Божествена Литургија во Струмица (27.09.2019 )
Денес, на празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден,
викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија
во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица.
Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.






Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција Кејт Мари Брнз, и министерот за култура, г. Хусни Исмаили, денес, во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“, во Велјуса, Струмица, потпишаа договор со кој ќе се овозможи конзервација и реставрација на фреските и мозаиците во овој манастир. На свеченоста гостите ги поздрави викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, кој изрази голема благодарност до Амбасадата на САД.
Накратко, Крст е кога се саможртвуваме за доброто на другите
Во саботата домаќин им беше Неговото високопреподобие, Архимандритот Нектариј – Игумен на манастирот Свети Наум во Охрид. За време на кратката средба со отец Нектариј, новинарите беа запознати со историјата на манстирот.Во неделата пак, групата новинари беше во посета на Бигорскиот манастир, каде монасите, со благослов на архимандритот Партениј, им овозможија прошетка низ најзначајните објекти на манастирот, како и ги запознаа со неговата значајна духовно-историска мисија низ вековите.
Носењето на нашиот крст не нѐ спасува, туку Крстот Христов и милоста Божја. Но, со носењето на нашиот крст пројавуваме мал и безначаен акт на љубов од наша страна кон Бог – дека сме подготвени да љубиме, да страдаме и дека сме ја разбрале тајната на Крстот Христов. Сѐ друго Бог ќе заврши. Ние сме немоќни; всушност, тоа и значи носењето на крстот – човек да ја признае, да ја прифати и да ја разбере својата немоќ.
Типикот за нас е свештен закон, којшто нè раководи во нашето православно богоугодување, преку богослужби, празници и пости. Типикот е света книга, поврзана со името на прекрасниот сад на Божјата благодат преп. Сава Осветен и е примена од Православната Црква како една од основоположителните книги. Типикот не е ништо друго, освен гласот на нашата Мајка – Црквата. И кон тој глас ние треба да се однесуваме не со небрежност,
Честопати, ние ги помешуваме работите и мислиме, дека духовниот живот значи да си добар човек, да не крадеш, да не убиваш, да не одиш на лоши места и со лоши пријатели, да одиш во недела во црква, да си таму на славословието или барем на „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух“, да читаш христијанска литература.
Великиот и најпознат руски свет свештеник, отецот Јован Сергиев (Кронштадски) потекнува до свештеничко семејство, кое повеќе од 350 години давало свештеници, а токму неговиот татко ја прекинал таа традиција, но сепак, пеел во црква. Од таква свештена лоза и осветено семејство се родил малиот Јован. Во детството бил слаб, со кревко здравје, особено го измачувало тоа што не можел со леснотија да учи на училиште. Затоа, искрено, како што знаел, Му се обратил на Бога и Го молел да му помогне во учењето.
„Луѓето што се во болка честопати изговараат едно мачно прашање: „Зошто, Господи, зошто?“ Мислам дека не постои човечки одговор на ова прашање. Има само еден одговор: Бог зеде учество во нашата болка на Крстот Христов. Ние веруваме во распнат Бог, што значи Бог Кој беше понижен, навредуван и мачен. На џамијата на Омар, во Ерусалим, го има следниов натпис: „Никој да не изрече хула дека Бог има син“. Не многу далеку оттаму се издига ридот на Голгота,
Да се покаеш не е да гледам надолу кон моите недостатоци, туку нагоре кон Божјата љубов. Не е да се погледне наназад со самопрекорување, туку напред со доверба. Не е да видам каков не успеав да бидам, туку што сè уште би можел да станам преку Благодатта Христова.
Ако некој од умор, или од душевно растројство е наклонет кон гнев, раздразливост, немир, единствено кротоста може да го смири во неговата растроеност. Опоменувајте се за Божјото присуство насекаде. Затоа, задолжително молете се наутро, во текот на денот и пред заминувањето на почивка. Задолжително постете во среда и во петок, за да не Го навредите Оној, Кој е секаде присутен.
Во посета на МАНУ престојуваше делегација на Кинеската академија на науките, предводена од нејзиниот претседател, проф. Чунли Баи. Кинеската делегација беше примена од претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити. На работниот состанок беа претставени двете академии и детално се дискутираше за можностите за идна меѓуакадемиска соработка, како и за можностите за стапување на МАНУ во членство на Меѓународната алијанса на научни организации (ANSO).
Затоа, браќа, треба да ги слушаме родителите кога не учат за Бога и не поучуваат во законот Божји, зашто само оние што ги поучуваат своите деца се вистински родители. А тие што не ги поучуваат во Божјиот закон не се родители, но губители и убијци на своите чеда. Таквите подобро да не станеле родители, како што вели и Господ Исус Христос: „Тешко и горко на оние што грешат пред своите чеда!" Родителите се должни да ги учат своите деца на Божји закон за тие да стојат в црква до отпуст затоа што само тогаш ќе имаат духовна корист и ќе добијат спасение за своите души.
За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема потполно да одговара на зборот. Но Господ не зборува само за човечката среќа, Тој зборува и за небесната радост, затоа што евангелистот, Таа што го носела Него, ја нарекува блажена. “Блажена е утробата, што те носела, и градите, од кои си се хранел”.

МОЛИТВА КОН СВЕТИОТ АНГЕЛ ПАЗИТЕЛ
























