логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 

Извор:

Високопреосвештениот митрополит Александрополски г. Антим, преку видео кое го прикачи на YouTube, ги повика младите ученици и студенти да дојдат утрово на света Литургија и да им оддадат чест на Тројцата Светители (свети Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст), кои се заштитници на просветните работници и учениците во Грција, при што им вети дека после Литургијата ќе ги почести кафе.

„На излегување од црква ќе ви дадат картички за да одите и да пиете кафе, во кафетерија по ваш избор. Така, тоа ќе биде едно честење од мене. И да ви кажам нешто… Ова story ќе биде најдоброто на Instagram!“, рече митрополитот Антим во своето обраќање, прикачено на социјалните мрежи. Тоа за кратко време стана вирално, исто како и картичките со неговиот потпис, што беа поделени утрото на младите кои се црквуваа во храмовите на Александропол.

Согласно порталот e-evros.gr, картичките на митрополитот Антим за бесплатно кафе после денешната Божествена Литургија, беа разделени во еден миг од страна на учениците и ученичките кои во голем број се одзваа на поканата.

 

Извор: Бигорски манастир

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4265
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4075
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3525
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…