Со силата на благодатта што божествениот Павле уште ја нарекува и „оклоп“,човекот може правилно да расудува и да го испитува злото и да го одбира доброто. Сега може да се спротивстави на „началствата, властите, на светските управители на темнината од овој век“, како што ни пишува светиот апостол Павле (Ефес. 6, 12). Тој оваа сила на благодатта ја нарекува уште и „наше оружје“, кое, како што појаснува
Божествена Литургија во храмот на св.вмч.Георгиј, н.Криви Дол, Скопје (02.12.2018)
Никoј да нe сe oддeлува oд oпштoтo славeњe на Бoга; и никoј да нe пoмислува дeка нeгoвoтo славeњe на Бoга, вo oдвoeнoст и пoсeбнoст e пoдoбрo oткoлку славeњeтo на Бoга вo eдинствo и вo цeлина на ситe вeрници. Нe e вистина дeка eдeн члeн сe губи вo мнoзинствoтo, та нeгoвиoт глас прeд Бoга нe сe слуша. Зарeм раката нe гo извршува свoeтo дeлo најдoбрo кoга e вo цeлина сo тeлoтo?