Има два типа на луѓе (29.11.2016)
Што е верата? Како да поместиш планини со неа? Господ не одговорил на ова, но ни рекол да се молиме и да постиме, за да бидеме верни. Човекот не бил создаден верен, но преку дела станал верен; молитвата била тоа дело што го приближило до Бога. Вера, тоа е да стоиш во близина на Бога, да најдеш утеха во Неговиот лик, да најдеш олеснување во Неговите зборови.