логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Фанатизмот и духовниот раст

TVIT25

Да не бидеме фанатични за ништо. Да не го присилуваме нашето дете, сопруг (сопруга ) , за ништо. Да се помолиме за нив и да ги сакаме. Да бидеме нежни. Да им дадеме време да си го пронајдат сопствениот ритам, моментот кој ќе им го промени животот. И секој ќе го најде одговорот во своето срце.

Иако долги години одиме во црква, тоа никако не се забележува. Прашањето е: ако поминуваме толку многу време во Црквата, што ние правиме таму? Па, јас сум во црква од мал, но дали напредувам или стојам во место?
На пример, веќе пет години посетувате часови по англиски за да го научите јазикот. И тогаш одите на аеродром и кога треба да се чекирате, се испоставува дека не можете да направите ни таква основна работа. И мајката му вели на своето дете:
- А што правеше на тие часови овие пет години? Ајде, кажи нешто, разговарај со мене.
- Но, сè уште не сум научил да зборувам англиски!
- А што научи тогаш?
Дали ме разбирате на што мислам?

Еве, некој оди во теретана, неговата тежина е 90 килограми. Поминуваат пет месеци, а тежината е зголемена на 105. Го прашуваат? - Па што правиш таму, каде одиш цело време? А тој одговара: - Тоа  се  сè  мускули! Ги изгубив сите масти и добив мускули!

Сакам да кажам дека кога се занимаваме со нешто, природно е да се надеваме на видлив резултат. Да се видиме себеси во малку изменета состојба.

Многу жени го велат вака: - Гледам во семејството и одамна одиме во црква, но дома уште си викаме, се навредуваме, се уште сакаме да се разведеме и покрај се, и понатаму нема љубов меѓу нас... А по што можеме да разбереме дека животот во Христа н менува? По тоа што таквиот живот нѐ принудува да напредуваме и духовно да се развиваме, да растеме. И за тоа има неколку показатели.

TVIT26

Првата е дека колку повеќе успевате, толку повеќе ја преточувате ( пренесувате ) надворешната среќа во внатрешна. Ако сакам да бидам среќен според материјалните  критериуми, тогаш сакам добар стан, скапа кола, пари, удобност. Сето тоа е надворешна среќа. И ако духовно се развивам, тогаш таа надворешна страна на животот веќе нема да ме окупира до тој степен. Односно, можеби немам кола, но ќе бидам добро, ќе се возам со автобус, или другарите ќе ме превезат до некаде. Исто е ако немам раскошна куќа, пак се ќе биде во ред во мене. Еден од показателите дека успевате во духовниот живот е тоа што не посветувате толку многу внимание на работите што ве опкружуваат. И да ти е станот беден, срцето ти е радосно затоа што си со жената и децата. Тоа е успех. И веќе не паѓате во депресија, бидејќи косата ви се “ разбушавила “!
Тоа се знаци на почетник. За оној што е на почетокот на патувањето, сите други се виновни. Но, тоа не е случај со оној кој поминал години со Христа. Другите не се виновни за него, тој секогаш ќе наоѓа смирение и ќе смета дека сето она што го опкружува е добро. Поради ова, многу луѓе кои се приврзани за материјалните работи, денес во време на криза, страдаат.
Оној што беше среќен до почетокот на светската економска криза,тој е и сега среќен, бидејќи никогаш не бил врзан за надворешни работи, никогаш не размислувал што ќе пие денес - Кока-Кола или вода: „Што и да е, ќе пијам вода. И нема да купувам нова облека, ќе одам во стара. Нема да одам на одмор во скап хотел, ќе одам во моето село и ќе живеам поедноставно“.
Пријатно е да се биде со духовно успешен човек, кој е кроток и не се жали. А дали вие секогаш се жалите? Имам сестра од вујко ми, неодамна разговарав со неа на телефон. И таа ми рече:
- Отец, сакам да те прашам нешто. Дали вашите емисии воопшто имаат некакви резултати?
- Што мислиш со тоа?
- Луѓето ги слушаат, но имаат ли корист од тоа?
- А зошто ме прашуваш?
- Само од љубопитност. Дали водите некоја статистика?
- Знаете, таквите работи не се мерат со статистика. Тоа само Господ го знае.

