логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Мирослав Масин во Даут пашин амам

Ве известуваме дека на изложбата на Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ ќе биде отворена во објектот Даут пашин амам, на 15.5.2024, во 20 часот.

За комплексното творештво на Мирослав Масин, за естетичките категории и темите на интерес, пренесуваме дел од ставовите на авторите кои се осврнале на истото.

„... ако примитивизмот е антирационалистичка и антиматеријалистичка филозофија, потрага по потеклото и апсолутите, по недопрената и неконтаминирана човечност и побуна против линеарната, мерлива, капиталистичка логика, тогаш секако дека Масин без поговор ја следи линијата на страсните подржувачи на примитивизмот како Пикасо, кубистите, германските експресионисти, дадаистите и надреалистите. Само за потсетување, во срцето на програмата на германските експресионисти лежи ничеовската романтичарско-дијалектична претпоставка дека мораш да се вратиш назад за да одиш напред. По таа логика, бегството од современоста значи враќање кон примитивниот човек неупропастен од развојот на цивилизацијата, или во визурата на Масин, кон првиот човек, кон прачовекот, кон мајмунот. Веројатно затоа мајмунот од сликата на Масин го има прстот на чело, па гледа во јајцето (уште еден универзален симбол за потеклото и постанокот) прашувајќи се како да ја поврати загубената димензија на човештвото. Неговата визија не е отпор кон технолошкиот напредок, ниту иронија или игнорирање на придобивките на модерноста, но повеќе е предупредување за насоките во кои се движи човештвото денес.“ (Ана Мартиновска)

„...видлива е една иронија на авторот кон човековата рационалистичка желба за систематизација. Во индивидуалнио ликовен кодиран систем во кој елементите не се енциклопедиски податоци туку фрагменти кои треба да потсетуваат на суштествата создадени во лабораторизата на авторот, нотните линии го заземаат местото на некои хипотетични научни дијаграми. Така, стануваме сведоци на поделбата на очи, панделки, гради, усни, опашки, фрагменти кои имаат свое значење во процесот на трансформација: посебно усните насликани во стилизирана форма што потсетува на пеперутка или панделките кои се оној преоден знак за цивилизацискиот пресврт. "Мелодијата" што jа креираат овие знаци е визуелна, подложна на ритмот на повторувањето и динамиката поради процесуалната разлика.“ (Сузана Милевска)

„...Сликарот вечно живее во недоумица и дилема меѓу сопствената личност, самиот себе си и долгот да создава за човештвото, меѓу внатрешната изолација и анализа на внатрешниот дијаграм на човек и надворешната „должност да создава нешто што ќе биде солидарно со човештвото". Тој е истовремено и едно и друго. Најмногу е едно, а тогаш најмногу чезнее за она второто и обратно.“ (Викторија Васева Димеска)

„Низ егзорцистичко ослободување и надреалистично спиритуализирање, цртежите на Масин ја разоткриваат таинственоста на некои дамнешни, невидливи пораки кои овој цртач ги пренесува во опсегот на видливото. Најдобрите цртежи на Масин се оние во кои линијата (истата линија-месечарка за која пишувал поетот и цртач Анри Мишо) магиски се одвојува од формата, и водена од силата на некоја нејасна намера, тргнува некаде кон езотеричното. Иако на прв поглед делуваат како спонтана, слободна импровизација, овие цртежи се строго промислени. Тие упатуваат на мудроста дека сите тајни се запишани во нас самите, и дека таму а не надвор од нас - треба и да ги бараме.“ (Драган Јовановиќ Данилов)

„Во актуелната ликовна поетика на Мирослав Масин, неоспорна и забележителна е постапката на стилизација - сведувањето на телесните ликови/форми до фундаментални белези: клун, око, задник, стапало - а потем и нивна слободна хибридизација: неочекувано спојување се до степен на преплетување и/ли стопување на различните тела, животински видови и родови. Подложени на процесот на болна трансформациіа, затечените во природата облици, бои, граници - на стилизиран начин, стануваат заемно конгруентни, односно, истргнати од небитие во битие како нови, овојпат хибридни суштества. Во своето позитивно, афирмативно, врз сликарското платно докажано и еднаш засекогаш освоено постоење.“ (Елизабета Шелева)

„Сопствениот ангажман, Масин го сосредоточува на две основни подрачја: преобразба на цртачките и сликарските оперативни процеси во единствено ликовно искуство и дефинирање на фонд на комуникабилни престави кои што најточно би го посредувале тоа искуство. Првиот сегмент е разрешен вон технолошки кохерентен систем и претставува мешавина на постапки во тек на постојан одбир и прочистување. Тонските акценти и трагите на гестот авторот најчесто ги испишува со молив, фината нерватура е изведено со дрипинг, а стеснетата хроматска скала со збиен контраст е резултат на акварелистичкиот третман на транспарентните пигменти. Наслојувањето на техниките во овој случај, му овозможува на Масин да материјализира густо сликарско ткиво во динамичен, но не и неурамнотежен однос со непосредноста на цртачкиот зафат. Во заемодејствие со овие технички претпоставки е обликуван и имагинативниот репертоар на уметникот: низа на гротескни и мајмунолики фигури затекнати во фаза на трансформација од суштества на природата вo суштества на културата. Преставите на Масин зафаќаат од самото дно на несвесното битие, а примитивната енергија на нивната артикулација е соодветно фокусирана во „нечистата" техника на авторот.“ (Бојан Иванов)

„Наметнатите ограничувања и норми, пред се општествени трансформации и насилни мерки на прилагодување и експериментална затвореност се отфрлаат и настанува еден жизнерадосен конгломерат на фрагментирани делови на телото кои врескаат во екстаза и радост, што, од своја страна, е резултат на прифаќањето на самата животна суштина на видот/родот и другоста одразена во сопствената различност. Со и наспроти сите претходни анализи и критики на еволуцијата и цивилизациските вредности, мајмуните (мајмуноликите предци) на Масин се восприемаат како одраз на авторската идеја на нивно доживување и претставување како симбол на слободата и прифаќање на себството.“ (Маја Чанкуловска-Михајловска, куратор на изложбата)

Изложбата е дел од Годишната програма на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура, а како спонзори се појавуваат: Скечерс, Амиго ресторани, Де Ниро Битола и Дајнерс Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 15.6.2024



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

28/11/2024 - четврток

Божикен пост;(на масло)

Св. маченици Гуриј, Самон и Авив; Св. маченици Елпидиј, Маркел и Евстохиј; Празник на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка; Преп.н Паисиј Величковски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Матеј 16 ноември / 29 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Матеј 16 ноември / 29 ноември 2024

Ревносно од царина си тргналкон повикот на Владиката Христос,Кој поради својата добрина се појавина земјата помеѓу луѓето,Него следејќи го се...

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Тропар на св.Христови маченици Гуриј, Самон и Авив 15 ноември / 28 ноември 2024

Избирајќи живот по вашата вера,наместо виделина од очите телесни,Гурие и Самоне, Бога го прославивтево вашето мачеништво, при вистината останавте и...

Тропар на светиот апостол Филип 14 ноември / 27 ноември 2024

Тропар на светиот апостол Филип 14 ноември / 27 ноември 2024

Празнува вселената, ликува Етиопија,како со венец украсена, од тебе просветувајќи се,светло го слави твојот спомен,богоглаголив Филипе.Ги научи сите во Христа...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная