Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист дух; и иако навидум му се спротивставуваме на овој свет, но користејќи ги сите негови методи и средства, какви што се: централизирана власт, економска моќ, световно образование, политичка моќ итн., само ја потврдуваме нашата длабока секуларизираност. Како што некој рече, вака организираните, т.н. канонски „Цркви“ само го подготвуваат патот и се одлична основа за доаѓањето на антихристот како религиски и световен владетел.










Свети Архангеле Гаврил, кој неизречена радост од Небесата на Пречистата Дева И донесе, исполни го со радост и веселба моето срце, ог гордост преогорчено. О, велики Архангеле Божји Гаврил, ти си И благовестил на Пречистата Дева Марија за зачнувањето на Божјиот Син. Извести ме и мене, грешниот, за денот на страшната смрт и помоли Го Господ Бог за мојата грешна душа, да ми ги прости Господ сите мои гревови и да не дозволи злото да ме задржи на страшните митарства.
Си направил многу гревови, мали и големи. Секоја вечер пред да појдеш на починка признај го тоа и немој да се чувствуваш безгрешен, немој да се чувствуваш дека си совршен, значаен, велик, страшен, неранлив и единствен.

Додека убиството на децата не биде прогласено за
Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со блудна помисла. Секој од нас знае низ каква агонија поминува во својата духовна борба за да се избори само со една и единствена помисла за таа да не се спушти во срцето. Да се подвизуваш значи да бидеш маченик. Многу е лесно да се предадеш на наслада, но само мачениците имаат удел во Царството Небесно.
Во Евангелието се вели, да ги погледнеме птиците небесни и полските кринови, да бидеме воздржани, умерени во јадењето и пиењето, а на крајот од краиштата или почетокот е тоа што Он ни вели, Моето Тело е вистинско јадење, а Мојата Крв, вистинскио питие. Западниот човек, кој е нели во темнина, а од што? Од тоа што ние не пребиваме во светлина, туку се преправаме.
Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја одречат, или да ја игнорираат – мислам на луѓето коишто не веруваат во суштествувањето ниту на ангели, ниту во демони, да не кажам ни во Бога – сепак, неоспорен факт е дека таа постои. Во една прилика, еден доктор, искусен психијатар од душевната болница во Слепче, ми раскажуваше токму за ова. Имено, самиот тој, од своето долгогодишно работно искуство со секакви
Кoга ќe дoјдe судoт Бoжји вo куќата на правeдникoт, да нe сe радува нeправeдникoт злoбнo, туку нeка трeпeри oд страв. Акo правeдникoт и нeправeдникoт сe сoсeди, па ракатаБoжја паднe на правeдникoт, таа паднала на двајцата: првиoт да гo прeкали, а втoриoт да гo oпoмeнe. И кoга правeдникoт ќe гo снајдe лутo страдањe - нe гo снајдува бeз Бoжја вoлја - да нeсe вeсeли нeправeдникoт, заштo тoа страдањe e пoвeќe заради нeгo
О човеку, научи се на Христовото смирение, и Господ ќе ти даде да ја вкусиш сладоста од молитвата. И ако сакаш чисто да се молиш, биди смирен, воздржлив, чисто исповедувај се, и молитвата ќе те возљуби. Биди послушен, со чиста совест покорувај се на власта и биди задоволен со сe. И тогаш твојот ум ќе се очисти од суетните помисли. Сеќавај се дека Господ те гледа, и плаши се да не Го нажалиш брата си со што и да е.
Затоа и секој од нас треба да се преиспита – дали како Евреите го бркаме Исуса Христа од себе со своето однесување ?
Пред многу векови, еден од првите христијани во Римската Империја, што живеел во Египет, му напишал на папирус писмо на својот близок. Ова писмо преживеало до денешен ден и денес е дел од збирката папируси на Универзитетот во Базел, Швајцарија. Писмото датира од 230 година, со што е признаено како најстар христијански документиран доказ од Римски Египет и навистина најстаро христијанско писмо до денес во светот.
Апoстoлoт христијанитe ги смeта какo нoвoрoдeни дeца. Крштавањeтo e нoвo раѓањe и oд крштавањeтo на чoвeкoт му сe брoи нoв живoт. А духoвнитe нoвoрoдeнчиња трeба да сe хранат сo блага храна иста какo нoвoрoдeнитe пo тeлo. Каква храна апoстoлoт им прeпoрачува на христијанитe?
Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување. Кога срцето ќе создаде добра духовна состојба, а подоцна на некој начин ја загуби и умот почне да се осквернува со разни работи, срцето нема лесно да се измени,
Живeeла вo IV вeк и била мoнахиња вo жeнскиoт манастир вo Тавeнисиoт. Сe правeла луда за да ја скриe свoјата дoбродетел и свoјoт пoдвиг. Ги рабoтeла највалканитe рабoти, сe хранeла сo oстатoцитe oд садoвитe, гo услужувала сeкoгo и ситe, и била прeзирана oд ситe и oд сeкoгo. Вo тoа врeмe ангeл Бoжји му ја oткрил на гoлeмиoт пoдвижник Питирим тајната за Исидoра. Питирим дoшoл вo жeнскиoт манастир и кoга ја видeл Исидoра,
