TVIT28

Кога би водел статистика, ќе сфатам дека човек не се менува така лесно. Еве, еден господин од Атина веќе десет години ме моли да и кажам на жена му да исправи само еден нејзин недостаток - да не мрмори, да не ропта. Тој ми вели: „Отец, те молам кажи ми: што правеше мојата сопруга со тебе сите овие години? Кажи и да престане да кука веќе еднаш! Ако  тоа го направиш, ќе запалам свеќа, висока колку тебе! Кажи ѝ, таа те слуша“.
А јас, му прошепотев: „Таа дури ни мене не ме слуша... Ме почитува додека и  одам по ќеифот, но ако и згазнам на пета, веднаш почнува: „Оче, те молам! Не можеш да застанеш на страната на мојот сопруг! Мора  со мене  да се согласиш!“ А нејзиниот сопруг ме прашува: „А каков духовен успех е тој, кога уште кука, се нервира и вика?...“
Друг показател за духовниот раст е единството. Обединување на срцата, обединување на луѓето, обединување на душите. Тоа е показател дека човекот станува се подуховен. Кога човекот не дели, туку обединува. Не мисли дека другите се секогаш лоши, грешни, зли, не вели дека сите се подли. А ако се чувствуваш така, значи дека си далеку од Христа. Оној кој напредува на духовен план смета дека сите останати се добри. Потоа ги оправдува луѓето: дури ако некој и погреши,тој разбира дека има своја причина. А со злобниот човек, доволно е малку да поразговараш, па ќе почне да плаче. Понекогаш разговарам со некого и гледам човек кој се чини како да е пуштен од затвор. На крајот тој последен ми приоѓа и плаче.
Мора да постои причина да бидеш лут. Но ако заборавиш на сето тоа, тогаш ќе бидеш во единство со луѓето и нема да се чувствуваш отфрлено. Тогаш ќе го сакаш ближниот дури и ако тој се паркира токму пред влезот на зградата, или ако ја чува кесата за ѓубре пред твојата врата. Можеби е нерасположен, чуден, но во него почива една болна душа, несигурна, оптоварена со проблеми. Имај на ум дека последната молитва што Христос ја изговори пред да го напушти овој свет беше оваа: „ За да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. “. (Јн. 17:21). За да не се делат луѓето, да не се распаднат на илјадници фракции и партии, туку да имаат љубов, да бидат обединети. Ако сте обединети со луѓето, се ќе ви оди од рака.
Една жена од странство ми напиша дека за малку ќе ја изгубела верата, иако нејзините родители се богослови. Но зошто? Затоа што тоа што го кажуваат е сосема различно од она што го демонстрираат со своето однесување. Едно кажуваат, а друго прават. Таква недоследност, таков конфликт, таква контрадикторност - тоа не е најдобрата проповед во нашето општество. Затоа што суштината не е она што го кажувате, туку она што го правите. Вашите добри зборови нема да допрат некого, туку вашиот живот и однесување, искуство и мирис. Не парфемот на Коко Шанел, туку мирисот на душата. Ако зрачите со нервоза, напнатост, злоба, завист и слично, тогаш никој друг нема да добие духовна корист од вас. Ќе си рече: „Зошто треба да одам во црква, ако и таа оди таму, а непроменета е како  и порано, воопшто не напредува? А синот веќе вака размислува: „Мама од мала во црква и сега има 60 години, но јас не би сакал да станам таков како што е  таа“.
Единството, душевната врамнотеженост, љубовта во нашиот дом покажуваат, дека сме духовно успешни. И тоа е најдобрата проповед.

TVIT27

Следниот важен показател за духовниот развој е отсуството на фанатизам. Тој што е фанатичен не напредувал на патот кон Господа. Човек кој го сака Бога и го чувствува Него не може да стане фанатик. Не инсистира и не истрајува на сила во ништо. Дури и она што знае дека е добро, не се обидува на друг да му го наметне со сила. Тој едноставно го кажува следново:
-Ако сакаш пријателе прими го тоа што ти го кажувам, а ако не, ја почитувам твојата одлука. Јас постам, а што јадеш ти. Стек? Што можам јас тука да направам, нека ти е на здравје!
- А тебе отец не те вознемирува тоа што јадам стек?
- А што има да ме вознемирува? Ти тоа го сакаш, а јас сакам да постам. Ако  ти не ја забележуваш мојата мантија, не ја забележуваш кашата што ја јадам, ако овие работи не те учат ништо, што друго би требало ти кажам што би влијаело на тебе? А и зошто да те притискам? Зарем е успех да се врши притисок врз другите?
Никому не можете да му помогнете со фанатизам. Не го форсирај своето дете, брату... Секој од нас сам себе нека се принудува, а со другите нека се однесува со добрина и благост. Никој не е виновен пред нас. Виновно е само нашето „јас“. И сите други се добри. Кога ќе го почувствуваме тоа, тогаш ќе бидеме навистина среќни и мирни. Сопругот кој постојано се жали на сопругата има внатрешен проблем. Ако си во мир со себе, тогаш ќе ја сакаш и својата жена. Жената која постојано мрмори и ги обвинува сите околу себе, има личен проблем и бидејќи не може да го реши, сака да го промени целото општество. Сè ја нервира.
Една жена му  говореше на синот: - Ќе имаме  мир кога ти ќе излезеш од дома. И момчето се отсели, се ожени, а неговата мајка продолжи да се жали... - Сега ме повреди, - рече таа, - но јас ќе останам таква каква што сум. А нејзиниот син ѝ одговори:
- Мамо, не е во тоа суштината, туку во тоа да се загледаш во длабочината на душата и започнеш внатрешна борба. За сè не се виновни околностите во вашиот живот, туку немирот во вашата душа.

Никогаш не сакам да се карам со никого. Во последните години не се расправам со луѓе со кои не се согласувам. Ако сакате да направите нешто на ваш начин, направете го тоа. Но, дали сте среќни тогаш? Главниот доказ дека не се развивате духовно е дека сте несреќни. Не е потребно тоа да ви го  посочам и да ви викам од пиедесталот. Секој ќе го најде одговорот во своето срце. Депресија во душата, осаменост, несоница, анксиозност, стрес - сето тоа се докази дека нешто не сте направиле како што треба. И не морам фанатично да викам. Ќе се молам за тебе и ќе те сакам. Не бидете фанатични за ништо. Бидете нежни. Дајте им простор на другите да најдат свој ритам, свој момент да си го променат животот.

Архимандрит Андреј Конанос / prijateljboziji.com
За Преминпортал Симеон Стефковски

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3126
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7599
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная