Кој требаше да го чува?
Без сомневање, повеќето Македоници се чувствуваат инфериорни кога се покрај своите колеги Срби или Хрвати. Но, Тоше се однесуваше како Вејсилов во романот „Момче“ на Достоевски, кој носеше во себе сон за исконот на Европа, а затоа себе си се гледаше „...во Франција како Французин, покрај Германците како Германец, со старите Грци би бил Грк, а токму на тој начин во најголема мерка да биде Русин“. Односно, Тоше во тие услови беше во најголема мерка Македонец.
Животот му беше неговото пеење, но ние со врева треба сега да учиме од неговата смрт, во согласност со она што го напишал писателот, Ѓузепе Б.: „Можеби животот не е врева, а смртта тишина, туку обратно“.