логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

На 21 мај во Москва ќе пристигнат мошти на Св. Николај Чудотворец за поклонение на верните. Моштите ќе бидат донесени од страна на претставници на Римокатоличката црква. Овие мошти, кои за првпат во историјата ќе го напуштат градот Бари, ќе бидат доставени во Русија со специјален авион. Моштите ќе бидат сместени во храмот на Христос Спасителот. Организиран е специјален пречек од страна на Патријархот и духовенството на Престолнината, со заедничко биење на црковните камбани во сите московски храмови. Во организацијата се вклучени повеќе од 10 илјади доброволци.

Во своето обраќање во врска со ова претстојно торжество, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, меѓу другото го изјави следното: „Споменот за добрите дела на Св. Николај, поттикнува илјадници луѓе на поклонички патувања до неговите свети мошти, за да оддадат почит на неговиот лик и да вознесат топли и усрдни молитви кон оној кого Православната Црква го нарекува ’Правило на верата и образ на кротоста‘. Сепак, не секој од нашите верници имаат можност да појдат на такво патување, токму затоа во Русија ни пристигнува за поклонение значителен дел од овие мироточиви мошти на Светиот… Поклонувајќи се на чудотворните и многуцелебни мошти на Светиот и велик Божји угодник Николај, треба да си спомнеме дека и самите треба да бидеме подражатели на добродетелноста на Мирликискиот Светија. И помошта што ни се испраќа по неговото застапништво, ќе биде дотолку поочигледна и пообилна, доколку што повеќе се трудиме да му се уподобиме во љубовта кон Христа и кон сите луѓе“.

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2627
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2426
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…