте предназначени за небесата, дека сте стапиле на патот кој бездруго треба да ве однесе таму. Невестата и младженецот ги даваат нивните раце, ги позема свештеникот и ги води околу трпезата, играјќи и пеејќи. Ова значи дека бракот е патека, патешествие кое завршува на небесата, во вечноста.

+ + +

Кога си го гледаш бракот, кога го гледаш мажот ти, или жена ти, кога ги гледаш потешкотиите со кои се соочувате, и сѐ друго во твојот дом, да знаеш дека сето тоа се признаци на присуството Христово. Тоа е како да ги слушаш Неговите чекори, како да доаѓа, како постојано да го слушаш Неговиот глас. Тоа се сенки кои ни покажуваат дека Христос е со нас. Навистина, поради нашите грижи ни се чини дека Он е неприсутен. Но, ние Го гледаме во Неговите сенки, и сме убедени дека е со нас… Нашиот живот постојано е со Христа.

Извор: http://pravoslavie.mk.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2613
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2407
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…