Љубовта е основна тема во Месопусната недела (06.03.2016)
На овој ден, од Евангелието се чита Христовата парабола за Страшниот суд (Мт 25,31-46). По каков закон Христос ќе ни суди кога ќе дојде во тој ден. Во параболата се одговара: Љубов, и тоа не само хуманитарна грижа за апстрактна правда и за анонимниот „бедник“, туку конкретна и лична љубов кон човекот, кон секое човечко суштество што по Божја волја ќе го сретнеме на нашиот животен пат...