АНА БУНТЕСКА: Сите сме се нашле на по една страна од љубовта
Алчноста за мене е болест, која го спречува човекот да ужива во моментите. Онаа неуморна потрага по нови дразби, нови ситуации и некои нови, неискусени доживувања, нè заслепува до тоа ниво што ги губиме скапоцените нешта што ги имаме, намалувајќи им ја вредноста. Впрочем, сите барем еднаш сме го чуле она дека животот се случува додека ги планираме нештата.