логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Jovana.matevska

…И додека го мирисавме кафето на нашиот Широк Сокак, додека ги чувствувавме сите тие утрински миризби кои ја галеа Битола во некое време подоцна од мугрите, запознавме уште една приказна што некако ја примивме и перцепиравме со сите наши сетила. Ја испивме во еден здив. Оваа девојка, жена, ни пренеси уште една инспиративна возбудлива емоција, што не освои на прв поглед и не натера да ја заскокоткаме мислата, да размислиме околу постоењето, задоволството и патот до успехот. Јована Матевска Атанасова, писателско име кое полека се издигнува во ѕвездите и големите великани на литературата. Преточувајќи ја емоцијата во мисловна структура на зборот, таа создава грандиозни книжевни дела, на кои ние како перцепиенти аплаудираме со воодушевувачки аплауз.

Шеталиште: Ако се гледаш од одредена точка во минатото и поентираш кон иднината, што мислиш за тебе? Успеа ли Јована да ги оствари соништата денес?

Јована: Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел еден животен век без да ја раздвижат душата и да ја пуштат низ ребрата, кои таму се поставени само физички да ја додржуваат, но не и духовно да ја ограничат. Затоа што покорно се потчинуваат на правилата и вештачките граници. Може ли решетките да ја спречат светлината да продре низ прозорецот? Низ  процесот на креирање и создавање, нафрлав по некоја карактеристика, но и позајмував од ликовите. Да, Јована се надмина себеси. Надминувањето на претходниот ментален стадиум е повеќе набој на среќа отколку искуство. Знаете зошто? Искусните обично остануваат заробени во кафезот, прегреани од поимот за постигнатото, за себеси и своите идеали. А среќните, ним сеедно им е дали ќе останат или ќе заминат. Сѐ додека ја бркаат душата која ја ослободиле да оди пред телото, но за разлика од сенката да се движи независно од сонцето и неговата местоположба,  тие се непобедливи. Волјата и стравот се чудни деривати на човечкото.

Но да не должам, моето растење беше болно колку и адолесцентното. Затоа што усвоив многу доблести кои не знаев дека сум ги носела скриени во себе, како што и човекот со раѓањето ја има целосната клавијатура на забни клавиши во уста. Притоа морав да се откажам од некои животни задоволства, за кои на крај сфатив дека ме уназадувале. Како на пример, луксузот да не мислам на ништо, макар и на пет минути 😀

Oд девојка која секој ден сонуваше блогот „Meмоарите на зеленооката“ да добие еден посетител повеќе , станав носителка на престижни титули. Ама не се возгордеав. Скромно чекав ѕвездите да се постројат во формација која ќе ми го покаже патот. И дочекав.

Во една прилика, една пријателка ми напиша „Скромноста е особина на оние кои ништо не прават.” Но не мислам така, скромноста е одлика на човек кој ја знае сопствената вредност, ама не ја наметнува како доминантна на пазарот. Чека и останатите да направат фактичка процена, да се усогласат. Притоа, во никој случај не се преценува. Тоа е веќе монопол на гордоста.

Шеталиште: Пишувањето е порив кој доаѓа како порака од Бога, па како такво вдахнато во талентот, едноставно мора да излезе на хартија. Кога сфати дека си вљубена во него? Од каде е желбата за пишување?

Јована:
Како малечка често се чувствував осамена, иако постојано бев опкружена со моето семејство и врсниците. Мислам дека тоа е онаа  фаза кога се развива уметничкото во човекот. Осаменоста е предвесник на дарбата. Имав чувство дека на светот постојано нешто му недостига (не бев далеку од вистината) и мечтаев како ќе го променам или дополнам. Не ми требаше долго да ја спознаам магијата на пишувањето. Тогаш сфатив каков моќен капацитет може да биде еден човек, доколку сака…И не, мускулите не беа најсилното нешто кое сум го почувствувала на телото. Ќе подигнеш еден камен блок? И? Што ќе направиш потоа? Со пишувањето тие камени блокови се редат, стануваат пирамиди, па згради, па нови недопрени универзуми, се создаваат ембриони чиј развој го следиш, ги крштеваш кога ќе потпораснат. Ти си Бог на таа хартија. Ти си им судбината. И спасот.

