Света Божествена Литургија во Храмот Свети Николај во нас. Аеродром
Знаете ли што значи крстот? Да го носиш тоа што не ти се допаѓа – но со радост
О. Арсениј Папачок
Во 16 недела по Педесетница кога го празнуваме и празникот на Воздвижение на Чесниот Крст во храмот посветен на св. Николај Мирликиски Чудотворец во нас. Аеродром, презвитер Бобан Митевски отслужи Света воскресна богослужба.
Со Величание на Чесниот крст беа пеени богослужните стихови и верниот народ се поклони на Животворниот Чесен Крст Христов. На литургијата многуброен народ, дечиња, мажи и жени пристапи да се соедини со Пречистите Тајни, крвта и телото на нашиот Господ Исус Христос!
Запомнете: „Праслика на секоја љубов е жртвата на Голгота, самиот себе да се дадеш без задршка!"
Подготви: Дара Ј.Б.