Митрополит Европски Пимен : Беседа за Блудниот син
Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се пофалат дека тие секогаш биле примерни.Да си спомнеме и дека во Царството Небесно не е ограничен бројот на места и дека никој ничие место не зазема. Секој има свое (спечалено преку делата на покајание) и затоа не треба да се труди во својата злоба да затвора врата на оние кои сакаат да се вратат.