Имав многу обиди за сценарија, стихозбирки, книги во продолженија, дури и се обидов да напишам енциклопедија.  На 11 години јас веќе активно го живеев „ноќниот живот“ на писателите. Со пенкалце и тефтерче под перница, се будев и призапишував по некоја досетка, збор… Другарките дури ме прекаруваа дека измислувам зборови, всушност јас ги користев архаизмите дедови, она што ние битолчани гордо го викаме „старобитолски дијалект“…Ги паметам мирисот на книжарницата во чаршијата „Артерос“ и копнежот по илустрираните книги на Васил Тупурковски, учеството на литературната секција во основното училиште „Гоце Делчев“ и мојата прва награда за творба на патрониот празник.

Ама имав од кого да учам. Љубовта кон книгите од мајка ми, а пишувањето и поддршката од дедо ми, кој некогаш го нарекувале битолскиот Пушкин.

 Jovana.matevska1

Шеталиште: Награди, успеси, достигнувања?! Ќе ни раскажеш ли за твојот пат кон целта? Како се изгради целата таа сензација на соништа кои докажано, веќе ти се исполнуваат?

Јована: Нема да ги споделам сите награди, така мојот одговор ќе потсетува на неуспешен обид да се пополнат повеќе страници во CV, ама сепак ќе бидам долга 😀

Ќе ги издвојам двете награди за најдобар расказ, распишани од општина Охрид во чест на големиот Живко Чинго, добиени во 2020 и 2021 година. Првиот пат за расказот „Гладоморје“ кој на автентичен начин влегува во секојдневието на сомалиските жени-номади, насилството врз нив, војната која од памтивек се води помеѓу мажите и жените и никогаш не стивнала. И овогодинешниов „Пура во Осака“, чие дејство ги следи двајцата живи чувари на „Друштвото на чуварите на македонскиот јазик“, кои низ дијалог се обидуваат да најдат решение за пурата(јазикот) кој полека ни се гасни помеѓу усните.

 

Многу драга награда ми е и наградата доделена од Организација на жени од Битола, по повод конкурсот за денот на жената, каде го освоив првото место со расказот„Јенимаалка“, а се зборува за чорбаџиската доба, кога таткото , виден Битолчанец не ја остава својата ценета ќерка Цена да го прегрне сопствениот творечки потенцијал, сметајќи дека местото на жената е во служба на мажот, не на поезијата.

Тука се и двете откупни награди, добиени во 2015 и 2016 година на конкурсот за краток расказ распишан од дневниот весник „Нова Македонија“ за расказите „Двете дланки“ и „Нештовина“.

Во 2016 година исто така, на конкурсот организиран од Фондацијата Македоника и Унеско за воведување на младите автори во процесот на дигитална публикација,  романот „Писмата во библиотеката“ беше избран меѓу најдобрите и награден во првиот циклус.

Иако не се закитиле со награда јас ги сметам за огромни меѓународни успеси, затоа што во конкуренција од 780 раскази низ земјите на бившата Југословенска Република, моите раскази, учесници на „Бибер “конкурсите влегуваат меѓу дваесетте најдобри  во повеќејазични збирки. Првиот од нив „Индигото на бесот“ влезе и во антологиска збирка меѓу четириесетте селектирани на досегашните конкурси и беше преведен и на англиски јазик.

 

„Тамбовските снегови“ е моето првенче, кое се случува во Русија, во градот Тамбов кој како студентка имав чест да го посетам. Не би можела жанровски да го дефинирам, освен дека е романтична претстава со напнати драматуршки елементи и неочекувана трилерска завршница. Мајка и ќерка, во различни временски периоди патуваат заедно низ Тамбов, ќерката преку дневникот на покојната мајка, кој тукушто го открила. Местата, историските податоци, дијалозите на руски се една пресметана истражувачка нишка да го натерам читателот преку таа книжевна виза да ја почувствува руската магија.

„Писмата во библиотеката“ е роман за тинејџерските грешки. Се случува низ разни локации во Битола, за време на летниот распуст, откако матурантката Јана започнува да зафаќа кривини кои дотогаш за нејзе биле несвојствени. Осамена и збунета, оставена на превојот на последните адолесцентни години, наоѓа спас во една случајна коресподенција која се одвива преку праќање писменца во книгите зајмени од Градската библиотека „Климент Охридски“, проследени со острумни загатки. Започнува збрка и трка да го најде мистериозниот собеседник пред да ја загуби контролата врз она што ѝ се случува на интимен план.

Особено сум горда кога авторот на некоја книга се восхитува на мојата согледба низ неговиот книжевен дурбин. Оваа година рецензиите ги проширив и кон театарот и морам да кажам, пофалбите од тие луѓе, кои се освојувачи на најдолгите аплаузи, упатени кон мојот збор се уште еден успех, кој иако не е запишан некаде како податок, за мене има огромна цена.

Шеталиште: Успехот денес е привилегија на оние малкуте кои ја достигнале пиедесталната среќа! Во тој контекст, би го искористиле по малку „исклишираното“ прашање. Што денес значи да си успешна жена?

Јована:  Успешна жена е злоупотребен поим кој или е претерано издигнат и се препишува како Цефалексин за секоја помала или поголема воспалителна реакција проследена од женското его или е народна изрека за домаќинка. Не!

Успешна жена е онаа која сјае со спокој, која ги негува врските без да се запостави себеси, која придонесува така што пред да биде љубена знае да се љуби самата себеси. Да го подига детето во себе покрај детето до себе. Успешната жена не ја одредува успехот кој другите ѝ го честитаат, сѐ додека таа е свесна дека е универзален и меѓународен систем на мерни единици. Сите се ориентираат според нејзиното мислење и збор.

Жената е револуција која кога би ја кренал маж, никогаш не би се издигнала волку високо. Јас сум успешна затоа што сум здрава и сакана, знам да дадам, но и да подарам внимание, да уживам во пролетта зад прозорецот и насмевката на мојата ќерка. Да се радувам на ладното кафе испиено на ливада или отворениот тефтер во кој наѕира збор кој навестува нови плодила.

Носам толку многу именки: мајка сум, сопруга, ќерка, внука, сестра, снаа, свеска, пријателка , колешка  и таа низа е успехот за кој копнееме од раѓање. Тие именки се мојот накит. Да бидеш успешна жена значи да ги носиш сите титули без никаков притисок. Да сраснеш со нив. Да не ја чувствуваш нивната тежина. Да не станеш деленик кој е помал од делителот, затоа што така секогаш ќе добиваш децимална вредност во однос на другите.

Шеталиште: Што се случува со Јована од иднината? Каде се наоѓа таа и кои се следните планови?

Јована: Расказите нема да ги оставам. Имам цела колона која чека имунизација со последната доза 😀 Напишав еден интересен расказ кој влегува во содржината на збирката „Гладоморје“ , насловен како „Кога лудилото ќе капне на хартија“.  Таму крволочно е претставена борбата на хаотичниот писател (кој истовремено започнува стотици идеи и притоа не завршува ниедна), а се сомневам дека педантен писател (педантен во мислите) постои.

Го довршувам романот „Котелци“ работен според вистинска приказна за мајка и ќерка и нивното самохрано домаќинство, бедата која разводот и разидувањето на возрасните ја носи, раскажана низ невините детски очи. Од сегментите кои досега сум ги споделила, добив позитивна поддршка од читателите, останува да не ги разочарам и да го реализирам делото беспрекорно.

Збирката „Гладоморје“ е на пат.  Таа ќе биде мој книжевен алманах за досегашните успеси со расказите, за жал со исклучок на некои кои биле напишани подоцна, по апликацијата во Министерството за култура. Но имам доволно материјал за уште две 😀 А богами и трпение.

Го тренирам и психологот во мене. Со една издавачка куќа започнавме проект, книга-прирачник за саморазвој, богата со волшебни афирмации, но и задачи за работа и усовршување на себеси.

