логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Повеќеслојната историска претстава за св. Кирил и Методиј нема до крај да биде проследена и културолошки презентирана доколку не се согледа и нивната улога како устроители на првото словенско писмо – глаголицата, но и како кодификатори на старословенскиот богослужбен и книжевен јазик. Ваквиот висок цивилизациски и културолошки чин се иницирал и се реализирал во функција на подготовките и спроведувањето на т.н. Моравската мисија, којашто со политичка одлука била одобрена од византискиот императорски совет уште во 862 година, а се одвивала во периодот меѓу 863 и 885 година.

3.angeli.so.truba
Но, за успешното спроведување на мисионерскиот чин за словенско просветителство првовремено се испречил проблемот што сè уште немало устроени словенски букви. Дури и порано да имало некаков обид за устројство на словенска азбука при евентуалната изведена Брегалничка мисија во Македонија, таквиот ортографски чин останал недореализиран поради воениот и политички крах на византиското словенско кнежество на св. Методиј во брегалничко-струмичкиот крај при бугарските освојувања во 855 година.

Всушност, еден период по христијанското покрстување Словените правеле обиди да пишуваат на својот јазик – но „без устројство“, т.е. без да имаат свое словенско писмо. Таков бил случајот кога во својство на управител на словенското кнежество во Македонија св. Методиј го напишал правно-каноскиот состав „Закон за судење на луѓето“ на тогашен словеномакедонски јазик, но со византискогрчки букви. Затоа по 7-8 години за потребите на словенската мисија во Моравија следела приоритетната обврска да се устрои словенско писмо, да се стандардизира богослужбен и книжевен старословенски јазик, а и да се преведат од византискогрчки нужните богослужбени и проповедно-поучни книги. Таквата одговорна и историска улога ја предводел св. Константин-Кирил.



Токму во родниот град Солун св. Кирил и Методиј имале идеални услови да ги спроведат подготовките за почетоците на словенската писменост. Над сè, на самиот терен од околината на Солун можеле изворно да ги користат македонските словенски говори, за врз основа на македонскиот народен гласовен систем да устројат компететна – фонетски структуирана словенска азбука и да стандардизира општ словенски богослужбен и книжевен јазик. Тоа значи дека старословенскиот богослужбен и книжевен јазик, како и првото словенско писмо глаголицата, проникнале од изворот на македонската народна говорна основа, а постапно од Моравската мисија натаму овие лингвистички и ортографски процеси се восприемале како општословенски цивилизациски придобивки на нормиран старословенски јазик и на устроено прво словенско писмо – познато како глаголица.

Следствено решавањето на старословенското азбучно и богослужбено-книжевно јазично прашање во втората половина на IX век било иницирано во контекстот на византиските стратешки интереси за просветителските потреби да се покрене Моравската мисија во 862/863 година, а неговата историска афирмација се зацврстила подоцна во 868 година со црковнополитичката позиција на папата во Рим – кога ги благословил словенските книги и глаголичкото писмо и дозволил да се богослужбува на словенски јазик.

Во палеославистиката секогаш е актуелно прашањето како св. Кирил и Методиј ја устроиле словенската азбука, а истовремено и како го стандардизирале старословенскиот (црковнословенски) богослужбен и книжевен јазик?

Пред сè кон ваквата задача светите Браќа се однесувале одговорно и пристапиле да ја реализираат со високо стручно ангажирање. Не треба да се исклучува можноста светите Браќа да зеле и свои учени соработници од словенскиот род, кои добро го познавале словенскиот мајчин јазик и во голема мерка им помогнале во прецизирањето на диференцијацијата на одделни словенски гласови. Секако дека нивните соработници биле од околината на Солун, од родот на македонските Словени. Тие станале нивни ученици и следбеници во ширењето на словенската цивилизациска свест. Во случајов во прилог оди и претпоставката дека св. Климент и Наум Охридски биле едни од тие нивни соработници, а како такви станале и доследни спроведувачи на кирилометодиевската традиција.

Првата стандардно устроена словенска азбука глаголицата настанала како резултат на стручна филолошка работа, при која се имале предвид искуствата од писменото функционирање на повеќе туѓи азбуки. Во тој прилог оди и констатацијата дека св. Кирил познавал повеќе писма, како на пример: византискогрчкото, еврејското, арапското, римолатинското, египетското, готското, и др. Но, устроеното и стандардизирано словенско писмо глаголицата по форма било оригинално и во него немало механички позајмени графеми (знаци или букви) од друга азбука, иако во извесна смисла ги поддржувало основните методолошки пристапи од византискогрчкото или од еврејското ортографско искуство. Во тој контекст се мисли на: почнувањето на азбуката со буквата А, редоследот на буквите (а меѓу нив соодветно се подредени знаците за карактеристичните словенски гласови), секоја буква има и бројчана вредност (новите словенски графеми имале соодветни бројчани вредности, при што и следи нивното несовпаѓање во однос на византискогрчките графеми), секоја словенска буква има свој назив (но главно тој бил преземен од словенскиот јазик), и сл.

3.angeli.so.truba

Глаголицата се устроила според основниот фонетски принцип – за секој глас да има соодветна графема, т.е. знак. Исто така, до израз дошло и вештото стилско оформување на структурните форми на тоа писмо, во чија основа доминираат елементите на крстот (симболот на христијанството), триаголникот (симболот за Света Троица) и кругот (бескрајноста на божеството). Тоа сведочи дека словенската азбука настанала како резултат на стилска промисленост и на семантичко-семиолошка инвентивност и елоквентност. Но, за оваа пригода треба да се истакне и определбата на глаголицата како иконично писмо, преку кое симболично се манифестирала актуелната идеологија на времето кога настанало првото словенско писмо – по поразот на иконоборството во 843 година и повторната канонска официјализација на иконопочитувањето.

Од аспект на нашево современо проследување, првата устроена словенска азбука глаголицата треба да се прифати како конкретна писмена појава произлезена од барањата на определената историска неопходност во 862/863 година. Едноставно еволуцијата на тоа време ја отворила вратата за влез на словенската писменост во новите цивилизациски прелевања и односи меѓу народите во Европа, афирмирајќи се како трета христијанска цивилизација и култура словенската – веднаш по византискогрчката и по римолатинската.

Со глаголицата почнале да се пишуваат првите преведени книги на старословенски јазик, а тие се применувале при воведувањето на словенската богослужба во Моравија. Пред сè се превеле изборни текстови од евангелието, апостолот, псалтирот и неопходните служби (празничниот минеј). Се посветило големо внимание и на просветувањето ученици, за да научат да читаат, да пишуваат и да богослужбуваат на словенски јазик. Од поталентираните ученици произлегувале книжевници, кои пишувале, преведувале или препишувале книги за потребите на словенската богослужба или за проповедите по храмовите. Од редот на учениците произлегло словенското свештенство во Моравија. Сево ова било резултат на интензивната просветна, книжевна, но и на проповедната дејност што ја вршеле светите Браќа уште од самото доаѓање во Велеград, престолнината на Моравија.

Особено дошло до израз спроведувањето на богослужбената и на проповедната дејност, зашто за краток период се превел на старословенски јазик целиот богослужбен чин (за утрената, часовите, малата и големата вечерна, литургијата), кој веќе во моравската црква се практикувал според источноправославниот типик. Во своите проповеди ги просветувале христијаните да не ги прифаќаат остатоците од паганството. Но, уште во почетокот од нивната дејност се судриле со интересите на франечкото римолатинско свештенство, кое постепено почнало да ја губи духовната доминација меѓу западните Словени. Токму од тие причини франечките великодостоинственици биле непријателски настроени кон распространувањето на старословенскиот јазик во богослужбата и во писменоста. Св.Кирил бил обвинет дека ги нарушува светите позиции на традиционалната духовна и писмена цивилизација во христијанскиот свет да се пишува и да се проповедува на трите јазици: староеврејски, римолатински и византискогрчки.

Ваквата тријазична доктрина не била продукт на времето во кое дејствувал св. Кирил и брат му св. Методиј. Старата тријазична идеологија влечела корења уште од далечниот IV век, но официјално неа ја афирмирал книжевникот Исидор Севилски (570 – 636), повикувајќи се дека на тие три јазици Пилат заповедал да се напише натписот на крстот на којшто бил распнат синот господов Исус Христос. Тријазичната теорија се ширела низ вековите како во римската, така и во источната црква, а секое богослужење на сопствениот јазик се квалификувало за еретичко дело. Официјалниот јазик во источното христијанство бил византискогрчкиот, а во западното исклучително се восприемал римолатинскиот.

Токму во втората половина од IX век тријазичната доктрина се нашла пред јавна демистификација, на која жестоко ѝ се спротивставиле токму св. Кирил и брат му св. Методиј. Особено дошол до израз јазичниот полемички судир во Венеција на св. Кирил кој се поставил во одбрана на словенскиот јазик, кога приврзаниците на учењето за трите јазици во христијанството ги нарекол со називите тријазичници или пилатовци. Тоа учење го сметал за нехумано, за што и со огромен ентузијазам се впуштил во борба против тријазичниците – проектирајќи го новиот хуманизам во духовниот и во културниот однос за рамноправноста на јазиците и за еднаквоста меѓу народите. Ваквиот епохален подвиг на св. Кирил и Методиј да се изборат за еднаквост на словенската богослужба, книжнина и писменост во глобалниот христијански духовен и цивилизациски феномен претставува извор од којшто протече идниот тек на афирмацијата на словенската цивилизациска свест, еднакво кај сите словенски народи – меѓу кои и кај Македонскиот.

3.angeli.so.truba

Токму врз изворните словенски цивилизациски вредности што ги афирмирале св.Константин-Кирил и Методиј се надоградува и континуитетот на македонскиот словенски културноисториски идентитет, напојуван од делото на најистакнатите Кирилометодиеви ученици и нивни следбеници св. Климент и Наум Охридски, како и од нив формираната Охридска духовна и книжевна школа.

 

Извор:

https://republika.mk/vesti/kultura/prof-ilija-velev-sveti-kiril-i-metodij-kodifikatori-na-staroslovenskiot-bogosluzben-i-knizeven-jazik/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1908
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2421
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная