Презвитер Горан Стојчевски:Не преминувајте сами, земете го и ближниот, тогаш ќе бидеме подобни на Пресвета Троица.
Сега, ние, како крстени и од Бога избрани во благодат, нема потреба да талкаме за да стапнеме на ветената земја, туку ветената земја, како и патот, ни се дарувани во Литургијата, предвкусот на Небесното Царство, кое исповедаме дека го очекуваме. Во Христос не можеме да зборуваме за идни времиња како во Стариот Завет и за очекување на Месијата, туку за веќе реализирана и остварена цел на единство, која се исполнува во литургискиот миг со сета полнота на вечноста. Да, исповедаме дека го очекуваме воскресението на мртвите и животот во идниот век, или, како што ќе рече светиот апостол Павле, и тварите, т.е. светот, го очекуваат прославувањето на