Заупокоена Литургија во храмот Рождества на Пресвета Богородица, Скопје (29.05.2020)
Невозможно е да не се тагува, таква ни е душата; но со мера. Што е поважно за човекот: телото или душата? Душата. Кога душата е жива и човекот е жив. А кога тој умира, што умира: душата или телото? Телото, а душата останува жива. Значи, умрените се живи; живи се и вашите родители. Тие само се одвоиле од вас и живеат на друго место. Таму ќе отидете и вие кога ќе ви дојде времето – и ќе се видите.