Шеталиште: Те инспирира ли Градот на конзулите? Има ли шарм во асфалтот и калдрмата на старата чаршија? Живеат ли се уште старите битолски приказни и дали твојата приказна ќе продолжи да се остварува тука?

Јована:
Јас живеам и дишам за мојот роден град. Сум го воскреснувала минатото преку приказните за добра ноќ на моите дедовци, кои сега живеат и низ моите, за убавите кокони за кои ми раскажувале моите баби, за социјализмот и задоволните граѓани кои купувале квалитет во „Отекс“. За кафанчето на Тумбе кафе. Моите чекори сѐ уште ги помнат плочките на ресторанот пред Офицерскиот Дом. Ми зборувале за соживот кој сега е наметнат и никогаш не ќе го почувствуваме.  Кога чекорам низ чаршијата ми се јавува некоја носталгија која не можам да ја објаснам, ни да ја запрам, како да залетнала грутка во грлото. Имам чувство како таму да е собрана сета енергија на покојното еснафство, кое од година во година станува, за жал, ендемски вид .

Да им беше на сите Битола во срцето како што ми е мене, и притоа зборувам за оние кои ја „вардат“ во најрасцутеното годишно време-предизборното, сега ќе живеевме во космополитски град, во еден центар на Европа каков порано била конзулска Битола, без влезот во некакви си политички групации. Не е целта, нас младите да нѐ инспирира само минатото, туку да имаме некоја силна причина и мотив во сегашноста. Ама политичката функција е електричен поводник. Штом некој си го оковал вратот со таков „ѓердан“ со здравје да си го носи. Затоа чиновниците ни се… Ќе ве оставам сами да ја довршите реченицата.

Од друга страна сум бесна. За многу проблеми на општинско ниво, ама ќе зборувам за културата. Не постои ни еден општински конкурс да ги поттикне младите да пишуваат. Но постојат многу тендери за поправки на улици кои со години стојат започнати, а недовршени. Градоначалниците ни се подобри глумци од самите глумци и подобри текстописци од писателите. Око нѐ им трепнува. Јас не сакам да живеам во град кој ќе ми создава клаустрофобија, ќе ми го скратува распонот на крилјата. Јас сакам град кој ќе расте со тие малкумина кои останавме да го возобновуваме, да даваме полет на нашата убава Битола.

Ама градот нема очи за да гледа. Ниту пак чувствува кој сѐ го уништува, запоставувајќи го. Или го гази. Ама нели општина и град се две различни диференцијали? Општината е онаа корумпирана завеса зад која ја крие ротирачката сцена на една урбана средина. Ќе нѐ чествува општината тогаш кога ќе се отселиме и ќе изникне нашето презиме на некоја плоча со срдечна донација за поправка на општински објект. Дотогаш за општината сме анонимни. Додека сме тука, имам чувство како тука да не ни е место. Институциите се слепи и глуви за нас, полноглавите со празни џебови. Ниту една државна институција низ која сум се обидела да влезам за вработување не ми отворила врата. А знаете зошто? Нема надворешни рачки, рачките се само од внатре, за бирократијата да му отвори на оној на кој има желба. Или корист.

Ете, понекогаш и така ме инспирира Битола, низ фрустрацијата, затоа што сакам да ја разубавам и не само преку збор. Во една делирична состојба на општински срам настана и рубриката „Корземјанецот“ кој моментално е на годишен одмор. А можеби се  „вработил“ по Рамковен договор. Не знам долго не сме си пишале 😀

Но на крајот на денот, инспирацијата ја победува фрустрацијата, нели?

Дајте ни ја Битола каква ја гледаме низ легендите и староградските песни ! Таму  барем не постои стилска фигура која се нарекува неподобност.

 

https://setaliste.com.mk/zivot/intervju/%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b2%d1%98%d1%83-%d1%81%d0%be-%d1%98%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b0%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d1%81%d0%be%d0%b2/?fbclid=IwAR0pJynN8RqpC1U5l7D3mYWb0HB6V0uI068XrLPf1AQs6yltzsuqAmIpAmQ

 8ми март 2023

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1908
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2422
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная