логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Скопје,5-ти април 2018 г.- храм на св.пророк Илија

 

 

 

 

 

„Во светиот и Велик Петок ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, пурпурната облека, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, по сето тоа – Крстот и смртта; а сето тоа се изврши во петок.

Откако беше продаден и предаден за триесет сребреника од својот пријател и ученик, најнапред Го одведоа кај Ана првосвештеникот, кој Го испратил кај Кајафа, каде што бил плукан и удиран по образите, а воедно и исмејуван и навредуван, и каде што ги слушал зборовите: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?” (Матеј 26, 68). Таму дошле и лажните сведоци кои Го клеветеле, бидејќи беше рекол: „Урнете го овој храм и за три дена пак ќе го изградам”, и затоа што беше рекол дека е Син Божји. Тогаш првосвештеникот, не поднесувајќи ја оваа „хула”, ја раскинал својата облека.“

 

 На 5 април 2018 година, во навечерието на Велики Петок, кога си спомнуваме за спасителните страданија на Спасителот наш Господ Исус Христос, старешината на храмот на св.пророк Илија отец Зоран Стаменковиќ,  во сослужение на свештенството  отслужи Утрена богослужба на која се читаат 12-те Страдални Евангелија.За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово на кој се поклони чесното свештенство и верниот народ.

 

Стихови на распнувањето:
О необлечен мртовецу и Слово на живиот Бог, Ти си, Боже, Кој живееш и на крстот си умртвен.

Стихови за распнатиот со Христа разбојник:
Клучот на покајаниот разбојник ја отклучи рајската врата, кога рече: Спомни си за мене (Господи, кога ќе дојдеш во Царството Свое).

Утрото Го одвеле кај Пилат во судницата, а тие самите не влегле, како што се вели, да не се осквернат и за да можат да ја јадат Пасхата. А Пасха се именува целиот празник што го славеле, според обичајот. Христос, пак, ја извршил законската Пасха еден ден пред оваа, бидејќи требаше да биде жртвуван во петокот. А кога Пилат излезе, ги праша за што Го обвинуваат тие. Бидејќи не најде никаква причина за да Го осуди, Го испрати кај Кајафа, а овој пак повторно кај Пилат, бидејќи тој беше оној што копнееше да Го убие. А Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, и судете Му според вашиот закон“. А тие повторно велеа: „Нам не ни е дозволено никого да убиеме”, поттикнувајќи го Пилата да го распне. А Пилат Го праша Христа дали е Он Царот на Јудеите. А Он не призна дека е тоа, туку дека е Вечниот (Цар), бидејќи рече: „Царството Мое не е од овој свет.” Сакајќи да Го пушти, Пилат прво им рече дека не наоѓа никаква вина кај Него, а потоа, предложи да се ослободи еден затвореник, според обичајот за секој празник. Но тие повеќе претпочитаа да биде ослободен Варава, а не Христос.

Пред да им Го предаде на Евреите, Пилат прво нареди да Го камшикуваат Исуса, потоа Го изведе со војници, облечен во црвена облека, покриен со трнлив венец, со трска во десната рака, додека војниците го исмејувале велејќи: „Радувај се, Цару Јудејски”. Откако Го исмеја, за да Го помилува, Пилат повторно рече: „Не наоѓам ниту една вина за да Го осудам на смрт”. А тие велеа: „Ние Него ќе Го казниме, затоа што себе се нарекува Син Божји”. Додека го зборуваа тоа, Исус молчеше, а народот викаше кон Пилата: „Распни Го, распни Го”, бидејќи сакаа да Го подложат на нечесна смрт, за да го исфрлат добриот спомен за Него. А Пилат, сакајќи да ги посрамоти, рече: „Вашиот ли цар да го распнам?” А тие одговорија дека немаат друг цар освен кесарот. Бидејќи и по оваа хула ништо не постигнаа, тие се повикаа на кесарот, та барем така да ја задоволат својата лудост. Затоа велеа: „Секој што се прави цар себе си, се противи на кесарот.”

За тоа време, жената на Пилат, исплашена од страшни соништа, испратила луѓе да му речат: „Да нема ништо помеѓу тебе и овој Праведник, бидејќи поради Него ноќта многу страдав.” А тој, измивајќи си ги рацете, ја отфрли од себе вината за крвта Негова. Но тие викаа: „Крвта Негова на нас и на нашите деца, ако Го ослободиш Него, не си му пријател на кесарот”. Плашејќи се од кесарот, иако точно знаел дека Исус е невин, Пилат Го предаде на крсна осуда, откако им го пушти Варава.

А Јуда, кога го видел ова, ги фрлил сребрениците и заминал и се предал на смрт, обесувајќи се на дрво и најпосле, надувувајќи се, прснал.

Војниците, пак, со трска го удираа по Неговата глава, Го исмејуваа, и му Го натоварија крстот. Потоа го принудиле Симон од Киринија да го носи Неговиот крст. Во третиот час, на местото наречено Лобно, Го распнале, а од двете страни обесиле и други двајца разбојници, за да се вброи меѓу разбојници. Војниците си ја разделија меѓу себе Неговата облека, а за Неговата ткаена облека фрлаа ждрепка. И не само тоа, туку и кога беше на Крстот, тие Му се потсмеваа и Му велеа: „Е, Ти, Кој го уриваш храмот и за три дена го изградуваш, спаси се Самиот.” И повторно: „Други спаси, а Себе си не може да се спаси?” И повторно: „Ако е Цар Израилев, нека слезе од Крстот и ќе веруваме во Него.” Впрочем, ако тие ја говореа вистината, требаше без колебање да пристапат кон Него, признавајќи Го за Цар не само на Израил, туку и на целиот свет. Всушност, што сакаа тие повеќе? Зар не беше доволен знак тоа што сонцето се помрачи за три часа, и тоа среде денот, та страдањето да им биде објавено на сите! Тоа што земјата се затресе, камењата се распаднаа, изобличувајќи го непријателството на Евреите; многу тела воскреснаа, како потврда на општото воскресение и како објава на силата на Оној што страдал. Завесата на храмот се раздели, како храмот да се лути затоа што страда Оној што се слави во него и на мнозина им го открива невидливото. Значи, Христос беше распнат во третиот час, како што вели божествениот Марко.

А од шестиот час, па до деветтиот час, настана мрак во целата земја, кога и Лонгин стотникот, гледајќи Го Преславниот и Поголемиот од сонцето, повикал: „Вистина, Овој беше Синот Божји”.

Еден од разбојниците Го навредуваше Исуса, а другиот, пак, тоа му го забрануваше, исповедајќи дека Христос е Син Божји. А Спасителот, возвраќајќи на неговата вера, му вети дека ќе биде со Него во рајот. Додека над Него се исполнуваа сите овие навреди, Пилат наредил да се напише и натпис над Него, кој вели: „Исус Назареец, Цар Јудејски”. Иако тој забранил да се напише така, Пилат им одвратил: „Што напишав, напишав“.

И потоа, кога Спасителот извика: „Жеден Сум”, тие му растворија исоп со оцет. И, откако рече: „Се сврши”, ја наведна главата и Го предаде Својот Дух. И кога сите си заминаа, Неговата Мајка стоеше при Крстот и нејзината сестра Марија Клеопова (ќерка на Јаков, а нејзиниот маж Клеопа умрел бездетен), како и Неговиот возљубен ученик Јован.

Неразумните, пак, Јудеи кои не биле задоволни ниту Телото на Крстот да го гледаат, го замолија Пилата, бидејќи бил петок и големиот ден на Пасха, на осудениците да им ги прекршат колената, за да умрат поскоро. Па така им ги прекршиле колената на двајцата, бидејќи се уште биле живи. И кога дошле до Исуса, тие виделе дека веќе бил мртов и не Му ги прекршиле колената, а еден од војниците, наречен Лонгин, угодувајќи им на безумниците, го кренал копјето и го прободел десното ребро Христово.

И веднаш истекла крв и вода: крвта како од Човек, а водата како поголем од Човек. Односно: крвта заради причестувањето со божествените тајни, а водата заради крштевањето. Бидејќи Он е вистина двоисточниот извор Кој ја содржи оваа наша тајна. Јован го виде тоа и посведочи и вистинско е неговото сведоштво, бидејќи присуствуваше на сето тоа и, гледајќи, го запишуваше. Дури и кога лажно би говорел, не би пишувал измислици за да Го бесчести Учителот. Се раскажува дека во некаков сад тој ја прифатил божествената и света Крв од животочните Негови ребра.

По исполнувањето на овие работи кои ја надминуваат нашата природа, бидејќи веќе беше вечер, Јосиф од Ариматеја, кој беше таен ученик Христов како и други, дојде кај Пилата со смелост, бидејќи му бил познат, и му го побара телото на Исуса. Пилат заповеда да му го дадат. Откако го симна од крстот, тој набожно го положи. Кога настапила ноќта, дошол и Никодим носејќи некаква смеса од смирна и алој, подготвена навреме и, како што било обичај кај Јудеите, Го завиткале со плаштаница и Го положиле во Јосифовиот гроб издлабен во камен, во кој претходно никој не лежел за, кога ќе воскресне Христос, да не го припишат Неговото воскресение на некој друг. Смесата, пак, од смирна и алој Евангелистот ја спомнува за оние што би можеле да имаат приговори, со цел, гледајќи ги завоите и плаштаницата, да не мислат дека телото било украдено. Бидејќи, како би можеле арамиите, кои не би биле толку слободни, да ги извадат овие платна прицврстени за телото?!

Затоа, се она што се случувало во тој петок, богоносните отци ни заповедаа да си спомнуваме за нив со скрушеност на срцето и со умиление.

Треба да се знае и тоа дека, ако Господ беше распнат во шестиот ден, односно во петок, тоа е затоа што во почетокот човекот беше создаден во шестиот ден.

И тоа што во шестиот час од денот Он висеше на Крстот, беше затоа што во тој час, како што велат, и Адам ги пружил рацете и го допрел забранетото дрво и умрел. Бидејќи требаше, во оној час кога паднал, во истиот повторно да се пресоздаде, односно во градината, како и Адам во рајот. Горчливата напивка го претставува вкусувањето (од забранетиот плод). Шлаканиците ја објавуваа нашата слобода. Плукањето – нашето нечесно однесување, кое според нас е чесно. Трновиот венец е изгонување на клетвата од нас. Пурпурната облека е наместо кожните ризи, и за да ѝ го врати на нашата природа нејзиниот царски украс. Клинците – секонечната неподвижност на нашиот грев. Крстот е дрвото во рајот. Прободените ребра го изобразуваат реброто на Адам, од кое е создадена Ева, а од неа, пак, престапот. Копјето, се чини, го символизира пламеното оружје. Водата од ребрата е слика на крштевањето. Крвта и трската – со нив Христос, како Цар, со црвени букви го потпишува документот со кој ни ја дарува древната татковина.

Се зборува и тоа дека главата на Адам лежи онаму каде што беше распнат Христос, Главата на сите. Значи Адам се крсти со истечената крв на Христа. Тоа место, пак, се нарекува Лобно затоа што, за време на потопот, Адамовата глава испливала надвор од земјата и била носена без останатите коски, како некое видливо чудо, но дека подоцна Соломон, заради честа на прататкото и со помош на својата војска, ја покрил со многу камења. Затоа тоа место се нарекува и Литостротон, односно прекриено со камења.

Некои големи светии, според некои преданија, велат дека тука бил погребан Адам од некој ангел. А таму каде што е телото (лешот), таму доаѓа и орелот – Христос, вечниот Цар, Новиот Адам, Кој стариот и паднатиот преку дрвото Адам, го исцелува со дрвото на крстот.

Со Твоето натприродно и за нас неизмерно милосрдие, Христе Боже, помилуј нè. Амин.

Од Синаксарот на Велики Петок)

 

 

Преминпортал (к.т.))

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная