Вечерна богослужба и Литија во центарот на Скопје
Во навечерието на прославувањето на раѓањето на Мајката Божја - заштитничката на градот Скопје, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија чиноначалствуваше на Празничната вечерна богослужба во храмот на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје. По молитвеното заедничарење верниот народ и свештенослужителите направија Литија низ центарот на градот.