логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Преподобен Нил Синајски

За осумте духови на злото

в) За среброљубието – ( 34- 41)

   На патот што води кон небесното царство има многу тешкотии, зашто е стрмен, нерамен и од сите страни окружен со бездни. Па има ли тогаш смисла да се пренатоваруваме со богатствата на овој свет? Можеме ли така натоварени лесно и успешно да чекориме по овој пат кон висините? Грижите за земното нѐ расејуваат и раслабуваат; тие силно нѐ влечат кон низините и кон пропаста. Особено на оној дел од патот, каде се стрмнините најостри и најопасни и каде нашето внимание треба да биде најживо. И при таквото внимание чекорењето по овој пат ретко бива без паѓање, а паѓањата се неизбежни за оној, кој се оптоварил со товарот на среброљубието. Но и самата грижа околу придобивањето на земното богатство веќе е паѓање.


   Нашиот однос спрема придобивањето на богатството е троен: несреброљубивост – возвишена и средна и живот, кој се состои само од натрупување на земните богатства.

   На првосоздадениот во рајот му било заповедано: „Ете ви дадов секаков вид растение“ 1. Мој. 1, 29). На Оној Кој го заповедал ова можеме да Му веруваме дека човекот е приспособен за таква исхрана. Дури можеме и да додадеме, дека таквата храна била многу погодна да го запазува неповреден образот Божји во човекот и неговата мисловна сила да остане необременета и трезвеноста на неговиот ум да се запази непомрачена. Кога на таков начин му се давало сѐ она што му било потребно – само од себе, тогаш умот не останувал празен, зашто секогаш бивал слободен од телесните трудови, а постојано бил издигнуван кон духовни созерцанија и се исполнувал со неискажлива веселба. Самиот Бог го поттикнувал кон ова и доаѓал со љубов да разговара со него. Такви се длабоките заложби на човековата природа и на човековиот живот! И неговата суштина не може да биде изменета и преиначена, но било можно и нејзиното паѓање. За оној што паднал и што бил избркан од рајот, Бог озаконил друг начин на живеење, сообразен со неговата падната положба, не давајќи му да се користи со спокој; тој морал својата храна да ја придобива со работа и со тежок труд. И сето тоа настанало кај него откако покажал дека не сака да живее со Бога – да му служи и да разговара со Него; кога имал слободно време и кога немал потреба од телесните трудови, додека живеел уште во рајот. По паѓањето Бог му го дал на човекот за храна лебот, кој требало да го придобива со пот на своето чело, а за облека му ги дал кожите. Со тоа му била ставена граница на среброљубието, како и на неговата суета. Првобитната желба за слобода од секакво придобивање на земни богатства била заменета со такво скромно придобивање, макар што било поврзано со неговиот тежок труд; тоа не зависело само од него, туку повеќе и од Божјиот благослов.
   Па така, се покажале всушност три начина на живеење: едни, се задоволувале со скромно придобивање, со тежок труд, со потење и со надеж на Бога. Други, се откажале од секакво богатење настојувајќи ревносно да се вртат кон рајското несреброљубие и биле хранети од Бога; третите предавајќи му се потполно на трудот, на него ја основале сета своја надеж, сметајќи дека го осигуруваат својот живот со тоа што ќе имаат многу. Тие потполно Го заборавиле Бога; за нив бог станалa алчноста. Ете, тоа се трите вида на нашиот однос спрема богатењето.


   Втората важна наредба за разумните суштества, која му е дадена на човекот е: да го минува своето време во служење на Бога, за да го прими она што му е потребно од сокровиштето на Божјата промисла. Ние сме должни да се надеваме на Бога и земјата да ја имаме како негов дар; искрено треба да Му служиме на нашиот Создател. Овде на земјава треба да бидеме како туѓинци, а наш вистински дом треба да го сметаме она што ни е приготвено на небото. Ваков живот ни одредил да живееме нашиот Создател уште во почетокот. Ваков живот живееле сите светии, покорувајќи Му се на Бога. Примери: Илија, Елисеј, пророчки синови, претечата, апостолите.

   Таква е несреброљубивоста на светиите – висока. Но голема полза има и од средната, која  се сообразува со времето и со потребата. Ако таа не може да се натпреварува и да биде еднаква со првиот вид, сепак и на неа ѝ припаѓа второстепена чест. Светиите живееле само за својата душа и за Бога. Создателот на душата, не сметајќи го телото за нешто. Но, како не се грижеле за телото, тие и без тоа имале сѐ што им е потребно за телото; не собирале во житници, туку Бог им давал навреме сѐ што им било потребно. И оние од светите луѓе, кои се грижеле за неопходните потреби на телото и му го давале она што му било потребно, не дозволувјќи да угине она што било создадено по волјата на Бога, ги употребуваат своите сили и своите раце, за да ги задоволат најнеопходните потреби на своето тело. И тие поголемиот дел од своето време го минувале во грижа за својата душа, во молитва, богомислие и неизоставна рачна работа, секогаш имајќи го како крајна цел преуспевањето во добродетелите.

   А последните, кои се претвориле во тело, посветувајќи му се сецело на овој земен идол, сакаат да имаат на само толку, колку што им е неопходно за нивниот телесен живот, но и тоа, со што би можеле да покажат дека не се со ништо помали од оние што имаат иозобилство и сакаат такви да бидат видени од другите. На тој начин тие го покажуваат своето безумство, мислејќи дека треба да бидат пофалени за она, од што би требало да бидат исмеани и презрени. Зашто, она што е сообразно со извесна поставена цел станува причина и повод за одобрување, а не ѝ е својствено на целта – и бива осудувано и кудено.

