Скопје,19ти јули 2019 - храм Рождество на Пресвета Богородица
На 19ти јули 2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Преподобен Сисој Велики
- Светите маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум,
- свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други
На 19ти јули 2019 година, во четвртата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на преподобен Сисој Велики,светите маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум.свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други,во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, свештеникот Ангел Сердарски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.По Литургијата отец БориславЛазов отслужи Мал петочен водосвет.
Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување. Кога срцето ќе создаде добра духовна состојба, а подоцна на некој начин ја загуби и умот почне да се осквернува со разни работи, срцето нема лесно да се измени, зашто претходно било преобразено од благодатта, така што злото напредува полека и со тешкотии.
Преминпортал (к.т.)
Друго: