логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот Христов
маченик Јакинт
3 јули / 16 јули

Мачениче Христов, свети Јакинте,
земната храна со небесната си ја заменил,
на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,
тебе кого ангели го посетуваа,
дарови за спасение на родот човечки ти се даруваа,
о мачениче моли се за оние,
кои кон тебе припаѓаат,
и го слават Оној Кој на слепиот виделина дарува.


Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Александар игумен
на обителта незаспивливи
3 јули / 16 јули

Славата Господова и силата на благодатта
се рашири по твоите свети подвизи
о Александре преподобен оче,
непрестано славословејќи целосно на Бога се предаде, поучувајќи нѐ сите да пееме:
слава на Бога во висините, на земјата мир
и меѓу луѓето добра волја.
Моли се за нас праведнику, пред Божјиот престол.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов патријарх
Антониј Константинополски
3 јули / 16 јули

Пастиру Божји, Антоние свет оче,
исповедниче на верата Христова
чиста и непорочна,
непоколеблив чувар на стадото
од наезда на лагата човечка,
моли се за нас да останеме во истото трло,
на коe Христос е пастир незлоблив,
поучувајќи се од твојот свет живот
о мачениче Божји.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
преподобномаченик Христов
Герасим нови Карпенисиотски
3 јули / 16 јули

Незлобливоста твоја свети Герасиме
ја привлече благодатта,
која изобилно се изли на главата
и покајание долевајќи на подвиг маченички те исправи,
за да во тeбе се покаже силата Христова.
Радувај се свети мачениче
кој во крвта своја венец исплете
и за нас моли се за да се прославува
Бог Троичен во вечни векови.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец
Исаија подвижник
3 јули / 16 јули

Спомни си за нас во твоите молитви
Исаијо преподобен оче,
кој Царство Небесно наследи,
ти кој Бога Го прослави со своите свети подвизи,
а нам поуки благодатни за вечен живот ни остави
со кои кон круната на врлините – љубовта итаме,
и од самооправдување се оддалечуваме.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобно блажениот
јуродив поради Христа
Јован Московски
3 јуни / 16 јули

Кој може да ја види радоста на срцето твое
Јоване свети, а да не го здогледа подвигот
на телото од Христа облагодатено,
кој ќе ги измери молитвите твои,
а да не ја допре убавината на лудоста во ноќите,
кои денови постанаа.
Блажен си ти свети Божји чудотворче,
и затоа за нас моли се, да се спасиме
по твоите свети молитви.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
Христови маченици
Мокиан и Марко
3 јули / 16 јули

Непоколебливи исповедници на животот вечен,
Мокиане и Марко, го замолкнавте светот
со неговата минливост, и Христа возљубувајќи Го,
поитавте кон венците маченички,
за вас припремени.
Молете се за нас вие кои
пример станавте непоколеблив.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Никодим Кожеезерски
3 јуни / 16 јули

Радоста наша од твоите молитви поттикната,
со благодат Божја подигната,
е неизмерна Никодиме преподобен оче,
бидејќи Христос подигна таков молитвеник и подвижник,
на кого чествување денес воздаваме
и Бога Го прославуваме за да спасени бидеме
по твоето свето застапништво.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите благоверни
Василиј и Константин
Јарославски
3 јуни / 16 јули

По тело – лоза подигнувавте,
по дух – браќа со светиите постанавте,
по име – Христови останавте: о, Василие
облагодатен добротвору на напатените, татко на сираците,
и ти Константине, Христов воину, заштитнику на слабите.
Молете се за нас вие кои душите за ближниот
ги положивте, свети воини, чии мошти се нетлени.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (16.07.2021)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

Светиот маченик Јакинт

Млад дворјанин на царот Трајан, потаен христијанин. Еднаш додека царот со сите свои дворјани свечено им принесуваше жртви на идолите, Јакинт изостана од оваа скверна свеченост. Затоа беше обвинет и изведен пред царот на суд. Царот го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртви на идолите. Но Јакинт остана тврд како дијамант, велејќи му на царот: „Јас сум христијанин, Христа Го почитувам, Нему Му се поклонувам и Нему Му се принесувам како жртва жива самиот себеси“. Избиен, исплукан, истружен, овој Свет маченик беше фрлен во затвор. На заповед на царот не му даваа да јаде ништо, освен од идолските жртвоприноси. Но Јакинт тоа не сакаше да го јаде и за осум дена умре. Стражарите во затворот видоа двајца светли ангели: едниот го покриваше телото на маченикот со својата пресветла облека, а другиот полагаше прекрасен венец врз неговата глава. И сиот затвор стана светол и миризлив. Момчето Јакинт пострада чесно во 108 година.

Свети Анатолиј, патријарх Цариградски

sv.Anatolij.pat.Carig.jpgНајпрво беше презвитер во Црквата александриска, но по смртта на патријархот Флавијан беше возведен за патријарх на цариградскиот престол, во 449 година. Цариградскиот престол е признаен за рамен на Римскиот во негово време, и тоа на Вселенскиот Собор во Халкидон, во 451 година.

 Овој Свет патријарх се бореше многу за чистотата на православната вера, многу страдаше од еретиците, додека најпосле не беше и убиен од нив во 458 година, во времето на царот Лав Велики. Со Црквата управуваше близу девет години, а потоа се пресели меѓу нејзините Свети јерарси.

Преподобен Александар

Роден е во Азија, школуван во Цариград. По завршувањето на школувањето се предаде на војничка служба и стана офицер. Читајќи го Светото Писмо наиде на зборовите: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај сѐ што имаш и раздели им го на сиромасите, и ќе имаш сокровиште на небото, а потоа појди и врви по Мене“ (Матеј 19, 21). Овие зборови извршија такво влијание врз него, што веднаш продаде сѐ свое, го раздаде и се оддалечи во пустина. После долготрајни подвизи и трудови за своето очистување, ја востанови Обителта на Неусипајуштите (Неуспивливи), со особен устав. Според тој устав богослужбата течеше непрестајно дење и ноќе. Братството беше поделено во дваесет и четири чреди; секоја чреда си го знаеше својот час од денот или ноќта и одеше в црква да го продолжи читањето и пеењето на претходната чреда. Патуваше многу по источните страни без никаде ништо, ги просветуваше луѓето со верата Христова, ги побиваше еретиците, чинеше чуда со Божествената благодат, остаре служејќи Му на Господ Исус Христос и најпосле го заврши својот земен живот во Цариград, 430 година, каде што неговите мошти ја пројавуваа чудесната моќ и слава со којашто Бог ги прославува Своите свети слуги.

Свети Исаија Отшелник

Се подвизуваше во Мисирскиот Скит во 5 и во 6 век. Се спомнува во книгата на Светите Варсануфиј и Јован (одговор 249 и др.) како маж со вонредна светост. Напиша мноштво поуки за монаси и отшелници. Но од неговите списи преостанаа малку, а многу се уништени од муслиманите. Говореше Свети Исаија: „Пред да се разбуди од сонот на мрзливоста, умот се наоѓа со демоните“. „Круната на сите добри дела се состои во тоа човек да ја положи сета своја надеж на Бога, да прибегнува кон Него Единствениот со сето свое срце и со целата сила, и да плаче пред Бога молејќи Го за помош и помилување.“ Каков е знакот дека на човекот му е простен гревот? „Знак дека гревот е простен е тоа што тој грев не произведува повеќе никакви дејства во твоето срце и си го заборавил до таа мера, што во разговор за сличен грев не чувствуваш никаква наклоност кон тој грев, како да е нешто наполно туѓо за тебе. Тоа е знакот дека си помилуван.“ Залудни се и молитвите и подвизите на човекот којшто во себе таи злоба кон својот ближен и желба за одмазда. „Со сите сили грижи се со устата да не зборуваш едно, а во срцето да имаш друго“. Круна на добродетелите е љубовта, а круна на страстите е правдањето на сопствените гревови“.

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2746
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1924
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »