Архимандрит Андреј (Конанос) - „Јас не можам да имам ништо заедничко со него“
Господ вели: возљуби го ближниот твој како самиот себе (Матеј 22:39). Односно љуби го другиот и разбери го така, како што се љубиш и разбираш самиот себе. А дали ние се љубиме самите себе? Да се љубиш себеси не значи дека јас треба да потрошам еден час вртејќи се пред огледало, јас не мислам на тоа, туку тоа што јас се почитувам и ценам себеси, се грижам за себе.