логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

No photo description available.
·
                    Горделивоста е најстрашниот грев! Малкумина се оние што ја познаваат неговата страотија, зашто овој грев е скриен длабоко во човечкото срце и останува невидлив за оние што го имаат.
Како дрвото што се познава по своите плодови, така и горделивиот човек се распознава по своите дела.
Горчливото семе на горделивоста ги раѓа овие горчливи плодови:
              Првиот плод на горделивоста е: безобзирното копнеење по славата, честа и пофалбите. Тој секогаш се истакнува над другите, им заповеда и им дава совети и кога никој не ги бара од него.
  Страшно им се лути на оние што не се согласуваат со неговото мислење и не ги исполнуваат неговите желби.
           Вториот плод на горделивоста е: лутењето и мрморењето против се` и секого. Ова особено се забележува кога ќе бидат горделивите лишени од власт и кога ќе ја загубат честа што ја имале кај луѓето.
              Тој човек тогаш непрестајно се прашува дали неговите „преголеми“ дела заслужиле такво непризнавање.
Многу често се случува горделивите луѓе да си го одземат животот кога луѓето ќе ги откријат нивните горделиви особености.
             Третиот плод на горделивоста е: преземање големи и преголеми задачи, кои се далеку над нивните сили и можности.
             Четвртиот плод на горделивоста е: мешањето во туѓите работи. Горделивиот човек се наоѓа секаде и секаде се покажува како советодавец, иако и тој самиот не знае што да прави. Горделивоста е причина за ваквото духовно слепило.
          Петтиот плод на горделивоста е: самопофалбата и издигнувањето на себеси над другите. Горделивите секогаш говорат за своите големи дела и за своите големи заслуги за општеството.
            Шестиот плод на горделивоста е: презирот и омаловажувањето на другите луѓе.
Горделивиот човек сите луѓе ги подведува под неколку видови:
едни за него се подлеци, вторите се груби и простаци, третите се нечесни.
Тој измислува и други слични видови и подвидови во кои ги става сите луѓе што ги познава.
             Седмиот плод на горделивоста е: непокорноста.
Горделивците се тврдоглави, непопустливи, инсистираат својата волја да им ја наложат на другите луѓе. Тие никогаш не сакаат да отстапат од своето убедување, дури и тогаш кога ќе увидат дека не се во право.
           Осмиот плод на горделивоста е: Припишувањето заслуги за сите успеси само за себеси.
Ако таквиот човек забележи кај себеси некоја добра особеност, тој веднаш ја припишува само на својот труд и на својот разум, а не и на Бога и на неговата благодатна помош.
         Деветиот плод на горделивоста е: нестрпливоста спрема унижувањата и советите што ги даваат другите. Горделивецот смета дека е потполно чист.
           Десетиот плод на горделивоста е: нетрпеливоста спрема презирот, тешкотиите, маките и несреќите.
Кога горделивиот човек ќе западне во некакви животни незгоди, тој ужасно се лути, постојано мрмори и хули на Бога и на луѓето…

Свети Тихон Задонски

Православие.Мк †

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2679
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7129
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6961
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/07/2024 - недела

Св. бесребреници Козма и Дамјан; Преп. патрициј Петар; Св. маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная