Вера со љубов, тоа е верата на христијаните (24.05.2017)
Да се љуби Христос не значи да се биде наемник, ниту побожноста да се гледа како трговија од која ќе излезе некаков профит (тука или во вечноста), туку само поради љубовта кон Бога да се биде добродетелник.
Св. Јован Златоуст






Од аголниот камен на чудата Христови секогаш се прекршувала човечката вера и човечкото неверие. Уште од чудото на Неговото зачнување, па сé до чудото на Неговото вознесение. Отсекогаш, па и денес. Спасителот, во своето бескрајно смирение, се утешуваше: “Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Т
Моето размислување за тоа каков треба да биде стилот на проповедта започнува со една теологумена за тоа како би се развивала мисијата на Божјата Црква ако Христос избереше поинаков стил на проповед, бидејќи Христос ја започна Својата мисија на земјата не со проповед со премудри и неразбирливи зборови, туку со дела кои го сведочеа Неговиот збор, словото на Божјото Слово.
Кoга чoвeк сo срцeтo ќe oтстапи oд Гoспoда, тoгаш тoј, oбичнo, сe надeва на луѓeтo и вo сeбe, бидeјќи на кoгo тoгаш би сe надeвал кoга вeќe гo oдврзал свoјoт чун oд Бoжјата лаѓа? Кoга вeќe гo oдврзал oвoј чун oд Бoжјата лаѓа, ништo другo нe му oстанува туку да сe надeва на свoјoт чун и вo чунoвитe на свoитe сoсeди. Слабo надeвањe, нo другo и нeма! Плачeвнo надeвањe над бeздната на прoпаст, нo другo и нeма!
Кoи мисли сe лoши? Ситe oниe кoи дoаѓаат спрoтивнo на закoнoт Бoжји, на слoвoтo Бoжјo. Лoшитe мисли сe самoвoлeн чoвeчки закoн, кoј чoвeкoт самиoт на сeбe си гo припишува и пoкрај и прoтив закoнoт Бoжји. Акo ли, пак, чoвeкoт e цврстo рeшeн да сe придржува кoн закoнoт Бoжји, лoшитe мисли тoгаш сe нeмoќни какo сeнки штo брзo сe 
Радоста што ја чувствува човекот кога ќе добие материјален дар е човечка радост, а радоста што ја чувствува кога дава е божествена. Божествената радост доаѓа со давањето!
На 21 мај во Москва ќе пристигнат мошти на Св. Николај Чудотворец за поклонение на верните. Моштите ќе бидат донесени од страна на претставници на Римокатоличката црква. Овие мошти, кои за првпат во историјата ќе го напуштат градот Бари, ќе бидат доставени во Русија со специјален авион. Моштите ќе бидат сместени во храмот на Христос Спасителот.
Светата царица Елена Константинополска е позната по својата дејност за ширење на Христијанството. Неа ја сметаат за заштитничка на Христијаните. Таа се упокоила во 328 година на возраст од 80 години. Светите мошти на царицата беа пренесени во Венеција од Константинопол во 1211 година. Нејзиниот син, императорот Константин Велики, го ...
Затоа Христос кажува: „Немојте да се плашите од оној кој може да ве повреди надворешно, зашто вашата душа никој не може да ја повреди.“ (Мт. 10, 28). Никој не може да ти предизвика штета. Кога чувствуваш дека некој ти нанел штета и дека поради тоа го мразиш, тој всушност не ти наштетил, туку нешто друго во тебе не е во ред, нешто друго те искушува.
Непријателот, ако не може да нѐ натера да направиме нешто лошо и да нѐ собори со лоши и лукави мисли, тогаш нѐ напаѓа со жалости и страдања, за да го помрачи нашиот разум и потоа да сее во него сѐ што ќе посака. Ако ни на овој начин не може да ја постигне својата пакосна цел, тој тогаш ни овозможува да ги имаме сите удобства во животот, ни ...
Залуднo нeвeрникoт гo утврдува свoјoт дoм сo тврд камeн и државникoт државата сo скамeнeта зeмна мудрoст, нe надeвајќи сe на живиoт Бoг. Слoвoтo Гoспoдoвo паѓа какo чeкан на сè штo e сoѕиданo бeз Бoга или прoтив Бoга, какo силeн и нeoдoлив чeкан.
„Богат е човек кој има вакво свештенство, вакви делегати и ваков верен народ.Радоста моја е огромна а уште повеќе ме радува присуството и на мали дечиња кои од повеќе страни од Европа се присутни на овие собранија да ни бидат потик и стимул за сите нас и како свештенство и како верен народ ,кој иако далеку од родното огниште, живата света Македонска Православна вера ја пренесуваат низ цела Европа.“
Душата, која вистински Го сака Бога и Христа, ако направи илјадници праведни дела, со ненаситен стремеж копнее кон Господа, мисли дека уште ништо добро не направила; ако го измачи своето тело со пост и бденија, останува со чувство како уште да не започнала да се труди за придобивање добродетели; ако се удостои со различчни духовни дарови или со откривање и на небесните тајни, поради својата неизмерлива и ненаситлива љубов спрема Господа,
Безмолвието е мајка на скрушеноста, огледало на гревовите, извор на незадржливи солзи, училиште за надзор над помислите и на расудувањето со нив, утврдување на постот, преграда на чревоугодието, место за вежбање во молитвата и читањето, смирување на помислите, тивко пристаниште од загрижености, благ и лесен јарем,
Под вода жива Господ мислел на Духот Свет. И кога со неа го напоил светот, кога Светиот Дух слегол врз Апостолите, тогаш луѓето навистина започнале да пијат жива вода, вода која лечи од смртта, вода која секоја смрт ја изгонува, вода која дава бесмртност и живот вечен.

Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце, која ја добиваме при Светото Крштение. Срцето најнапред треба доволно да се очисти од нечистотијата на страстите, од наслагите на гревот и од влијанието на демонот, па потоа благодатта протекува од него.
Не нѐ спасува тоа што еднаш на некого ќе му направиме милост, макар што, ако некогаш некого презреме – сме виновни и достојни за вечниот пламен. Спасителот говори во Светото евангелие: „Гладен бев... жеден бев“ (Матеј 25, 35). Овие зборови не се однесуваат за еден случај и само за еден ден, туку се однесуваат на целиот живот.























