Митрополит Струмички Наум - Избор (11.12.2016 )
Богочовекот Исус Христос ги победи ѓаволот, гревот и смртта – и тоа ги победи за нас, и наместо нас, и го обезбеди нашето вечно благобитие. Ѓаволот, неговите демони, неговиот слуга – антихристот, гревот и смртта се поразени. Наше е само слободно, со вера и на дело, да избереме дали ќе учествуваме во победата на Богочовекот или во поразот на ѓаволот, и никакви други победи или порази не постојат на овој свет, и никаков друг суштински избор немаме.