(Архива)
Важи за сите!!!
Дрскоста не е храброст, кукавичлук е!
Навредите не се модерни, излитени се!
Озборувањето не е интересно, заморно е!
Лошотилукот не е здрав, те гние одвнатре!
Потсмевот не е хумор, некултура е!
(иснпирирана сум и згорзена од фејсбук и сите негови популарни или непознати претставници. Со години гледам како највеќе поддршка добиваат лица кои се исмеваат на нечии неспособности, на неможност да се изразат, на смешно поставени прашања. Истите тие се фалат дека со нив не можеш, бидејќи се брутално искрени, но не дај Бооооже ним некој да им се обрати истотака брутално искрено.
Воедно гледам со години како борците за одредени права самите ги газат истите права на уште пострашен начин. Стварно мислам дека со ова ниво на меѓусебен разговор нема да стасаме никаде. Темата не секогаш е политика. И за крај со години гледам, а во оследно време станува жестоко, употребата на ФБ за тој шо кажал, па после тоа шо тој некој нешо кажал како го кажал, па на тоа одговор дека не го кажал така и така до недоглед.
И за крај, заморно, да се каже нешто колку да се биде интересен, макар и 20 минути. Последно ме извади од памет дека Јана (што ќе оди на Евросонг) имала татко кој бил во сдсм. Е, и?! Сериозно е ова толку глупаво да се каже, толку е несуштинско, неважно, исцрпувачко.)
Дрскоста не е храброст, кукавичлук е!
Навредите не се модерни, излитени се!
Озборувањето не е интересно, заморно е!
Лошотилукот не е здрав, те гние одвнатре!
Потсмевот не е хумор, некултура е!
Maja Platnar
fbСју С.