ЛОГОСНОСТА НА СОЗДАНИЕТО – Протоереј Кирил Копејкин
Обрнете внимание, дека Светото Писмо започнува со повеста за создавањето на светот од Словото Божјо. Очигледно, тоа е многу важен текст, штом со него започнува Библијата. Зошто тој може да биде значаен? Станува збор за тоа, дека таа не е само расказ за тоа, како бил направен светот. Главната вест, која ни ја носи Библијата – е веста за спасението.