логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Не постои македонска математика, не постои македонска медицина, не постои македонска физика – сите тие нешта, како и странските јазици, можете да ги студирате секаде во светот, но македонистиката (книжевност, уметност, култура) – само во Македонија! Згаснаа дури и најважните лекторати по македонски јазик секаде во светот. Тоа е национална мизерија!

 

Со Венко Андоновски можете да разговарате на многу теми – македонскиот јазик и литература, неговите романи и драми, местото на домашниот автор на сцените во театрите. Но, овој пат избравме најмногу да се осврнеме на интересот за македонистиката кај нас, за сè помалиот интерес на младите да ги изучуваат својот јазик и култура. Андоновски е професор на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности и не ја крие загриженоста од тоа дека македонистиката е „вид во исчезнување“ и дека „самите си ги бришеме јазикот и културата“.

Факултети.мк: Во последните неколку години се намалува интересот на студентите за оваа катедра. Можете ли да ни поткрепите со бројки?


-Интересот е паднат, од некогашните 40-45 новозапишани студенти, сега паднавме на 15. Но, бројките и не се толку важни, важно е дека бројот на студенти на националната катедра за книжевност е во драстично опаѓање и тоа поради структурни причини – статусот на македонистиката не во рамките на Факултетот, туку во општеството, воопшто. Она што посебно загрижува е што македонистиката е речиси „вид во исчезнување“ –целосно погрешната образовна политика и натаму се обидува на образованието да гледа како на стока, која треба да има конкурентна вредност. Паметните држави никогаш не ја ставаат својата матична култура на пазар и не ја изложуваат на „пазарни закони“, особено ако е мала култура во прашање. Во глобалната војна меѓу јазиците, во која победува англискиот јазик, иако одвреме-навреме му се закануваат шпанскиот или кинескиот, македонскиот јазик изгледа како „децимален“ – колку треба да е човек луд или необразован, па да го рангира, во образованиот систем како конкурентен со џиновските јазици? Бројот на студенти по македонски јазик и книжевност никогаш нема да биде, а и не треба да биде еднаков на бројот на студенти по англиски, шпански, германски... Со години јавно апелирам дека за националните катедри по македонски јазик и македонска книжевност треба да се воведе специјален закон, lex specialis, и дека тие дисциплини треба да се финансираат без разлика на бројот на студенти, дека треба да се ослободат тие студенти и од партиципација, дека државата треба да ги преземе без збор и приговор сите трошоци за нивното школување на свој грб, а дека ние, професорите на тие катедри, при уписот треба да ги одбереме најдобрите, за само тие да ја стекнат привилегијата да студираат на таа катедра. Затоа што, внимавајте – не постои македонска математика, не постои македонска медицина, не постои македонска физика – сите тие нешта, како и странските јазици, можете да ги студирате секаде во светот, но македонистиката (книжевност, уметност, култура) – само во Македонија! Згаснаа дури и најважните лекторати по македонски јазик секаде во светот. Тоа е национална мизерија. Самите си ги бришеме јазикот и сопствената култура. Ние сме вандали со самоисториска склероза!

МАРКЕС ДЕНЕС НЕ БИ СЕ ПРОБИЛ

Факултети.мк: Дали можеби овој загрижувачки тренд е одраз на отуѓување од својот јазик, литература, од својот идентитет? А, од друга страна, ја нема повеќе ниту сликата кога беше буквално „тепачка“ за влез на некоја од катедрите што ги негува странските јазици, како англискиот и германскиот.


-Најпрвин, и за жал, на Филолошкиот факултет не е веќе „тепачка“ ни за упис на англистика или германистика, или италијанистика, како што беше некогаш. Минаа тие времиња. Катедрите за италијански и англиски беа фаворити според бројот на новозапишани студенти на Филолошкиот факултет, запишуваа по стотина студенти. Денес бројот на студенти е речиси десеткуван. Тоа се должи на три нешта: прво е конкуренцијата од други универзитети. За тоа се имам изјаснувано повеќепати, а „дневното“ отворање универзитети го сметам за политичко-образовно самоубиство на Македонија, зашто - да се има повеќе универзитети од амбуланти на територија во која авионот не може да полета и да слета, а да не повреди туѓа територија - може само во ненормална држава. Второ, тука е и една сè посилно изразена свест кај идните студенти дека и јазикот не е веќе гарант за идно вработување, дури и во странство, затоа што и Европа е веќе превработена. За вработување кај нас веќе и да не зборуваме.

