логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

image

ВОДОКРСТ

image


18.01.2023 ВОДОКРСТ ,Во храмот Пресвета Богородица -Тетово,митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше Царски часови, Вечерна со Василиева литургија на која  сослужуваа протоереј-ставрофор Томислав Јосифовски,протоереј-ставрофор Мирко Станковски, протоереј Предраг Исаевски,ереј Илија Сламков,ереј Велјанчо Огненовски.Верниот народ се причести со светите тајни.По светата литургија се изврши и голем Богојавленски водосвет.

image


Во својата беседа митрополитот г.Јосиф меѓудругото истакна:Дојде и денот кога се осветуваат водите. И ние дојдовме во светиот храм посветен на Богомајката, на Пресветата Богородица – овде во Тетово да присуствуваме на богослужението, на Царските часови и на Светата Василиева Литургија и секако на чинот на Големото осветување на водата.

Денешниот празник во народот е познат како Водокрштение, Водокрст или Водопост. Водокрст доаѓа од крштевањето, односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за пост. Овој празникот е востановен во спомен на кршетението на луѓето кои го примиле христијанството.Богојавленската вода – е светиња, која треба да ја има секое православно семејство. Таа грижливо треба да се чува покрај домашните икони.Светата богојавленска вода се употребува нагладно, заедно со парче антидор (нафора) после утринското молитвено правило, со посебна почит како кон голема светиња. „Кога човек употребува антидор (нафора) и света вода, – говори св.Георгиј Задонски, – тогаш кон него не може да се доближи нечистиот дух, а душата и телото се осветуваат, мислите се просветлуваат, за да му угодуваат на Бога, и човекот добива благодат да пости и да се моли и да прави секакво добро дело“.Кога би го знаеле дарот на осветената вода, не верувам дека некој од човечкиот род не би пристапил денес во светиот храм, кон светиот купел, кон изворот на водата, онака „како што кошутата жеднее по водни извори“ (сп. Псалм 41,1). И како Самарјанката да Му се обратиме на Бога: „Дај Ми да пијам“ и да пиеме од Неговата „жива вода“, која денес за нас се осветува, бидејќи секој, кој пие од таа вода - нема никогаш да ожедни. Таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен“ (сп. Јован 4, 10; 13-14). Амин.

image

image

image

Нека е за многу години овој празник!

http://tge.mk/product/vodokrst-3#

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Православен календар

 

09/09/2025 -вторник

+Преподобен Пимен Велики; Преподобен Пимен Палестински; Светиот маченик Фануриј; Свети Осија, епископ Кордобски; Св. свештеномаченик Кукша и Пимен Посник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Преподобен Пимен Велики 9 септември/ 27 август 2025

Тропар на св. Преподобен Пимен Велики 9 септември/ 27 август 2025

Учителу на смиреномудрието, противнику на осудувањето,лекару на страстите телесни и духовни,сјајна ѕвездо на преподобните, надеж за сé во Христа положуваше,

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија  8 септември/26 август  2025

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија 8 септември/26 август 2025

Благословувајќи го бракот о Господи,апостолот за Христа и Црквата ни прозбори,мажот преку жената може да се спаси,според тие зборови Адријане...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј (пренос на мошти)  7 септември/25 август /2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј (пренос на мошти) 7 септември/25 август /2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная