логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

Недела 23 по Педесетница

Лука 8, 26-39/шеста недела на Лука

            Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има и Евангелие, кое сите ќе го читаат редовно и според него „ќе се дотеруваат“.

 

         Во денешното Евангелие чувме за едно исцеление на еден демонизиран човек во Гадара, кој долги години живеел без облека, врзан во синџири покрај гробиштата. Допирот со Христос за него бил исцеление и ослободување од демоните, но тоа истовремено било и пораз за демоните и протерување од човекот. Допирот со Христос ја привлекува благодатта и ги прогонува демоните, додека, пак, оддалечувањето од Христа ја прогонува благодатта а ги привлекува демоните. Според начинот на живот се препознава каде има присуство на благодат, а каде присуство на демони.

           Народот кој се занимава со суеверија, со хороскопи, народ кој оди по бајачи и гатачи, народ кој не пости и не оди на Литургија, народ кој се уништува себеси со многу разводи, прељуба и огромен број абортуси, со тоа покажува дека е далеку од Бога, и дека има искривена вера и искривен живот. Штом е човекот далеку од Бога, далеку од Литургијата на Црквата и од духовниот живот, вообичаено е да паѓа во демонските мрежи, па така, првата и најголема лага во која веруваат овие религиозни луѓе е – дека постои Бог Кој е некаде далеку, а не постои ѓавол, па според тоа, сѐ што ќе ни падне напамет е од нас и е добро. На ѓаволот тоа му е доволно за да нѐ пороби.

          И веднаш започнуваме со остра критика кон свештенослужителите, дека се дебели, неморални, возат џипови и мерцедеси, воведуваат скапи свеќи и скапи тарифи и тие се виновни што, ете, ние не веруваме и не одиме во црква. Значи, Црквата е составена само од расипани и недостојни луѓе, крајно дискредитирани и компромитирани, кои немаат право да зборуваат за било што и да даваат памет некому.

       Веќе Црквата во Македонија е доведена на тоа ниво. За било која тема да се зборува, штом еден свештеник ќе се обиде да дава свое мислење, веднаш е напаѓан со папагалските аргументи за мерцедесите, џиповите, тарифите итн. Е сега, во овие услови, кога совеста на државата, односно Светата Православна Црквата е сведена на тоа ниво, да биде маргинална и безначајна, ѓаволот преку своите носители, лесно ќе ни воведе реформи во државата. Ќе се воведат хомосексуални бракови, посвојување на деца од страна на истите, бесплатна промена на полот кај малолетни деца, легализација на секоја перверзија – поимот „грев“ ќе се избрише.

       Секоја глупост што ќе му падне на ум на човекот, ќе стане реалност. Тогаш многумина ќе повикаат: „Каде е Црквата, каде се владиците и свештениците да кажат свој став?“ А тие, колку и да ја зборуваат вистината, колку и да му ги отвораат очите на народот, постојано ќе бидат каменувани со вечните аргументи: џипови, мерцедеси, тарифници. И нивниот глас ќе биде тотално занемарен, и секоја лудост ќе биде воведена, без никакви пречки. Ете тоа е крајната цел на ѓаволот и на неговите слуги, која постепено ја остваруваат, а ние, бидејќи стоиме далеку од Христос и од Неговата Света Црква, не можеме да го увидиме тоа.

             Група научници земале една жаба, и ја ставиле во жешка вода. Жабата веднаш скокнала од водата. Потоа ја ставиле во лонец со студена вода, а лонецот го ставиле на шпорет, и полека почнале да ја загреваат водата. Додека жабата безгрижно си пловела низ водата, без да биде свесна, се сварила. Ете тоа ни се случува и нам денес. Мислиме дека уживаме во некаква слобода, а всушност сме во лонец, кој сѐ повеќе се загрева.

             Близината и допирот до Христос единствено може да нѐ ослободи од таа демонизираност, и дури тогаш ќе ни се отворат очите и ќе ги видиме реално работите, онакви какви што навистина сѐ. Христос е тука, во храмот, на секоја Божествена Литургија, и нѐ чека да Го побараме, да Го сретнеме, да се допреме до Него, а ние упорно Му вртиме грб, барајќи непотребни нешта од Него, а не Самиот Бог. Литургијата и духовниот живот, т.е. постот, молитвите, исповедта кај духовникот и неговото раководство ни се единствена можност да се допреме до Христос и да се исцелиме од секоја болест. Да не чекаме, да не го губиме времето, да не фрламе камења по Црквата и по нејзиниот клир, бидејќи овие фрлени камења, најпосле ќе паднат врз нашите глави и ќе нѐ здробат. Да се вразумиме и да се воцрковиме. Црквата е света и секогаш ќе остане света, колку и да има во неа недостојни и грешни свештенослужители. Надвор од Светата Црква, надвор од Литургијата нема Христијанство, а нема ни спасение.

Свештеник Јани Мулев

12.11.2017

 

Извор:https://crkvaveles.wordpress.com/2017/11/12/demoniziran-gadara/

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2050
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 513
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная