Поуки (08.11.2015)
Секоја човечка душа е пустина и пекол, додека во неа не влезе Господ Христос.
Литургијата е чудесен дар од Исус Христос. Литургијата е мост преку кој може да се премине во вечниот живот. Запаметете, тое е завет од Господ!
Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Секоја човечка душа е пустина и пекол, додека во неа не влезе Господ Христос.
Литургијата е чудесен дар од Исус Христос. Литургијата е мост преку кој може да се премине во вечниот живот. Запаметете, тое е завет од Господ!
Литургијата е чудесен дар од Исус Христос. Литургијата е мост преку кој може да се премине во вечниот живот. Запаметете, тое е завет од Господ!
Св. Јован Златоуст вели дека Божествената Литургија навистина е голем и чудесен дар; Божјите ангели ни завидуваат нам, луѓето, на кои им е дадена среќата – примање на Божјите Тело и Крв.
Љубовта доаѓа во срцето постепено, имено преку добрите дела. Кога им правиме добро на луѓето, престануваме да бидеме рамнодушни кон нив, далечината меѓу нас се намалува – и тие ни стануваат ближни. И колку повеќе им правиме добри дела, толку е посилна љубовта во нашето срце, затоа што нема друг начин или друга можност да растеме во љубовта.
Целиот свет најде во тебе заштитник, страдалнику, кој ги победуваш незнабошците. И, како што си ја победил горделивоста Лиева, и за борба си го охрабрил Нестора, така свети Димитрие, моли се на Христа Бога, да ни дарува милост голема.
„На многу од нас ни е познато колку е опасно да се изгубиме во шумата, кога во еден момент ќе нема да знаеш каде да одиш и ќе те опфати страв. А што се случува кога човекот ќе се загуби во својот живот? Светите Отци многу добро сфаќале дека тој феномен на блуд и заблудување е вистински поврзан со помрачувањето на моралното чувство.
На 08.11.2015 година, кога го празнуваме споменот на светиот великомаченик Димитриј, патрониот празник на соборниот храм на нашата епархија и големиот заштитник на градот Битола, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во истоимениот храм „Свети Димитриј“, во Битола.
Може ли да се надеваме на светот? Кому тој не му ласкал? Кого не го излажал? Тој ветува многу, но дава многу малку. Само оние кои се надеваат на Господа, по зборовите на светиот Давид, нема да погрешат, то ест, нема да се излажат во својата надеж!
Судејќи според „агитацијата“ и дејството на нашите партии од минатото, би можеле да им завидуваат на повеќето од тоталитарните секти. За да заведуваат и добијат некого, е дозволено сѐ: подкупи, изнудување, лажни ветувања, страв, демонизирање на неистомислениците, создавање на паника и безнадежност. Сето тоа се прави во името на „светите идеали“: „Европа“, „светлата иднина“, „благосостојбата на народот“. И така со неверојатна брзина, успешно и ефикасно, се бришат границите меѓу вистината и лагата, доброто и злото.
На 1 ноември 2015г., во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога Црквата го празнува споменот на светиот Прохор Пчињски, во истоимената црква во Пјаченца (Италијанска Република) Неговото Високопреосвештенство, европскиот Митрополит г. Пимен, во сослужение на Високопреосветениот кумановско-осоговски Митрополит г. д-р Јосиф отслужи Архиерејска Божествена Литургија.
Во моментот кога се чувствуваме лошо, нешто сме заборавиле. Добро е да се потсетиме на тоа нешто. Затоа постојано служиме света Литургија, затоа постојано читаме, затоа се молиме постојано, затоа за време на светата Литургија свештениците велат: “пак и пак…“, повторно и повторно. Зошто? Бидејќи сум човек. Како што велат некои – убаво ги...
Да не бараме караници. Односно, не треба да бараме повод за расправии и судир со луѓето. Зарем немаат и тие болка во својот живот, немаат ли деца коишто се мачат со уроците, немаат ли некој болен во семејството? Ете ќе најдам допирни точки. Ќе зборувам за Бога без тие да сфатат дека зборувам за Бога. Нема да им зборувам како на проповед, туку така што да се потрудам да го разберам.
Може ли секој од нас да си одговори на прашањето колку време од 24-часовниот ден ѝ посветува на лично-соборната молитва насамо? И колку во тие претпоставени десетина минути молитва нашиот ум е собран во зборовите на молитвата? Се лажеме себеси ако одговорот е позитивен, нели?
Значи, каква поука можеме да извлечеме од поведението на Марта?
По повод празникот на свети великомаченик Димитриј, во сабота (07.ноември) ќе се отслужи Вечерна богослужба со почеток од 17:30 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско - пелагониски и администратор Австралиско - новозеландски г. Петар.
И ете, уште еднаш, во овие 2015 години постоење на Христијанство ни претходи еден неизбежен ден за целото Православие, меѓу другото и ден посветен на љубов кон оние кои повеќе со телото не се помеѓу нас, односно задушница. Многумина и овој пат ќе излеземе со полни кеси со убаво јадење и една скромна пченица, со малку вино, со кои ќе ги закитиме гробовите од нашите предци, чекајќи го нервозно свештеникот,...
Свети Константин Кавасила живеел и пастирствувал во Охридската Црква во тринаесеттиот век, и заради богољубивиот труд и неговите дела и подвизи, Бог го прославил, свртувајќи го во хорот на светителите. Култот на овој светител, заради разните политички и националистички констелации, карактеристични за овие простори а во тој контекст и...
„Споменување“, „паметење“, „сеќавање“ – сево ова се преводи на староеврејскиот збор zikkaron, спомен. Но, староеврејскиот zikkaron, за разлика од она што претставува споменувањето за современиот човек, не е пасивно дејствие, способноста на човекот да „помни“, т.е. да го реконструира во мислите она што повеќе го нема, она од што човекот е одделен со времето,..
Кој вели дека денес не постојат маченици и исповедници за верата во денешно време? Кој вели дека денес не постојат луѓе кои од се’ срце Го сакаат Господа и критериумите на овој свет ништо не им значат? Кој вели дека не постојат храбри луѓе, христијани, кои не се плашат и душата своја да си ја положат за Бога и ближниот?
По повод празникот на свети великомаченик Димитриј, во сабота (07.ноември) ќе се отслужи Вечерна богослужба со почеток од 17:00 часот.
Во недела (08. ноември), Божествената Литургија ќе започне во 09:00 часот.
Не може да се најдат утешни зборови за ближните и роднините на починатите. Постои само молитва, и имено таа – сега е попотребна од било какви зборови. Сите ние сме поврзани еден со друг со врски. Роднински, другарски, врски од заеднички град или заедничка земја. Сите ние сме луѓе, и веќе само тоа ја означува нашата блискост, еден со друг.
Денес, на 2 ноември се празнува споменот на преподобниот Гавриил Ургебадзе (1989-1995), голем старец од нашето време. Архимандрит Гавриил смирено ги сокривал многубројните дарови од Светиот Дух, и со љубов ги приведувал луѓето кон Бога. Често одел во скината облека, бос, со железна дијадема на главата – јуродствувал, криејќи ја својата светост и намерно понижувајќи се.