На празникот на Рождеството на свети Јован Крстител и Претеча, презвитер Игор Калпаковски отслужи Божествена Литургија во црквата на свети Георгиј во Криви дол, Скопје.
„Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа Царството Небесно.”(Мат.19,14)
Една од главните педагошки задачи на Православната црква денес е - таа да научи да им се обраќа на децата. Во црквата нема проповед за децата, макар што тоа денес е неопходно. Прва, основна, насушна и тешка задача којашто стои пред секој христијански воспитувач е - кај детето да го пробуди чувството за реалноста на постоењето на Бог. Со други зборови, важно е на детето да му се помогне да го запознае Бога, а не само да дознае за Него. Имено, тоа чувствување на реалноста на Бог речиси сосема отсуствува во современото општество, во денешните семејства. Оттука произлегува првиот проблем: замена на христијанскиот труд на општеството со надворешна црковност.
(повеќе)