04 / 17 октомври 2016 лето Господово
Во Аргентина, Јужна Америка, ќе биде отворен првиот руски манастир, лоциран на земјиште кое е подарок од свештеникот Вартоломеј (Обедо).
Ваквата иницијатива е резултат на тоа што неколку парохјани имаат желба да се посветат на монашки живот. Во последно време забележан е пораст на интересот за православната вера во Аргентина, па во руските храмови низ земјата доаѓаат сѐ повеќе и повеќе верни души.
Оваа година Аргентинската епархија на Руската Православна Црква одбележува 70 години постоење, а е основана од руски емигранти.
Извор: Седмица.ру
Бигорски манастир