Празник на Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достойно естъ“
Ова човечко славословие за Преблагословената добило и небесна потврда, кога Архистратигот Гавриил, испратен лично од Неа, му кажал на „смирениот послушник од Гората Атонска“ дека навистина е достојно да Ја ублажуваме Мајката на нашиот Бог. И токму споменот за ова преславно чудо беше причината за сеноќниот празничен и молитвен собор во Бигорската Обител.