Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија (14.05.2016)
Во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, протопрезвитер Бранислав Стојанчов во сослужение на ѓаконот Горан Трајковски, отслужи Божествена Литургија . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот на Литургијата отецот произнесе беседа од житието на пророкот Еремија.