   До кого се поблиски средните – со оние од едната или од другата страна? Се разбира, со  оние, со кои се поблиски со своите дела и со кои настојуваат да бидат блиски, по начинот на своето живеење. Зашто, токму затоа што претставуваат средна група и што се наоѓаат меѓу едните и другите, тие не можат да бидат еднакво расположени спрема нив. Тие се зад оние што се пред нив, тие чекорат веднаш зад нив, чекорат со своите стапки по нив, а доста се оддалечени од оние што се во третата група и брзо грабат пред нив, така што тие постојано изостануваат или се задржуваат на едно исто место. Последните немаат ништо заедничко со оние од првата група. И какви односи може да има меѓу оние што имаат големо земно богатство со оние што немаат ништо? Што може да има заедничко меѓу оние што се раководени од телото и телесното, со оние што се раководени и водени само од духовното? Што има заедничко меѓу оние , кои се предадени само на земните дела и оние што со радост Му служат само на Бога? Едните апостолски оставаат сѐ што придобиле, а другите се трудат да го придобијат и она што го немале. Едните живеат во безмолвие и се трудат да напредуваат духовно, а другите и ги употребуваат сите можни сретства за придобивање што поголем имот и што повеќе пари. Едните се борат со злобните духови за да  ги придобијат вечните блага, а другите – за да добијат што повеќе земни богатства, - ги напаѓаат сличните на себеси. На првите светиот апостол Павле им вели: „Бидете прави и чисти, непорочни чеда Божји среде лош и расипан род, во кој светите како светила во светот“ (Фил. 2,15), сјаејќи, се разбира, со славата на својот живот и стануваат причина за добро натпреварување на оние што ги гледаат,  а на другите им е речно: „Поради вас името Божјо се хули меѓу незнабожците“  (Рим. 2,24), односно поради вас, кои живеете спротивно на вашите монашки завети, кој со вашата монашка надворешност ѝ противречите со своите лоши дела.

 

   Кој нема да се згрози од оние, кои говорат дека се откажале од земното, а со својот живот им се предаваат на делата на овој свет? Се фалат дека го презреле овој свет, а тие потполно им се предадени на светските дела. Се ветиле дека нема да го свртуваат своето внимание кон земното, а со своите дела ја покажуваат и докажуваат лажливоста на своето ветување. Тврдат дека се ослободиле од суетата на овој свет, а никогаш не се одалечуваат од неа? – Ти си веќе излезен од Египет, па што заедничко имаш уште со правењето на цигли? Чекориш по пустината, се приближуваш кон ветената земја, па зошто се задржуваш и зошто се занимаваш со суетни работи и без потреба го продолжуваш твоето патување? Ти треба да брзаш по овој пат. Зошто се задржуваш на распаќата и се изложуваш на опасноста никогаш да не стигнеш до својата последна цел – вечниот покој? Ти си ја ставил својата рака на ралото и не свртувај се назад, и не покажувај се како да не си свртен кон царството небесно. Ти си ги оставил зад себеси петте запалени градови и зошто се свртуваш и зошто сакаш да видиш  што станува таму? Ако веќе си го зел крстот, оди по Христа, зашто веќе си оставил сѐ, затоа што и Христос со Кого си се соединил сака да Го љубиш повеќе од сѐ.

   Телото не бара големи грижи. Потруди се да ги задоволиш тие негови мали потреби, зашто со телото си врзан само привремено; и тоа треба да ти помага во извршувањето на добродетелите и не треба да претставува пречка за напредувањето на твојата душа. Оној што се труди за своите волови, ги пребројува секој ден своите стада, ги посетува своите лозја, шуми, ниви и градини, тој нема достатно време ни во текот на целиот ден – не може да ги посвршува сите тие работи, па како, кога и каде може да најде време за да си спомне за Бога? Кога ќе може да се зафати со пеењето на псалмите? Како ќе може да се моли? Кој дел од денот ќе може да го посвети на вежбање во богомислието и созерцанието? А, ако и може да најде време во текот на денот да ги прави и овие работи покрај сите свои други работи, сепак како ќе може да Му ја принесе на својот Господ својата чиста молитва, кога неговата мисла не е ослободена од сите грижи за земното? Како ќе може да го гледа движењето на своите страсти, за да може да ја види разликата во текот на вчерашниот и денешнниот ден во промените кон подобро или полошо? Како ќе може да ги разјасни помислите, кои на многу начини биваат заменувани едни со други, па затоа и самото нивно набљудување е многу отежнато и зар не забележуваш како те истоштува твојата тешка работа и дека грижата за нив во текот на ноќта – станува – место време за одмор, - време на немир и измачување? Така е, зашто тогаш, спомнувајќи си за тоа што си преорал некоја меѓа, за тоа кој ги пасел своите овци на твоите пасишта или кој ти правел или ти направил штета, како и за сите оние што не се согласни со тебе и кој спори со тебе за нешто. Сето тоа ја раздразнува твојата душа, ја истоштува нејзината сила, ја поттикнува да се одмаздува, не давајќи ѝ време ни за одмор ни за сон, а за молитвата се потребни душевниот спокој и големо безмолвие, како и подолго слободно време, кое ни овозможува делумно ослободување од земни грижи.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том II

 

Подготви: Т.С.

Јуни 2017 лето Господово

 

Друго:

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная