Важи и обратното – кога човек има смирение, тогаш и покрај гревовите што ги прави, и слабостите што ги има, на Бога тој му станува мил и возљубен, и стекнува прошка. Затоа што има смирение, тој ја привлекува Божјата милост. Кога прашале некој светија : што претпочиташ во животот – да видиш добродетелен егоист или смирен грешник? Тој рекол: го претпочитам смирениот грешник.