Посебен, трет фактор е глобализацијата на светската книжевност, на која не е имуна ни македонската книжевност. Локалните култури паѓаат под налетот на глобализацијата и ги губат своите автохтони својства. Денес веќе нема домородни култури – сите се раѓаат во англискиот јазик и некаква имагинарна европска или светска култура, која е илузија, и која фактички не постои, како што не постои ни европска држава и заедничка европска цивилизација. На дело е ревидирање на поимот светска книжевност, преку неосталинистичко униформирање според критериум – тема на книжевното дело. Од таа гледна точка, денес во светот за книжевност (добра) се сметаат само бестселерите, и тоа напишани на точно зададени, глобални теми: тероризам, грабнување деца од сити-молови, трговија со човечки органи (и тоа, се разбира, каде на друго место ако не на „валканиот Балкан“ или таму некаде кај Садам Хусеин), либерализација на хомосексуалните врски и бракови (ЛГБТ), а до пред десетина години – крвавите војни на мрачниот Балкан. И се разбира, лесна љубовна приказна, во мелодрамски (лимонада) клуч, по можност меѓу припадници на различни националности и вери, во име на мултикултурализмот. Маркес денес не би успеал да се пробие зашто тргна од неговото село Макондо (локална тема), без разлика што ни упати универзални пораки, за сите раси, средини и епохи. Се заборави целосно дека добрата уметност секогаш тргнува од локалното (зошто јас да пишувам за трагичната судбина на Леонардо да Винчи кога не е дел од мојата култура?), но тоа „локално“ го возвишува до универзалија? И Чехов и Гогољ би пропаднале зашто пишуваат за руската бирократија (иако пишувајќи за неа го опишуваат универзалниот дух на светскиот бирократ, како тип на личност). Затоа, младите и амбициозни македонски писатели сѐ повеќе ќе избираат „светски теми“ и познати светски личности за свои ликови – за да бидат препознаени од светот како „светски писатели“. Лично, убеден сум дека тоа не е добро, затоа што тие автори го бришат посебното во универзалното и си ги сечат богатите корени на традицијата. Тие можат да бидат и одлични писатели, но не гледам по што би биле – македонски писатели. Моето предвидување е дека наскоро катедрите за светска книжевност ќе се преименуваат во катедри по глобална книжевност; под светска книжевност се подразбираше букет од национални книжевности, а под глобална книжевност ќе се подразбира една книжевност, напишана најверојатно на само еден јазик. Јазикот на парите, економијата и комуникацијата, а тоа денес е англискиот. И тоа влијае врз опаѓањето на интересот за матичната, македонска култура и книжевност.

Факултети.мк:Многу често ќе слушнеме дека младите се загрижени, а поучени од повозрасни примери, за тоа што ќе можат да работат кога ќе дипломираат македонска книжевност, зашто добар дел од нив лекторираат, преведуваат. Што би им порачале?


-Да се запишуваат на македонистика само ако тоа го сакаат. Не затоа што „таму е најлесно да се заврши“. Не затоа што „македонскиот е полесен од англискиот“ (што, се разбира, не е точно). Како и да не ја избегнуваат оваа катедра затоа што „нема работа“. Среќата во животот на човекот во висок степен доаѓа од фактот дека го работиш она што навистина го сакаш и те исполнува.

РЕДИЗАЈН НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ

Факултети.мк: Тоа е област која државата сигурно треба ја поддржи, со оглед на тоа дека не може целосно да се препушти на приватниот сектор. Што може и самиот факултет да направи за привлекување внимание?


-Се надевам дека наскоро и оние што ќе бидат на власт ќе си го стават прстот на чело и ќе донесат закон со кој студирањето на оваа катедра ќе стане национална привилегија – со стипендии за стимулација на националната култура, со гарантирани работни места (како што правеа и прават некои странски култури кога отвораат јазични студии овде за да остварат културна доминација во Македонија). За мене е логично и нормално културна доминација во Македонија да има македонската култура, пред англиската, француската, италијанската... Пред секој упис правиме агитација. Но, тоа е кампања, како и политичката, и тука луѓето се лепат на пари; кој ќе има полуксузна кампања, тој ќе привлече повеќе затоа што, наводно, нуди и подобри услови за студирање. Но, Факултетот треба најбргу да доживее: а) редизајн на студиските програми, кои треба да се осовременат и б) да ги реши просторните проблеми и да се опреми со техника и најсовремена наставна инфраструктура. Во моментов, Факултетот има нова деканска управа која многу добро го знае тоа и се надевам на брзи и убави резултати, и за А, и за Б.

Факултети.мк: Вие сте еден од најпоставуваните автори во последните десетина година во нашите театри. Факт е дека националната драма, речиси без исклучок, секогаш буди интерес кај публиката. Треба ли домашниот автор да има поважно место на театарските сцени?


-Треба нови, помлади и најмлади автори. Ние (мојата генерација) и моите претходници главно си го кажавме своето, изградивме свои препознатливи стилови и светови, израснавме со наши режисери и цели генерации артисти. Треба да се стимулираат млади автори кои ќе повлечат и млади режисери и млади артисти. Тие самите ќе решат дали ќе тргнат по „глобалистичката“ книжевност или ќе се однесуваат (се разбира и критички) кон сопствената традиција. Или ќе го постават едното искуство врз другото. Мислам дека им недостига охрабрување – и тие се збунети од брзата редефиниција на поимите „книжевност“ и „театар“ на светско ниво во последниве децении. Збунети се колку брзо тоа од уметност се претвори во шоу и полуестрада, во популарна уметност. И не знаат кој пат да го фатат. Треба да се охрабрат. Да нѐ заменат. Ако треба и да нѐ истиснат.

Факултети.мк: На што сте фокусирани периодов, да очекува ли Вашата публика во 2017 г. можеби нов роман или поставување на Ваш текст?


-Нов драмски текст нема да има на сцена. Пишувам еден, се обидувам да понудам нешто ново, да засечам малку критички во традицијата. И пишувам еден питом, љубовен роман за една безнадежно социјално неадаптибилна личност. Господ знае што од тоа ќе излезе, зашто сите ние, со оглед дури и само на овие проблеми што ги напоменавме, го изгубивме личното спокојство. Ни треба смирение.
 
Објавено на 26.12.2016 во категорија Образование
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Извор:

http://www.fakulteti.mk/news/16-12-26/intervju_so_venko_andonovski_samite_si_gi_brisheme_jazikot_i_sopstvenata_kultura_nie_sme_vandali_so_samoistoriska_skleroza.aspx



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2030
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2551
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная