Со напреднатиот распад на формата и содржината на животот, што е плод на технолошката и обездуховена цивилизација од втората половина на нашиот век, кога заедно со сензационалните успеси на модерната наука, сепак најмногу страдаше и сѐ уште страда болниот човек (пред сѐ заради збрканиот однос на лекарот спрема пациентот), сѐ повеќе се чувствува потребата
Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов само тие имаат. Јасно ви е сега зошто пишувам дека сѐ од нас зависи, од нашето покајание, а не од
На оваа мошне сложена тема досега во македонската историографија не е посветен целосен монографски труд, туку истата е обработувана парцијално во рамките на историјата на Македонската православна црква и историјата на градот Скопје и неговата околина. Поради таа причина мислиме дека нашиот интерес за научна обработка на оваа значајна црковна проблематика е оправдан.
Ветување над тебе о великомачениче Евстатие,
исполни Спасителот на сите,
низ мноштво патчиња те приведе Оној Кој стана Патот и Животот твој.
Вo тoа христијанинoт нe трeба никакo да сe сoмнeва. Дoбрoтo дeлo сe шири пo цeлиoт нeбeсeн свeт какo eлeкрична eнeргија. Нeкoј царски чинoвник Магистријан бил испратeн oд царoт нeкадe пo важна рабoта. Патувајќи, Магистријан видeл нeкoј чoвeк мртoв и нeoблeчeн.
По повод претстојниот голем јубилеј на нашиот почитуван архипастир, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј – 40 години од хиротонијата во архијерејска служба, денес нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј, во придружба со Архимандритот г. Доситеј и сестри монахињи од сестринствата на Рајчица и на Пречиста, го посетија Владиката во
Добра е побожноста што ја имаат, добро е и нивното расположение за добро, но потребно е и духовно расудување и широчина, за да не ја следи побожноста тесноградост или тврдоглавост. Целата основа е да имаме духовна состојба, да имаме духовно расудување, бидејќи во спротивно ќе остане во „словото на законот“, а „словото на законот убива“.
Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на другиот, и сакаат да уживаат во видливите убавини на туѓиот живот. Разбирливо е сето тоа, но навистина не знаат што бараат; затоа што тоа е лудост.
Суетата и нејзините деца – лажните духовни наслади, која делува во душата што не е пронижена со покајание – создаваат илузија на смирение. Со таа илузија душата го заменува вистинското смирение. Илузијата на вистината, исполнувајќи ги свештените одаи на душата, на самата Вистина и’ ги заградува сите влезови во таа одаја.
Вистинското поклонување на Крстот започнува во моментот кога, иако во мал степен, иако суптилно, ќе почнеме да работиме на својата душа и да се бориме со нашите страсти - завист, гордост, лутина; кога ќе почнеме да работиме на себеси за да може во нас да се роди нов став кон нашиот ближен. Затоа што односот кон ближниот е вистинското дело, за кое дојде Христос. Ова е вистинскиот подвиг и во тоа се изразува христијанството.
Сосема поинаку забележуваме кај личност која ја има Божјата благодат. Сакате постојано да бидете близу до нејзе, да разговарате со неа, да комуницирате. Нејзиниот збор ве смирува, нејзиниот поглед ве смирува, нејзиното присуство ве опушта. Божјата благодат делува онаму каде што е оваа благодатна, Христова личност.
Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто повеќе од тоа. За нив, тоа е дарот на умно-срдечната молитва и просветленоста на умот; за нив, тоа е и внатрешно духовно покритие за чиновите што ги носат.