Скопје, 23ти мај 2020 г.- Соборен храм Свети Климент Охридски
(5недела на Воскресение)
Свето евангелие според светиот апостол Матеј 13:54-58
На 23ти мај 2020 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде скршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа тешко болен и тогаш бива издаден од својата кашлица."
На 23ти мај 2020 година, во петата недела на Воскресение, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прослави споменот на Св. ап. Симон Зилот; преп. Исидора Јуродива; бл. Таиса, во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје, старешината на храмот о.Златко Малинов отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургијата отецот произнесе беседа од житието на денешните светители.
Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (09.09.2019)
- Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (10.06.2019)
- Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (08.06.2019)