логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER792

        Не изгореа само жртвите во ,,Пулс” , изгоревме цела генерација млади, изгоре моето Кочани, ни изгореа душите. Како да го опишам гневот, кога солзите не можат да го изгаснат пожарот?
Јас сум генерација 2004. Генерација на соништа, надежи, младост што штотуку почна да го дише животот. Но, мојата генерација повеќе ја нема. Моите школски другари, децата со кои пораснав, со кои делевме сендвичи на големите одмори, со кои се смеевме за глупости исчезнаа во пламенот. Нивните гласови последно ја испееја ,,Ако утре ме нема” , а сега се само ехо во пепелта. Отидоа на диско за да се опуштат од испитна сесија, од напорите што ги вложуваа за соништата кои требаше да ги остварат во иднина, за да го видат симпатијата надевајќи се дека утре ќе ги викне на пијачка.. и сега?
И додека мајки со растреперени раце ме бараа, надевајќи се дека ќе им кажам дека нивното дете е живо, додека телефонот ми ѕвонеше со очајнички крици, во истиот момент, мојот екран се полнеше со нотификации. Нотификации од партиски ботови, од бездушници што не знаат да оддадат почит, туку пробуваат да собираат политички поени на мртвите тела на моите другари. Кога ги баравме нашите и кога размислувавме каде во моето мало Кочани ќе погребаме 100 деца тие си организираа протести. Кога мајките плачеа, тие броеја политички поени. Кога мртвите тела уште гореа, тие зборуваа за партии.
Бездушниве не размислуваа дека полицијата треба да помага за транспорт на мојата изгорена генерација, себично сакаа да ги штити протестите кои се обидуваат да ги оргазнизираат, но нема да ве поштеди Бог! Тие што мислат дека можат да ја зграпчат оваа трагедија како политички капитал, тие што не знаат што значи почит и жал, тие што го газат пепелот на нашата генерација со валкани јазици нема да ви биде простено. Си ставила црвено карминче и излегла на прес да зборува за моите другари кои сега се пепел. Ќе ве суди Господ!
А ние? Ќе жалиме, ќе плачеме, ќе ја носиме оваа болка засекогаш. Ќе оставаме свеќи, ќе ги паметиме нашите и сите идни успеси кои ќе го променат трулиов систем ќе им го посветиме на нив.
И ќе чекаме правда која на оној свет секако ќе ги стигне, ама ќе се погрижиме да ја добијат и на овој.

 

фб Ivona Todorova



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2357
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2884
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Митрополит Струмички Наум: Социјалните мрежи и антисоборното однесување: Современи предизвици за црковното единство

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

29/03/2025 - сабота


Велигденски пости;
(на масло)

Св. апостол Аристовул; Св. маченик Савин; Св. свештеномаченици Трофин и Тал;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец -МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов апостол Аристовул епископ Британски 29 март/16 март 2025

Тропар на св.Христов апостол Аристовул епископ Британски 29 март/16 март 2025

Исполнет со благодат Христова,епископе свети Аристовуле,светило сјајно постана во земјата Британска.Смирено и трпеливо работејќи на нивата Господова,мноштво страдања и неволји...

Тропар на светиот Христов маченик Никaндар 28 март/15 март 2025

Тропар на светиот Христов маченик Никaндар 28 март/15 март 2025

Радоста од подвигот за Христа принесенуште повеќе ја збогати душата твоја о лекаре Никaндар,кога срцето со благодат се исполни и...

Тропар на преносот на моштите на св. Никифор Цариградски  26 март/13 март 2025

Тропар на преносот на моштите на св. Никифор Цариградски 26 март/13 март 2025

Велики Никифоре, пастиру на стадото Христово,денес црквата глас кон Бога за тебе подигнува,денес Господ благоизволи чест натвоите свети мошти да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная