Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен
Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и станале зависни од Него, Кој е единствен независен по природа. Тоа значи дека тие, присоединувајќи се кон Него, стекнале вистинска слобода во Него, го достигнале совршенството на слободата и љубовта.






Вака размислувајќи, Захариј се вознемири. А архангелот Гавриил, гледајќи ги помислите на свештеникот, веднаш му одговори кротко и со тивок глас, убедувајќи го, и рече: „Не бој се Захарија, зашто е услишена твојата молитва и твојата жена ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. Зашто јас дојдов од небото не само да ти соопштам за синот, туку му го носам и името. И мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање. Твоето чедо ќе биде дар Божји и од тебе ќе израсне овошка која ќе им даде род на сите луѓе. Ти ќе бидеш татко, а оној што ќе се роди од тебе ќе биде светилник на сиот народ“.[1]
На празникот на Свети Наум - чудотворец Охридски, во параклисот посветен на овој светител во Велес, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Присутните верници молитвено му се поклонија на големиот семакедонски светител, а потоа се причестија со Светите Христови дарови.
На 03.07.2019 година, кога Црквата го прославува споменот на преподобен Наум Охридски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во манастирот крај Охридското езеро, каде што се упокоил и го завршил својот живот. Неговите свети мошти до ден денес почиваат во неговиот манастир и творат најразлични чудеса. Верниот народ од нашата земја имаа особена почит кон светиот Наум.
На 03.07.2019 година, на празникот „Св. Наум Охридски Чудотворец“ во манастирот посветен на денешниот славеник на Попова Шапка, Надлежниот епархиски архиереј Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен, богослужеа Света Златоустова литургија. Литургијата со своето пеење ја збогати хорот „Менада“ од Тетово под раководство на проф. д-р Ивица Зорич. По литургијата беа благословени кумските лебови. Манастирскиот одбор како и секогаш со многу љубов и внимание за сите присутни приреди трпеза на љубовта.
Сократ еднаш го прашал Ксенофон дали знае каде се прават некои определени вази. Ксенофон му кажал. Потоа Сократ го прашал: „А знаеш ли каде ги прават луѓето добри и доблесни?“ „Не“, рекол младиот Ксенофон. „Тогаш“, рекол Сократ, „појди по мене и научи“. Само следејќи Го Христа можеме да го постигнеме својот потенцијал и да станеме она што Бог намерил да станеме.
Поентата на повикувањето на учениците е дека не се повикани само тие. Како што Бог го одбрал Израилот, како што Он ги одбрал дванаесетте, така нѐ одбрал и нас. Нѐ одбрал да бидеме Негов народ, Негови ученици, Негови соработници, Негови следбеници. „Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и плодот ваш да остане…“ (Јован 15,16)
Некој евреин имал пријател Христијанин. Во една прилика поаѓајќи на далечен пат, евреинот, му го дал на Христијанинот на чување својот ковчег со 1.000 златници во него. Бидејќи се задржал долго на патување, Христијанинот намислил да го присвои повереното му богатство, па така и направил. Кога се вратил евреинот си го побарал своето злато, Христијанинот одрекувал, велејќи дека ништо не му било поверено на чување. Евреинот многу се натажил и најпосле му рекол:
Го прашаа еднаш еден старец:
Црквата е квасец кој го заквасува и преобразува тестото на светот, таа светот го прави онаков каков што тој навистина е: Божјо создание и историја на спасението. Таа е „столб и тврдина на вистината.” Со присуството на Црквата, светот се заветува и се осветува постоењето на светот кој личи на молитва скаменета од човечките гревови, но и ослободен од благословите, посредувањето и благодарењето на Црквата. Црквата навистина претставува суд за светот, »суд на судот«. Таа му суди на »овој свет« кој се самоидолатризира и самоуништува; не му суди како земските судии, туку со тагата на исповедниците и со крвта на мачениците…
Православниот космички етос се возглавува во литургиското разбирање на светот, во славословниот принос на космичката стварност на Бога, во евхаристиската и доксолошка употреба на светот, за светот да се преобрази и да ја стекне очигледната духовност што ја има воскреснатото тело на Господ Исус Христос. Ова се постигнува, пред сѐ, со отфрлање на автономноста и идолатризацијата на создадениот свет, бидејќи тие најмногу ги влошуваат односите на човекот со светот и доведуваат до своевидна злоупотреба или погрешна употреба.
Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си? Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце. Те надвладеало обесхрабрување? Не заборавај своите надежи да ги положиш на Христа и твојата душа ќе се исполни со храброст и со сила. Те мачат плотски помисли и те привлекуваат кон чувствени наслади? Приграби го согорувачкиот оган на името Исусово и фрли го врз плевелот. Да не те мачи некоја световна работа?
Можеш ли да го направиш тоа? Да го оставиш твоето дете, својот сопруг, сопругата, да ги оставиш сите спокојно да си го направат својот избор, да ги донесат своите одлуки, без да ги притискаш или провоцираш. Твојот најголем проблем е тоа дека никој не ти е виновен што не си ја пронашол својата среќа, никој не ти е виновен за негодувањето што го пројавуваш, за празнотијата што ја носиш во душата и си велиш: „Ова е причината, оној е виновен!“
Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?
Иднината на светoт се дополнува во Црквата и неговото преобразување е во Црквата. Заради тоа „севкупната историја се одвива внатре, во Црквата”. Нашата духовност не може да постои поинаку, освен како живот на Црквата во историјата и за историјата. Заради таа причина, „нашата вистинска љубов кон светот треба да се покаже во враќањето кон Црквата, која е »украс« – поредок и убавина на светот.

























